Македонија
Без вода дел од корисниците на општина Бутел

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф150 мм на ул.1151 бр.18 (Качанички пат), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1150 и ул.1151 (Качанички пат) од 9:00 часот до завршување со активноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Азири за настаните во Собранието: Ова не е прв пат да прават насилни сценарија за да го сокријат криминалот

Денес се потврди на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и се уште е судската власт!, напиша на фејсбук Елми Азири од Алијанса за Албанците.
Криминалот, корупцијата, уличарството и нивните сценарија се манифестираа со вандалски и насилнички акти каде со или без намера беше погоден и пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири.
„Цело ова срамно сценарио започна со обидот за продолжување на мандатот на партиските судии и обвинителите од власта, преку шверцување на законот. Откако се спротивставивме, претседавачот Арбр Адеми лично го навреди Пратеникот Халил Снопче кој јавно го повика да се извини, но, такво нешто не се случи. Пратеникот Снопче потоа повторно побара процедурална интервенција што беше одбиено и се обиде да го изгласа дневниот ред. Во знак на револт, ние пратениците на Алијанса за Албанците дојдовме на говорницата да го одбраниме нашето право на дискусија и да го спречиме шверцувањето на законот. Потоа следеше срамот кој го виде целата јавност, насилство и вандализам на координаторот на ДУИ“, појаснува на социјалните мрежи Азири.
Ова не е прв пат, како што проценува, да прават вакви насилни сценарија за да го сокријат криминалот, корупцијата и заробеноста на државата.
„Имаше многу случаи во Собранието и на политичката сцена кога пратениците на ДУИ можеа да се покажат, но сите ги видовме како бегаат од комисиите каде треба да се заштитат граѓаните или како се прегрнуваат со криминалци“, вели Азири.
Македонија
Џафери свикал итна координација: Граѓаните самите ќе проценат од снимките кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието. На поканата се одзваа координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците, информираа од собраниските служби.
„Претседателот на Собранието ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан“, е потенцирано во соопштението.
На координацијата, како што е нагласено во напишаната информација, бил донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма.
„На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието“, се нагласува во информацијата од Собранието.
Македонија
Бектеши до Милошоски: „Антонио твоето време одамна помина“

Министерот за економија, Крешник Бектеши со реакција по случувањата во Собранието.
“Политичар” каков што е Антонио Милошoвски кој ништо ама баш ништо нема допринесено за оваа држава, освен поделба, национализам и омраза, ниту пак и дал на Македонија нешто вредно што треба да се памети, единствено по што ќе остане запаметен во времето е кога за него Албанците не требаше да имаат образование уште помалку високо образование“, пишува на својот фејсбук Бектеши.
„Антонио твоето време одамна помина, за личност каква што си ти во држава која е членка на НАТО воопшто не би требало да има место на политичката сцена“, прецизира во напишаното Бектеши.