Македонија
Бачев бара од собраниската говорница да се обрати претставник на ,,Македонија блокира”

Јанко Бачев од Единствена Македонија на денешниот протест пред Собрание на некои организации обединети како „Македонија блокира“, побара во 16 часот од говорницата на Собранието да се обрати нивен претставник.
Тоа е првото барање што ќе го испорачаат на власта. Понатаму ќе следуваат други барања, најави тој.
Бачев го обвини премиерот Зоран Заев дека ги распродава македонските интереси и дека ова е марионетска власт. Учесниците на протестот упатија и порака до американскиот претседател, Доналд Трамп, дека Сорос навлегол длабоко во институциите на чело со Заев.
„Македонија блокира” под засилно полициско обезбедување протестира пред Собрание, каде што пратениците ја почнаа финалната фаза за усвојување на уставните измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наталитетот зголемен, од почетокот на годината склучени помалку бракови во споредба со лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од оваа година, живородени се 4.009 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 2.9 отсто.
Во првото тримесечје од 2022 година, умреле 7 427 лица, а од нив 12 се умрени доенчиња, што претставува зголемување од 7.2 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
Природниот прираст е -3 418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината се склучени 2.468 бракови, а нивниот број е намален за 8.4 отсто во споредба со истиот период од 2021 година.
Во ова тримесечје се добиени 459 извештаи за разведените бракови.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

„Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде завршиле украдените пари од сметката на ЕВН Електрани и дали завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ?
Како што е веќе познато, дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Мицкоски како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали осомничените работеле по негови инструкции, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ?
Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да одговори за инцидентот во Чаир и вмешаноста на луѓе блиски до ДУИ

„Молк од Оливер Спасовски и МВР за вооружената пресметка во Чаир.
Спасовски со денови се крие и не одговара како во центар на Скопје се пукало кон полиција, а истото лице кое пукало било пуштено да си замине од местото на настанот.
Ова не е прв пат Спасовски да молчи и да бега од јавноста за криминални пресметки, убиства или пукање кон полиција.
Нема одговор дали лицето кое пукало кон полицијата веќе една година има наредба од СВР Скопје да биде приведено за издржување на затворска казна?
Јавноста бара одговори дали за целиот овој случај има видео и во самото видео е и Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек на БЈБ?
Исто така нема одговор дали заменикот директор на БЈБ, Арифи е снимен како врши притисок кон полициските службеници за ослободување на лицето кое пукало кон нив? Дали Арифи влијаел врз полициските службеници при пишувањето на нивните службени белешки од настанот.
Овој случај е еден од низата кои изминативе години се случија во министерството за внатрешни работи. Нерасчистени убиства, пресметки меѓу криминални банди, грабежи, вмешаност на полициски службеници во криминал, но ниту еден случај нема завршница и не е разрешен.
МВР не смее да биде испостава на СДСМ и ДУИ и да служи како заштитник на криминалот и криминалците од власта.
Молкот за злосторствата на Спасовски во МВР не смее да помине неказнет. За секој криминал во МВР ќе има одговорност. Македонија не смее да биде земја на криминалците и криминалот. Премногу е!“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ