Контакт

Македонија

Ахмети-Тачи: Граѓаните масовно да гласаат „за“ НАТО и ЕУ

Објавено пред

Граѓаните масовно да гласаат „за“ НАТО и ЕУ. Ваков е заклучокот од средбата што денеска ја оствариле претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, и косовскиот претседател, Хашим Тачи, соопшти ДУИ.

Ахмети и Тачи разговарале за референдумот од 30 септември, како и за случувањата во регионот, со посебен акцент на дијалогот помеѓу Косово и Србија.

„Ахмети го запозна Тачи со одвивањето на кампањата за референдумот истакнувајќи ја големата важност од успешната реализација на договорот од Преспа. Ахмети и претседателот Тачи се согласија дека Албанците и воопшто сите граѓани на Македонија треба масивно да излезат и да гласаат ‘за’ НАТО и ЕУ“, соопшти ДУИ.

Соговорниците во рамките на средбата заклучиле дека единствената иднина за земјите од Западен Балкан, која обезбедува одржлив мир, безбедност и стабилност, е евро-атлантската интеграција. Ахмети, велат од ДУИ, целосно ги подржува интензивните напори на институциите на Косово со меѓународна помош за конечно решение на дијалогот со Белград во врска со демаркацијата на границата.

 

Македонија

МВР: Нема спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ преку друга своја фирма вршел технички преглед

Објавено пред

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто време е сопственик на станица за технички преглед која ја испитувала исправноста на автобусите. Според МВР, спорно би било доколку станица за технички преглед врши проверка на сопствените возила, односно ако тие се од иста фирма.

Ваквите одредби оставаат можност две различни фирми, но со ист сопственик, да можат да поседуваат возила преку едната фирма, а да им им вршат технички преглед на истите преку друга фирма.

„Согласно одредбите од Законот за возила, правното лице ‘АМЗ Гостивар’ не може да врши технички преглед на сопствените возила, но може да врши технички преглед на возила сопстевност на друго правно лице“, велат од МВР за „Макфакс“.

Во случајов, возилата се регистрирани како сопственост на туристичката агенција „Дурмо турс“, а фирмата „АМЗ Гостивар“, со ист газда, е задолжена за нивниот технички преглед.

Од МВР велат дека вршеле контрола врз станицата за технички преглед „АМЗ Гостивар“, а последниот бил во август минатата година. Тие не прецизираат дали утврдиле прекршување на законот при извшениот увид.

„Станицата за технички преглед на возила „АМЗ Гостивар“ – Гостивар е посебен правен субјект кој е овластен да врши технички преглед на возила и согласно добиеното овластување, имајќи ги предвид одредбите од законот, за секој извршен преглед на возило издава Потврда за техничка исправност на возило“, додаваат од МВР.

Согласно одредбите утврдени во член 81 од Законот за возила,  МВР е надлежно да врши надзор и контрола над исполнетоста на условите за работа и над работата на Станиците за технички преглед на возила.

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини, претходно за „Макфакс“ изјави дека немаат ингеренции врз станиците за технички преглед.

„Во нашиот закон не е обработено дали еден газда може да има станица за технички преглед и истовремено да биде превозник. Кај нас во законот стои дека ние при контролите треба да утврдиме дали возилото е регистрирано и дали е извршен технички преглед. Такви документи при контролите утврдивме дека ‘Дурмо турс’ има. Станиците за технички преглед се обврска на Министерството за внатрешни работи“, рече тој.

Во меѓувреме, сè уште трае истрагата за причините за катастрофалната автобуска несреќа на автопатот Скопје – Тетово, каде што животот го загубија 14 лица. Засега се знае дека шоферот не бил под дејство на дрога или алкохол, а ќе се испитува дали тој евентуално зборувал на мобилен телефон додека возел.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Објавено пред

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во скопски Центар. Дел од дечињата ги изеле, но дел од нив само ги пробале, оти вкусот им бил чуден и се пожалиле на родителите.

„Ја пробав крофната на син ми, беше кисела па тоа нè натера да го видиме и рокот. Пишува дека е употреблива до 16.02.2019 година. Вакви игри со здравјето на децата нема повеќе да толерираме“, се пожали родител.

Родителите вечерва се организираат да го пријават случајот во Агенцијата за храна и ветеринарство. Нагласуваат дека ова не е прв случај децата да се пожалат од храната поради што веќе барале да се раскине договорот со „Специјал“,  но од училиштето им одговориле дека нема услови за раскинување и избор на нов оператор.

Маја Ангелова, директорка на ООУ „Димитар Миладинов“, вечерва  не знаеше за крофните со рок до утре, но најави дека ќе провери каква храна им била послужена на учениците денес.

„Затечена сум од оваа информација. Не знам за што се работи. Јас денес бев на обука и еве во моментов влегувам дома. Ќе проверам уште веднаш за што се работи и кога ќе имам релевантни информации ќе ги споделам“, изјави директорката Ангелова за „Макфакс“.

Таа не кажа дали е пракса училиштето да дели храна со само еден ден рок на траење.

Од „Специјал“ беа недостапни да објаснат како се случило кај децата да завршат крофни еден ден пред истекот на рокот. Вработените кои одговараат на телефонските броеви во пекарниците велат дека надлежни за изјави се управителите, но вечерва не се на работа. Тие објаснија дека вообичаено принцес-крофните што ги прават имаат рок од една недела оти се прават со млеко и јајца.

Оваа пекарница многу често  дава принцес-крофни на подарок ако се купи кој било друг нивен производ.

„Специјал“ склучи договор со училиштето „Димитар Миладинов“ непосредно по скандалот со стаорецот што се шеташе по масите во една од пекарниците по што беше извршена контрола во сите нивни локали.

Заблешки за храната од оваа пекарница имаа и други школи од Скопје, а дел од нив успеаја и да ги раскинат договорите и да ангажираат други снабдувачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата.

„По претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот“, јави Министерството.

Како што соопштија, со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, од Министерството за внатрешни работи изготвиле план на мерки и активности, за што обезбедиле соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени биле претреси при што се одземени предмети и уреди што се поврзани со можниот напад.

„Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението на МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

МВР: Нема спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ преку друга своја фирма вршел технички преглед

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија42 минути

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија3 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет4 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија4 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија5 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија6 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија8 часа

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија9 часа

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ9 часа

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија11 час

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија12 часа

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија12 часа

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет14 часа

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет15 часа

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет16 часа

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Македонија1 ден

Тројца од повредените во автобуската несреќа се во животна опасност

Во критична состојба се наоѓаат тројца од осумте хоспитализирани на скопските хируршки клиники, кои настрадаа во автобуската несреќа, што се...

Македонија1 ден

(Видео) Луѓе умираа пред наши очи, целите беа во крв, сведочат жители на Ласкарци

Жителите на село Ласкарци синоќа беспоштедно излегоа да спасат тoа што може да се спаси од автобуската несреќа на автопатот...

Македонија1 ден

Нема алкохол и дрога во крвта на возачот на автобусот

Надлежниот јавен обвинител од скопското Обвинителство заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи информира дека во 13.15 минути...

Македонија1 ден

„Дурмо турс“ последен пат контролиран од Инспекторатот за транспорт пред 3 месеци

Државниот инспекторат за транспорт последна контрола на автобус на компанијата „Дурмо турс“ направил лани во ноември. Инспекторите утврдиле дека има...

Досие