Македонија
АУЕ – ФОН со експерти од Израел ќе формира регионална академија за сајбер-безбедност
Американскиот универзитет на Европа – ФОН во соработка со експерти од Израел и МЕНОРА ЕНКИДУ, ќе формира заедничка регионална академија за сајбер безбедност, сместена во рамките на универзитетот. Регионалната академија ќе придонесе за проширување на знаењата, компетенциите и вештините од областа на сајбер безбедноста на студентите на АУЕ – ФОН, за кариерен развој на наставничкиот кадар, но и за потребите на сите останати институции и корпорации од нашата земја, но и од регионот.
Ова е договорено во рамките на дводневната посета на високата делегација од Израел на АУЕ – ФОН, предводена од господинот Бар Хилик, поранешен потпретседател на Собранието на Израел, Дејвид Коен, основач и директор на компанијата „Scope Strategic Management“ и поранешен комесар на израелската национална полиција, Рони Ритман, поранешен генерал мајор на израелската полиција, Шауили Накар, директор и основач на И- ВЕЈВ, Јоси Јан, извршен директор и основач на И-ВЕЈВ, Демијан Брикман, ко-основач и извршен директор на „KIDIC“, Флори Зеви, заменик директор и ко-основач на „KIDIC“, како и Лабинот Адеми, извршен директор на „Менора енкиду“.
Во рамките на средбата помеѓу високата делегација од Израел и првиот човек на АУЕ – ФОН, господинот Сефер Цаноски се дискутираше за важноста на сајбер безбедноста, област во која треба да се применуваат строги правила кои се однесуваат на заштита на личните податоци на граѓаните и банкарските сметки, како и податоците на многу значајни институции од областа на здравството, телекомуникациите, осигурувањето, одбрана итн. Оттука, академијата која ќе се формира во соработка со АУЕ – ФОН ќе го
искористи потенцијалот и ќе го пренесе искуството од страна на стручњаците од Израел, земја која што има развиено најсигурен безбедносен информатички систем, преку организирање на обуки односно дооформување на образованието и проширување на вештините за сајбер безбедност на сите заинтересирани институции од државава и регионот.
Во рамките на дводневната посета, поранешниот потпретседател на Собранието на Израел, Бар Хилик учествуваше и на дебатата на тема „Дипломатско преговарање во конфликти“, која што АУЕ – ФОН ја организираше за своите студенти. На дебатата на која присуствуваа и професорите Љубомир Фрчкоски и Денко Малески, како и
Лабинот Адеми, експерт по безбедност од Косово, беше заклучено дека политичките лидери во услови на конфликтни ситуации треба да се подготвени да носат решенија за иднината, мирот и стабилноста на државите. Сите учесници се согласија дека конфликтот не се менаџира, туку тој се решава, што е исклучително важно за сите страни инволвирани во еден конфликт.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово
Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е целосно изгаснат. Гори на неколку места со слаб интензитет, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Дождот кој заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во мариовскиот крај. За жал с уште не е изгaснат целосно, има горење со слаб интезитет на неколку места“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Временските прилики им помогнаа на лицата кои веќе една недела на терен учествуваа во борбата со огнената стихија, која беше со периметар од над 100-тина километри и зафати површина од околу 15.000 хектари. Под контрола се и останатите два пожара во прилепско.
Македонија
За една недела 25 нови случи на голема кашлица
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.
Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.
„Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Македонија
Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)
Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј периметар се прошири на 110 километри, а е во должина од над 30 метри, се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека пред неколку часа на помош на пожарникарите од Прилеп и од повеќе други градови, како и на војската и полицијата пристигна еден ер-трактор. Другите два ер-трактори кои ги има државата, за жал, се неисправни, изјави Ангелов. Директорот на ЦУК соопшти дека заврна дожд во Мариово и дополнително ќе извести дали пожарот е целосно изгаснат.
Ангелов изјави дека е тежок пожарот над викенд населбата во скопско Катланово. Тој нагласи дека пожарот создава голем чад и дека тешкотија претставува непристапниот терен. Како што рече, вчера гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од скопската бригада.
Во продолжение е видео-изјавата од Ангелов и за другите пожари во земјава.