Контакт

Македонија

Ахмети-Хелбах: Германија е коавтор на нашиот Евроатлантски успех

Објавено пред

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети на работен состанок ги пречека Специјалниот Претставник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и Земјите од ЕФТА, Кристијан Хелбах и германскиот амбасадор во Македонија, Томас Герберич. 

На средбата во фокус на разговорите беа референдумот, спроведувањето на уставните измени, реформите и регионалните случувања.
 
Ахмети му се заблагодари на Хелбах за големата германска поддршка за успехот на Договорот од Преспа и евроатланската интеграција на Македонија.
 
Лидерот на ДУИ истакна дека штабот на Демократската Унија за Интеграција за референдумот на 30 септември е во целосна функција на успехот и дека секој ден се структуираме на терен.
 
Ахмети истакна дека огромното мнозинство на граѓаните од сите заедници во земјата ја подржуваат интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ и дека очекува успешен референдум.
 
Лидерот на ДУИ повторно ја повика македонската и албанската опозиција да му се придружат на евроатланскиот пат и без двоумења да ги подржат напорите за реализација на неопходните чекори, референдумот и уставните измени.
 
Ахмети ја поздрави посетата на канцеларката Меркел и истакна дека успехот во однос на интеграцијата и демократизацијата на општеството се заеднички успех на домашните сили и меѓународната заедница.

Македонија

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Објавено пред

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во таа држава.

На зградата на парламентот беше истакнат транспарент со натпис „Груевски ВИП-мигрант на Орбан“. Будимпешта тврди дека Скопје сè уште не поднело барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Пратениците во унгарскиот парламент жестоко го критикуваа премиерот Виктор Орбан поради начинот на кој Будимпешта го води случајот на експремиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој два дена пред издавање на меѓународната потерница ја напушти земјата и преку неколку држави стигна во Унгарија.

Одговарајќи на прашања на пратениците, државниот секретар Балаш Орбан рекол дека Груевски по доаѓањето во Будимпешта побарал азил, но унгарскиот портал „Индекс“ забележува дека засега нема информации во која држава побарал азил Груевски.

Балаш Орбан исто така нагласил дека Унгарија не му помогнала на Груевски да ја напушти Македонија, како и дека однесувањето на Будимпешта кон експремиерот на Македонија било резултат на безбедносни причини.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Објавено пред

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски.

„Целта на средбата беше предавање на протестна нота од македонска до унгарска страна, а по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија“ соопшти МНР.

Како што се наведува од министерството, Димовски изразил надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вградено второто вештачко срце во Клиничката болница „Аџибадем Систина“

Објавено пред

Второ целосно вештачко срце е вградено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Скопје. Со оглед на исклучително тешката и ретка операција, имајќи ја предвид претходната состојба на пациентот, ова е уште еден пионерски кардиохируршки зафат со што Клиничката болница и воопшто македонското здравство се вбројуваат помеѓу петте водечки центри за кардиохирургија во Европа. Ова е втора кардиохируршка операција на вградување на целосно вештачко срце во Македонија за само неполни четири месеци, по првата изведена во јули годинава.

„Горди сме на нашиот тим на кардиохирурзи, којшто е единствен сертифициран тим за изведување на овој тип интервенции во Република Македонија. Од експертите од странство добиваме признанија за изведувањето на оваа крајно комплексна операција. Нивните признанија се за вкупните капацитети на болницата, подготвеноста и знаењето на нашиот тим, предводен од проф. д-р Николиќ, да влеземе во ризичен зафат за да го спасиме животот на младата пациентка. Но, повеќе од сè, тие се потврда за оставрувањето на целта што ја поставивме пред нас пред осум години: станавме најдобриот кардиохируршки центар во Македонија и еден од најдобрите во Европа!”, изјави д-р Јана Марин, директор на болницата и член на Одборот на директори на „Аџибадем Систина“.

Марин објасни дека се работи за пациентка на 28-годишна возраст од Скопје, во Клиничката болница е донесена во животно-загрозувачка состојба, а по оперативниот зафат изведен во четвртокот вечерта, таа е будна, самостојно дише и, засега, се чувствува добро.

Комплексната интервенција траела околу осум часа и комплетно ја извел тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ. Вградувањето вештачко срце е најтешката интервенција во кардиохирургијата.

Со вградувањето вештачко срце, пациентката доби шест до осум години живот, по кои ќе биде потребна трансплантација, а, поради брзиот напредок на медицината, се надеваме дека ќе најдеме друго посоодветно решение за неа и за побрзо време, велат во Клиничката болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија1 час

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија3 часа

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион4 часа

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Крвав четврток4 часа

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од...

Македонија4 часа

(Видео) Рауфи: Комуникациите не докажуваат ништо против обвинетите во „Монструм“

Убедени сме, а тоа ќе се воспостави и во текот на постапката, дека во комуникациите нема ништо што ги инкриминира...

Македонија5 часа

(Видео) Општина Центар ќе бара одговорност за случајот со бабата кај Буњаковец

Од Општина Центар преку соопштение информираа дека направени се разговорите со двајцата комунални редари и почната е постапка за утврдување...

Македонија6 часа

(Видео) Помор на риба во Охридското Езеро поради нискиот водостој

Помор на тони плашица во каналот Студенчишта во Охрид, проценуваат жителите, кои додаваат дека во близина на местото се шири...

Македонија6 часа

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Непознати лица утрово во 3.50 часот му го запалиле автомобилот на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која кај нас...

Македонија6 часа

(Видео) Анѓушев по појадокот кај Курц: Ќе вложиме напори за да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, присуствуваше на официјалниот работен појадок што го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц,...

Регион8 часа

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово,...

Економија8 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија9 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија11 час

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија11 час

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија22 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт23 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа1 ден

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести1 ден

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија1 ден

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Досие