Контакт

Македонија

Безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа е стабилна

Објавено пред

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, информира МВР.

Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници непречено ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Успешно се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација и кои сега го напуштаат градот.

На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лица што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација. Во општините Дебар и Центар Жупа без проблеми се реализираат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

„Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини“, велат од МВР.

Оттука упатуваат апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21 до 5 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Македонија

Адвокатот на Јанакиески: Оние кои наводно ги поттикнал Миле Јанакиески се тргнати од новиот обвинителен акт

Објавено пред

За адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за „Насилство во Центар“ е спорно што судот не дозволува да се изведат докази на новиот обвинителен акт поднесен од обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, бидејќи тврди дека има суштински, а не небитни измени во него.

Миланов како пример посочува дека суштинска промена е ослободувањето на Даниела Рангелова, која претходно, беше посочена дека е поттикната од Миле Јанакиески да го стори делото.

„Правото да ослободи го има обвинителот во секое време. Работата е што Обвинителството даде сосема нов обвинителен акт, со нов опис, кој што многу ја менува состојбата. Во насока на изменетиот обвинителен акт, не се изведени докази. Обвинителниот акт го темели и во завршниот збор сега сака да го темели на исказот на Томислав Лазаров, кој признал вина. Но, Лазаров признал вина на сосема поинаков обвинителен акт. Дали на овој обвинителен акт, Лазаров ќе признаеше вина? Оние кои наводно ги поттикнал Миле Јанакиески се тргнати од новиот обвинителен акт. Останува Томислав Лазаров кој признал вина на нешто сосема друго. Како може да нема суштинска промена, кога лице кое вие наводно сте го поттикнале е тргнато од обвинението, па тоа ваше поттикнување сте го пренеле на тие што беа присутни на протестите. Тоа е делот кој што се однесува на Јанакиески. Тоа е основа и суштина. Останува дека е поттикнат, според обвинението, Томислав Лазаров кој призна заедно со другите. Каде е тука правната сигурност?“, реагираше Миланов.

Судот одби да го врати предметот во доказна постапка, а за четири дена, закажа ново рочиште каде завршните зборови ќе ги даде Миле Јанакиески и останатите обвинети.

Претходно, Еленко Миланов, бранител на Миле Јанакиески рече дека ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Јанакиески е од старт жртва во тој предмет, бидејќи нема ништо што укажува на него.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груби-Тимоние: Од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата

Објавено пред

Северна Македонија напредува во многу области и успеа да се придвижи напред на меѓународно ниво во однос на процесот на интеграцијата на земјата во Европската Унија. Процесот на реформите ќе продолжи без престан, со цел да се испрати позитивен сигнал до нашите европски партнери.

Ова го изјави првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби, на денешната средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние.

Првиот вицепремиер Груби изрази благодарност за поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Република Франција во нејзините напори за остварување на стратешките приоритети на земјата и истовремено за одличната билатерална соработка.

Груби му кажа на францускиот амбасадор дека Владата ќе продолжи да работи со највисоката динамика бидејќи е посветена на напредокот на земјата кој што треба да продолжи во сите можни области. Тој исто така му порача на амбасадорот Тимоние дека Владата на Република Северна Македонија е определена за функционални институции, кои активно и транспарентно ќе работат на спроведувањето на реформите што се во интерес на сите граѓани и на процесот на интеграција на земјата во Европска Унија.

За време на состанокот помеѓу првиот вицепремиер Груби и амбасадорот на Франција Тимоние беше заклучено дека од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Груби му го потврди својот став на амбасадорот Тимоние дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигне преку целосна транспарентност и ветингот што ќе се спроведе против носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

Груби и Тимоние исто така ја отворија и темата на пописот, процес што го оценија како чувствителен и во оваа прилика се согласија дека мора да бидат исполнети сите услови за да биде што е можно поверодостоен.

На крајот на оваа средба, Груби и Тимоние разменија мислења за можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Франција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Објавено пред

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените 6 години од кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од кривичниот суд беше изречен во јули 2018 година.

„Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Во истиот предмет, условно осуден од Апелацискиот суд беше Василије Авировиќ, син на експратеничката Владанка Авировиќ, иако кривичниот суд му одреди три години затворска казна.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија35 минути

Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија2 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура2 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион3 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ3 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија3 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија3 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија5 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа5 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија6 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа7 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет7 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет17 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет18 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет20 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет21 час

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија21 час

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие