Македонија
„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тие од прес-салата на Собранието посочија: „Ароганцијата и забеганоста немаат нација. Но, имаат име и презиме“. На другите транспаренти пишуваше и: „Сите што седат позади, ех, маму ви е**м“, „Сите од службата, конкретно седници, одма кај мене“. Ова, всушност, се зборовите на Џафери штосе слушаат на објавената снимка, а кажани по 71. седница во Собранието кога микрофонот во салата требаше да биде исклучен.
„Поминаа повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието не само што не се извини за своето безобразно однесување кон вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило. Крјано недозволиво е од човекот што прв го потпишал Етичкиот кодекс за однесување во Собраниет, најгрубо да го крши и да бега од одговорност, а со пратениците од власта да се обидуваат да го скријат под тепих овој скандал“, порача пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа рече дека најмалку што можел Џафери да направи е да се извини и да поднесе оставка од функцијата.
„Сакаме да му порачаме дека колку и да бега од одговорност, дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го следи, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетиме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособни претседатели што Собранието го имало“, додаде таа.
ВМРО-ДПМНЕ побара седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за прекршувањето на Етичкиот кодекс од Талат Џафери.
„Доколку Џафери не поднесе оставка, ќе им даде до знаење на сите пратеници дека Етичкиот кодекс, на кој сите заедно работевме, повеќе не важи во овој законодавен дом“, рече Стојановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје.
Се очекува Мишел во рамките на посетата да ја покаже поддршката на ЕУ за францускиот предлог и да ја потврди заложбата за македонските евроинтеграции.
Македонија
Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени, информираат од УХМР.
Денес, ќе се задржи многу топло време, во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
В среда на повеќе места ќе биде нестабилно и ќе има пад на температурата, особено во северните делови за 3 до 5 степени. Нов влажен бран со пад на температурата насекаде ќе има од петок и за време на викендот. Од денес до крајот на периодот ќе има појава на локално невреме со интензивен пороен дожд, град и силен ветер.
Македонија
СДСМ: Осуда за инцидентите и насилството на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата

„Силно ги осудуваме насилството и инцидентите што вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата пред објектите на Владата и Собранието.
Вечерва, јавноста виде обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии што не им мислат добро ниту на државата ниту на граѓаните.
СДСМ, институциите и граѓаните нема да дозволат ваквото опасно деструктивно постапување да ја загрози иднината на државата, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени“.
Соопштение на СДСМ