Контакт

Македонија

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки и производи од месо

Објавено пред

Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината за здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени – бактерии и вируси, присуство на токсини и сл.), а со цел  обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменет за човечка исхрана во производството на подготовки и производи од месо. Решението ќе почне да се применува од 1 август годинава.

Сите количини пилешки желудник што се претходно увезени и складирани операторите со храна треба да ги потрошат во рок од 60 дена од денот на почнувањето на примената на решението. Со цел превенирање можна злоупотреба на веќе увезените количини, во наредните два месеца инспекциските служби на Агенцијата ќе спроведуваат засилени контроли во малопродажните објекти во кои се продава месо, подготовки и производи од месо, како и во месарниците и месните индустрии.

Одлуката за забрана за увоз на пилешки желудници Агенцијата за храна и ветеринарство ја донесе врз основа на  резултатите од направената анализа на ризик од можни опасности за здравјето на граѓаните од јадење ваков тип внатрешни органи од живина, а од досега спроведените инспекциски контроли е утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии. Со контролите утврдена е употреба на овој вид внатрешен орган од живина во подготовки од месо, каде што не смее да ги има во согласност со одредбите од правилникот за изменување и дополнување на правилникот за барањата во однос на квалитетот на меленото месо, подготовки од месо и производи од месо („Службен весник на РМ,“ бр. 42 од 21.2.2019 година). Со овој подзаконски акт забранета е употребата на некои внатрешни органи, вклучително и  мускулен дел од желудник на живина, во производство на мелено месо и подготовки од месо, како што се плескавиците и ќебапите, а кои исклучително може да се подготвуваат од месо од говеда, овци, кози и свињи и други додадени состојки, но не и од пилешки желудници и МОМ (месно обескостено месо).

Употребата на мускулен дел од желудник на живина сега е дозволена исклучиво во производство на производи од месо (колбаси, сувомесни производи, конзерви и други производи), само во одобрен објект (месни индустрии) и само доколку наведените производи подлежат на соодветен термички топлотен третман.

За донесувањето на решението АХВ ги извести стопанските комори и Здружението на шпедитерите.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Објавено пред

Од

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Нападот го извршил поранешен ученик, а повредениот е ученик во деветто одделение.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од деветто одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, објави Стефковски.

Лицето кое го извршило нападот е уапсено. Според информации во јавноста, нападот се случил во основното училиште „25 Мај“. Од МВР известија дека 15 годишник вчера со остар предмет влегол во училиштето и повредил ученик.

Стефковски го осуди нападот и вели дека насилството не може да се оправда со ништо.

„Општина Гази Баба, останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, вели градоначалникот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола.

Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари.

Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот се довршува подот.

Објектот е на два ката со површина од околу 930 метри квадратни. Има сала за тренинг со боксерски ринг и фитнес справи. Објектот има и соблекувални машки и женски со сопствени тоалети и бањи и тоалет за лица со посебни потреби. На источната страна се просториите за спортско качувачки клуб идентични како на боксерскиот клуб, со сала за тренинг и соблекувални.

Околината на објектот ќе биде партерно уредена и ќе има паркинг.

„Ова ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери. Битола има своја боксерска историја, а во сегашноста и свои шампиони, кои ќе добијат современи и модерни услови за нивните предизвици“, велат од Општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“.

Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.

Беше истакната важноста на иницијативите како „Македонија 2025“, коишто придонесуваат за поврзување на домашната бизнис-заедница со успешни професионалци и инвеститори од дијаспората, поттикнувајќи претприемништво, иновации и економски развој.

Претседателката детално ги запозна со внатрешните и надворешните политички приоритети на државата, со посебен осврт на евроинтеграциските процеси. Тие, пак, ја предочија можноста за интензивирање на канадско-македонските односи на највисоко ниво.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на севкупната соработка и меѓународната афирмација на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет40 минути

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија1 час

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија1 час

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија1 час

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија1 час

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...

Свет2 часа

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Кремљ денес го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и...

Македонија2 часа

Противпожарната бригада од Скопје доби ново возило како донација

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во...