Македонија
Ахмети за уставните измени: Опозицијата да се приклучи во процесот
Македонија се наоѓа на крај на заокружување на многу важен процес како што е тој за решавање на проблемот со уставното име што ја зајакнува стабилноста и гарантира мир за целиот регион, рече во неговиот предновогодишен говор претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во ова прилика, Ахмети ја повика македонската и албанската опозиција да помогнат во овој процес, и истиот да не го користат за политички придобивки. ,,На 9 јануари започнува седницата за уставните измени и ги повикувам сите пратеници да го дадат нивниот придонес за затворање на проблемот со Грција”, рече Ахмети, кој во предновогодишниот говор најави дека за кратко ќе почне да се имплементира и законот за aлбанскиот јазик кој се изгласа во Собранието, но се уште не е објавен во Sлужбен весник.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена извести дека се повлекува од завршната фаза на уставните измени во Собранието поради недостиг на иклузивниот процес. Од друга страна, грчката опозиција извести дека никогаш нема да го подржи протоколот за членство на Македонија во НАТО. Уставните измени се во фаза на предлагање амандамани на предлог-амандманите на Владата. Крајниот рок е 31 декември. Пленарната седница е закажана на 9 јануари, а Собранието очекува процесот да се заокружи на 15 јануари.
Лидерот на ДУИ зборуваше и за претседателските избори кои ќе се одржат на пролет следната година. Тој даде до знаење дека со коалицискиот партнер се на прав пат за да изнајдат име за претседател прифатлив за двете страни.
Ахмети дел на неговиот говор му ја посвети на потребата за решавање на проблемот помеѓу Косово и Србија и ги охрабри страните тоа да го направат што поскоро. ,,Единствената пречка за решавањето на овој проблем е Србија”, рече Ахмети, кој на крај им посака подобар живот на сите граѓани во годината што следи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре во Скопје: „Нож и виљушка на европска чинија“ – целодневен гастрономско-музички настан во Паркот на Франкофонијата
Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни европски кујни и атмосфера создадена за забавен семеен ден на отворено.
„Нож и виљушка на европска чинија“ е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ги слави заедничките вредности и ја носи атмосферата на европска отвореност во локален, топол и близок градски формат.
Програмата започнува во 12:00 часот со DJ Resident, а од 13:00 часот најмладите ќе се забавуваат со омилените Поточиња. Попладневниот дел продолжува од 14:30 часот со „Блуз на трпеза“ во изведба на In the Mood / Spark, додека од 17:30 часот атмосферата ќе ја загрее DJ Carlito.
Вечерната програма носи уште повеќе музика и забава. Од 19:30 часот настапува Виа Скопје, по што од 21:30 часот следува DJ Александар Јорданов. Од 22:45 часот публиката ќе ја забавува Куку Леле, а музичката вечер ќе ја заокружи Ипче Брас Левис Бенд со настап од 00:00 до 01:00 часот.
Организаторите ги покануваат граѓаните да бидат дел од ова целодневно доживување исполнето со вкусови, музика и одлична атмосфера во Паркот на Франкофонијата.
Македонија
(Видео) Како Мицкоски клечеше и лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, така лаже и сега, вели Жерновски
Можеби Мицкоски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто кога ќе дојдат на власт имаат комплетна амнезија за тоа што се случува. Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа. Кој го кажа тоа, Мицкоски. Ние од СДСМ или ти? Кој го кажа следното? Ќе го менуваме Преспанскиот договор, тоа додека беше во опозиција. Кој го кажа ова, праша на прес-конференеција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработка на СДСМ.
„Мицкоски. Ако бидам премиер, никогаш нема да кажам северна. Ако кажам северна, нека ми го одземат мандатот. А токму кога го доби мандатот, кога даваше заклетва, го кажа северна толку силно да уште одзвонува во салата на собранието. Да не зборувам за тоа како одзвонува на говорот на претседателката на државата во салата во Обединетите нации кога Северна го употреби повеќе отколку сите претходната влада. Мицковски кој го кажа ова? Ме боли и ме пече во името на сето тоа, а за името на државата не сакам да градам кариера. Па целата кариера ти ја изјади шуснус врз основа на лагата дека кога ќе дојдеш на власт ќе го поништиш Преспанскиот договор, ќе го вратиш името. Значи лагата е како шило. Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт ветувајќи го ова за кое што денеска зборуваме, лажејќи ги граѓаните дека ќе го направи спротивно тоа денеска што го прави“.
Жерновски дополнително праша дали има потреба да се изнесуваат уште докази од изјавите и настапите на Мицкоски и на неговите пратеници, министри за да, како што рече, конечно им стане јасно дека оваа лага е прозирна и дека веќе е смешна и трагикомична.
„Што прави Мицкоски кога ќе го фатите во лага? Одговара со нова лага. Таква нова лага е и неговиот закон за двојно државјанство со којшто ако се сеќавате предложи пратениците, но не од овој состав, идниот состав, да имаат само едно државјанство да не можат да имаат веќе државјанства.
Кој устав сега го проверувате? Оној вашиот македонскиот или оној вашиот бугарскиот? Тоа е лагата. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е партија којашто патриотизмот го користи во популистички цели, а во позадина вадат бугарски државјанства. Тоа се лаги, тоа е лицемерие, тоа е манипулација којашто служи за одржување на моќта, којашто пак служи за заштита на криминалот којшто секојдневно го прават“.
Најави дека опозициската партија нема да застане тука и дека ќе ја откриваат вистината.
„Не може да се создаваат конфликт намерно со Бугарија, на тоа да се печалат патриотски политички поени, а во позадина да се живее и да се патува со бугарски пасош.
На крај излегува дека нас од Бугарите не бранат Бугари, а тоа нема да го дозволиме.
Најголема закана за нашиот идентитет всушност е самата ВМРО организирана криминална група, којашто со својот лажен патриотизам секојдневно ги уништува позициите на нашата држава“.
Македонија
Кривична пријава за бизнисмен од Струмица, затаил данок од 1,7 милиони денари
Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот управител за „даночно затајување“, го оштетил буџетот на државата за над 1.700.000 денари.
Според информациите на МВР, СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н.Б.(50) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот правен субјект во својство на даночен обврзник и Н.Б. – во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правното лице, преку одбегнување на целосно или делумно плаќање на персонален данок на доход по други основи, данок на добивка и данок на додадена вредност, со неевидентирање на промет, неточно утврдување на даночната основа преку помалку искажани приходи, повеќе искажани расходи и непризнаени расходи постапиле спротивно на законски одредби, при што во 2022 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 357.288 денари, во 2023 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 355.371 денари, во 2024 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, и ДД на вкупен износ од 760.763 денари и во 2025 година не пресметале и не уплатиле даноци по основ на ДДВ, ДД и ПДД на вкупен износ од 247.080 денари.
Со таквите дејствија, пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист, односно предизвикале штета на буџетот на државата за вкупен износ од 1.720.502 денари.
