Контакт

Македонија

Без вода делови на општина Сопиште

Објавено пред

Поради вонредно чистење на резервоарот во Сопиште, денеска ќе има прекин на водоснабдување во населените места Ракотинци, Добри Дол и Сопиште во периодот од 8.30 до 14.30 часот, информира Центарот за управување со кризи.

Македонија

Медарски: Мојата канцеларија нема поврзаност со фирмата што конкурирала за тендерот

Објавено пред

Од

Адвокатот Филип Медарски реагира по прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, каде опозицијата праша „Дали е случајно тоа што седиштето на фирмата е регистрирано на иста адреса како и канцеларијата на Филип Медарски, адвокат на премиерот Зоран Заев?“.

Медарски вели дека фирмата што конкурирала за тендерот за набавка на реагенси, нема никаква поврзаност со неговата адвокатска канцеларија.

„На денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е изнесено тврдење дека фирма, која конкурирала на тендер на Министерството за здравство е регистрирана на иста адреса, како мојата адвокатска канцеларија. Би сакал да ја информирам јавноста дека мојата адвокатска канцеларија нема никаква поврзаност со фирмата што конкурирала на тендерот и одговорно тврдам дека таа фирма, нејзините основачи, управител и вработени никогаш не сум ги застапувал, ниту пак лично познавам било кој од нив“, вели Медарски.

Дополнително тој тврди дека до моментот на излегување на информациите околку тендерот во јавноста, нему не му било познато дека таа фирма има седиште на истата адреса како неговата канцеларија.

„На истата адреса се регистрирани повеќе од седум други адвокатски канцеларии, кои не се поврзани со мојата. Која од нив ја регистрирала фирмата на ова седиште лесно може да се провери во Централниот регистар, но тоа сигурно не е мојата. Било какво натамошно поврзување на мојата канцеларија со таа фирма или тендерот на Министерството на здравство ќе ги третирам како злонамерни и тенденциозни и ќе поведам соодветни постапки за заштита на мојата чест и углед“, се вели во реакцијата на Филип Медарски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Коѕијас: Условите за постигнување на договорот за името беа зрели

Објавено пред

Од

Условите за постигнување на договорот за името беа зрели, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју за државната новинска агенција АНА-МПА.

„Некои тврдат дека сме избрзале, сепак условите беа зрели. Кога условите зе зрели, тоа значи дека морате да продолжите со она што можете да го направите“, рече грчкиот министер.

Запрашан дали тоа бил најдобриот договор што можел да биде постигнат, Коѕијас одговори дека сѐ ќе било полесно ако не претходеле отстапувања во преговорите во изминатите 25 години и додаде дека Грција не може да го промени универзалното право, да се нарекуваме Македонци на индивидуално и неофицијално ниво, но тие можат да нѐ нарекуваат како што сакаат.

Коѕијас, за време на интервјуто, го повтори ставот дека на Грција и е потребна пријателска земја, а не држава која ќе биде под турско влијание во иднина.

„Сакаме ПЈРМ која е под турско влијание или ПЈРМ која е во пријателски односи со нас? Тоа е прашањето кое треба да го одговориме и затоа брзавме со постигнувањето на договорот. Сакаме ли ПЈРМ која во која се развива словенски фундаментализам и ќе има тенденции да се појави терористичка закана за грчката Македонија на Север, или сакаме да ги елиминираме ваквите можности? Сакаме ли земја која ќе се стабилизира и ќе биде поврзана со нас финансиски, географски и социјално, или држава која ќе нѐ смета за непријатели и ќе бара соработка со други земји што нема да нѐ усреќи нас?“, праша Коѕијас.

Грчкиот министер за надворешни работи посочи и дека договорот е прашање на компромис, а не на војна, па затоа тие не можат да го диктираат само она што ќе ги задоволи нивните интереси.  Коѕијас рече дека договорот мора да е компромисен, со цел другата страна да го убеди народот, а понатаму да добие мнозинство во Собранието,  да успее референдумот и на крајот да се ревидира Уставот на земјата.

Е.Т.

 

Прикажи повеќе...

Сервисни информации

АМСМ: Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини

Објавено пред

Од

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, соопшти Автомотосојузот на Макеоднија во редовниот извештај за состојбата на патишата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Коѕијас: Условите за постигнување на договорот за името беа зрели

Условите за постигнување на договорот за името беа зрели, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју...

Венко Филипче, тендер Венко Филипче, тендер
Daily news5 часа

(Видео) Филипче: Тендерот уште не е доделен, сè уште е во фаза на евалуација

Министерството за здравство не склучило договор и фирмата која се споменува во јавноста се уште не го добила тендерот за набавка...

Економија6 часа

Немаме мандат да ја проверуваме сопственоста на компаниите, велат од Фондот за иновации

По бурните реакции во јавноста за доделените грантови, од Фондот за иновации и технолошки развој велат дека немаат мандат, ниту...

Топ7 часа

Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП, двајца приведени

Седумнаесетгодишно момче вчера било прободено со нож во автобус на ЈСП со број 22, во близина на Поликлиниката Ѓорче Петров....

Македонија7 часа

Фротир производи и путер меѓу грантираните од Фондот за иновации

„Нова ера во индустријата за фротир производи“ гласи името на проектот кој бил одобрен од Фондот за иновации и технолошки...

Vlada na RM Vlada na RM
Македонија9 часа

Владата објави тендер од 2,6 милиони евра за обезбедување државни објекти

За сума од приближно 2,6 милиони евра без ДДВ, Службата за општи и заеднички работи при Владата објави тендер за...

Македонија10 часа

Димитриевски: Ако обвинувањата за тендерите и грантовите се точни, мора да ги осудиме

Доколку и еден промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите… е точен, мораме да се свртиме кон нас самите,...

плажа, одмор, Европска Унија плажа, одмор, Европска Унија
Македонија10 часа

Македонија на врвот на листата на земји во кои луѓето не можат да си дозволат годишен одмор

Според истражувањето на Евростат, една третина од популацијата на Европската Унија (32,9 отсто) не можат да си дозволат годишен одмор...

Лос Анџелес, заложници Лос Анџелес, заложници
Вести10 часа

(Видео) Заложничка драма во продавница во Лос Анџелес, убиена една жена

Вооружен напаѓач упаднал во продавница во Лос Анџелес и околу три часа како заложници држел 50-тина луѓе пред да ѝ...

Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии Светска банка, јавен долг, Министерство за финансии
Економија11 час

МФ: Светска банка забележа напредок во управувањето со јавниот долг во Македонија

Светската банка забележа дека Македонија за кус период има исклучителен напредок во управувањето со јавниот долг, соопшти Министерството за финансии....

Македонија1 ден

Измените на Изборниот законик в понеделник на собраниска седница

Пратениците в понеделник на седница ќе расправаат за предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по завршување на комисиската расправа. Измените...

Македонија1 ден

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба ќе продолжи во 9 часот в понеделник во истиот состав како и минатиот пат, потврдија извори од Владата...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион1 ден

Бугарскиот парламент и забрани на владата реадмисија на мигрантите од ЕУ

Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со...

Debarsko Ezero Debarsko Ezero
Топ1 ден

Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на...

sad-kina sad-kina
Свет1 ден

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија, предупреди дека Кина води „товок вид на студена војна“ против САД, користејќи ги своите...

Македонија1 ден

Четири лица добија кривични за сообраќајката во која починаа двајца мигранти

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, во врска со настанот од 25-ти минатиот месец, кога при собраќајна незгода починаа двајца...

Македонија1 ден

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот...

Македонија1 ден

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара oд Мицкоски да поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција преку соопштение го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски итно да поднесе оставка од функцијата...

Македонија2 дена

Груби ја затвори расправата за Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман....

artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik
Македонија2 дена

Алими побара нова пауза за проверка на преводот, опозицијата вели: „Власта не сака да дебатира“

По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат...

Досие