Македонија
Без вода жителите на Маџир Маало

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска ќе има прекин на водоснабдувањето:
– поради дефект на профил ф-80 мм на улицата Ѓуро Ѓоновиќ бб (во близина на автошколата „Шкорпион“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот (oпштина Центар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Професионална ориентација – клучни фактори при изборот на факултет

Клучна дилема со која средношколците се соочуваат по завршувањето на средното образование е што и каде понатаму? Професионалната надградба е еден од значајните животни предизвици. Оттука, изборот на факултет обично е поврзан со две клучни прашања:
Што можам најдобро да направам за својата иднина? и „Кој е вистинскиот избор за мојот факултет?“
Одговорот на овие исклучителни важни прашања треба да се најде во нашите способности, кои се збир на нашите внатрешни и природни таленти, нашето досегашно искуство и достигнувања и на тоа што силно го посакуваме.
Психолошкото тестирање на природните и внатрешните способности и таленти, кои силно го одредуваат начинот на кој пристапуваме и решаваме проблеми и нашиот вроден стил на размислување и расудување, ни помага полесно да ги одвоиме важните од ирелевантните фактори при изборот на факултет.
Во согласност со променетите потреби на современиот пазар на труд, се променија и очекувањата од факултетот. Со оглед на големата динамика на варијабилност на современиот свет на работа, очигледно е дека универзитетското образование не може да обезбеди готови решенија за проблемите со кои ќе се сретнете во текот на долгиот работен век.
Но, она што може да ви обезбеди е поставување на добра основа за дефинирање на проблемот, како и знаење на кои начини можете да одите во потрага по решение.
Универзитетското образование ќе ви ги развие вештините за наоѓање квалитетни извори на информации, оценување на нивната вредност и извлекување заклучоци.
При изборот на идна професија, повеќето студенти не се запознаени кои професии или занимања се најплатени, ниту пак имаат податоци за тоа кои професии се дефицитарни или се премногу на македонскиот пазар.
Ваквата состојба придонесува за неспојливост на образовниот систем со состојбите на пазарот, произведувајќи ги оние кадри кои веќе ги има премногу, а така доведувајќи ги илјадниците дипломирани студенти во состојба на невработеност по дипломирањето.
Како еден од подобрите во нашата земја, Американскиот универзитет на Европа – ФОН, во континуитет ги следи светските трендови, а акцентот го става на професии за различни интереси, истовремено гарантирајќи им светла иднина на студентите.
За да постигнете успешна кариера, АУЕ-ФОН нуди:
· Квалитетни студиски програми за образование на основни академски студии во согласност со вашите интереси преку акредитирани студиски програми;
· Можност за примена на стекнатото знаење во текот на студирањето во најуспешните домашни и странски компании преку организирана и задолжителна студентска пракса; · „Еразмус“ програма, во траење од еден или два семестри на некој од странските универзитети;
· Вклучување во работата на студентските организации и учество во бројни воннаставни активности кои развиваат креативност, снаодливост, натпреварувачки и претприемачки дух, способност за тимска работа и други квалитети неопходни за успешни деловни луѓе;
· „Work and study“ програма за практична обука која им овозможува на студентите да стекнат практично искуство и директна соработка со различни индустрии и реномирани компании.
На факултетите кои се дел од АУЕ-ФОН ќе се стекнете со вештините за презентирање и добро аргументирање на сопствените идеи, како и тимската работа, а тоа се клучни вештини во деловниот свет.
Изложеноста на современите трендови и можностите за примена на знаењата за време на студиите се уште еден важен аспект на студирањето.
АУЕ-ФОН нуди можност да стапите во контакт со претставници од различни компании и да се испробате во некоја област, а со тоа ќе може да се запознаете себеси, своите можности и способности.
Тие исто така ве насочуваат кон сегментите на знаења и вештини кои треба да ги подобрете, со цел да се премости јазот помеѓу студиите и светот на работата.
Од исклучителна важност за вашите време на вашите студии, е да имате добар однос со професорите. Наставниот кадар на АУЕ-ФОН е секогаш достапен за студентите, па така ќе имате одговор на секое поставено прашање, во било кое време.
Професионалниот пат станува се пофлексибилен, така што изборот на факултет повеќе не ве одредува цврсто како порано. Затоа, обидете се да гледате на тој избор повеќе со возбуда од започнување ново истражување, отколку со страв дека ќе направите непоправлива грешка.
Преку достапната линија за консултации на АУЕ-ФОН, може да ги дознаете сите информации поврзани со факултетите кои се дел од универзитетот. Нека вашето ново поглавје биде АУЕ-ФОН !
ПР
Македонија
Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“

Настанот „Вози право, вози здраво“ повторно се враќа на скопските улиците.
На 5 јуни (недела) градот шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички, кои ќе возат на улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина.
Пријавувањето за годинешното издание на „Вози право, вози здраво“ веќе почна. Сите што сакаат да учествуваат може да се регистрираат на следниот линк, со што ќе добијат бројче што може да го подигнат од 1 до 4 јуни во i-bank store-филијалата на Стопанска банка АД Скопје. Стартот на трката е закажан за 18 часот од Порта „Македонија“, а целта е во Градскиот парк, каде што ќе се организираат голема забава и богата лотарија за учесниците.
„На ‘Вози право, вози здраво’ сите се победници и затоа не се мери времето. Главната цел на настанот е учесниците да се забавуваат и да придонесат за промоција на здравите животни навики, користење еколошки средства за транспорт и за зачувување на животната средина. Стопанска банка ќе обезбеди вода, освежување, сладолед и грицки за учесниците, а за добрата забава на крајот ќе се погрижи Baskerfest. На крајот од настанот ќе има богата лотарија за регистрираните учесници, во која најсреќните ќе добијат 10 велосипеди SPECIALIZED, 10 часовници Apple, како и 20 звучници JBL Clip 4 заедно со торби за велосипед“, велат организаторте на настанот.
Шестото издание на „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД Скопје, се организира по пауза од две години поради пандемијата. На последниот настан во 2019 година имаше 7.800 регистрирани учесници.
Македонија
Нови 32 случаја на Ковид-19, нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 665 теста, а регистрирани се 32 нови случаја на Ковид-19: Скопје – 28, Битола, Куманово, Прилеп и Велес – по 1.
Од вкупниот број позитивни (32), регистрирани се 3 реинфекции.
Регистрирани сe 12 оздравени пациенти, и тоа од: Битола – 5, Кавадарци и Кичево – по 2, Скопје, Охрид и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146.603, Активни 370
Куманово 16.673, Активни 8
Битола 15.614, Активни 47
Прилеп 14.202, Активни 12
Тетово 13.474, Активни 5
Кавадарци 10.678, Активни 6
Велес 9.787, Активни 4
Гостивар 9.605, Активни 4
Охрид 8.904, Активни 17
Струмица 8.072, Активни 1
Штип 8.051, Активни 13
Кичево 5.647, Активни 9
Кочани 5.090, Активни 2
Струга 4.724, Активни 0
Гевгелија 4.419, Активни 2
Неготино 3.688, Активни 2
Ресен 2.749, Активни 11
Свети Николе 2631, Активни 4
Радовиш 2531, Активни 1
Крива Паланка 2415, Активни 1
Делчево 1.985, Активни 2
Берово 1.679, Активни 7
Дебар 1.676, Активни 2
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.393, Активни 0
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 929, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 0
Македонски Брод 738, Активни 1
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0