Македонија
Без вода неколку улици во општина Гази Баба

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради уличен дефект од ф – 500 мм на улицата Перо Наков бб, кај бензинската пумпа на „Дет оил“, во периодот од 13 часот, па сѐ до отстранување на дефектот, без вода ќе останат објектите на фирмите „Металски завод“, „Текстил“, „Електрометал“, „Лек Љубљана“ и „Вива сокови“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Реконструкцијата на пешачките патеки во Градскиот парк во завршна фаза – се асфалтираат патеките зад лунапаркот

Екипите на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат со активности за реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк.
На терен деновиве се асфалтираат пешачките патеки зад лунапаркот. Патеките се со должина од 110 метри и широчина од 6,5 метри, со вкупна површина од речиси 710 квадратни метри.
Реконструкцијата на пешачаките патеки во Градскиот парк на вкупна површина од 9.000 квадратни метри се реализира во фази, а досега целосно се реконструирани 7.500 квадратни метри. Најголемиот дел од патеките веќе е целосно реконструиран и асфалтиран, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.
Македонија
(Видео) Стоилковски: Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир, пулен на ДУИ, имало потерница за затвор?

Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето коешто пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменикот директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за отслужување на казната, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„ Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето коешто среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице коешто пукало од огнено оружје, лице коешто влегло во конфликт со полиција, лице коешто користело недозволени полициски осветлувања, лице коешто било ослободено по веројатна интервенција од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за коешто година дена постои документ за негово приведување за отслужување на затворска казна? И истото е пуштено при повторување на делото!
Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштено заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи единствено на можноста за опстојување на власта СДСМ/ДУИ?“ изјави Стоилковски.
Тој порача дека државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на, како што рече подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт. Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш, заклучи тој.
Македонија
ЈСП: Возрасните лица бесплатно ќе ја користат жичницата

ЈСП Скопје информира дека одредени категории лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата.
Право на превоз без надомест, секој работен ден на Жичарницата, имаат возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) со приложување на лична карта или пасош, деца без родители и родителска грижа до 18 год, како и деца до 6 години.
Освен посочените категории лица, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволен за средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка.
И студентите имаат право на бесплатен превоз, во четврток, со приложување на индекс или студентска легитимација.
На децата без родители над 18 год, им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот.
Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот.
Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.