Контакт

Македонија

Без струја делови на Кисела Вода и Аеродром

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на општините Кисела Вода и Аеродром.

Па, така, во периодот од 8 до 10.30 часот струја ќе немаат корисниците од булеварот Борис Трајковски – подулица бр. 5 во општина Кисела Вода, а во периодот од 11 до 13.30 часот дел од корисниците од улицата Лисец во село Горно Лисиче во општина Аеродром.

Македонија

Утре без вода делови на Центар

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека утре поради дефект на затварач од Ф – 200 мм на бул. Кочо Рацин б.б во периодот од 08.00 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од бул. Кочо Рацин, како и дел од корисниците од улиците Пролет, Стив Наумов и Тетовска. ( општина Центар )

Прикажи повеќе...

Македонија

Евромбасадорот Дејвид Гир на средба со претставници од ЛГБТИ+ заедницата

Објавено пред

По повод одбележувањето на 8-годишнината од ЛГБТИ Центарот за поддршка, денес, во социјалниот простор „Комитет“, се одржа средба помеѓу амбасадорот Дејвид Гир и активистите што се борат за правата на ЛГБТИ+ заедницата во земјата, обединети во Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Заедничката средба отвори можност за дискусија на важните теми на денешницата, како за донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и процесот на интеграција во ЕУ, но и за некои достигнувања преку напорната работа во минатото.

Амбасадорот Гир ја истакна важноста на Законот за антидискриминација што треба да се донесе, но и на Комисијата за заштита од дискриминација што треба да резултира со назначување професионалци кои ефикасно ќе ја подигнат свеста и ќе ги заштитат сите граѓани од дискриминација. Понудена беше ЕУ помош на властите и на граѓанските организации во подобрување на правната рамка и практиките кон ЛГБТИ луѓето. Сепак, во наредниот период, поголемите и здружени напори ќе бидат од клучно значење за значително да се подобри почитувањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето, беше оценето на средбата.

„Во процесот на промовирање и борба за правата на ЛГБТИ заедницата, посебно се важни силните сојузници и поддршката, особено какви што имавме со претходното Собрание преку Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ. Оваа група беше една од најактивните и најуспешните групи во Собранието во последните неколку години и ние посветено работиме за повторно да ја формираме Групата во рамките на новиот состав на Собранието“, беше посочено од страна на активистите.

„Во последните неколку години подобривме дел од законската рамка, но, за жал, доживеавме и процеси во кои правата на ЛГБТИ не беа високо на политичката агенда и останаа да чекаат подобри времиња. Донесен беше Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој за првпат обезбеди заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, но, исто така, се соочивме и со негово укинување. Доживеавме слаба имплементација на Кривичниот законик во заштитата од злосторства од омраза засновани на сексуална ориентација и родов идентитет, неказнивост за говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето и недостиг на низа законски решенија што соодветно ќе ги адресираат проблемите и потребите на оваа заедница“, кажаа учеснците.

Активистите се обврза дека и покрај сите предизвици ќе продолжат да работат секојдневно за подобрување на состојбата со правата на ЛГБТИ во земјата и животот на луѓето од заедницата.

Тие оценија дека средбата е добар прв чекор за соработка и заеднички напори во обединетата борба за еднаквост на сите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Естонија целосно ја подржува европската интеграција на Северна Македонија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, имаше видеосредба со министерот за надворешни работи на Република Естонија, Урмас Реинсалу.

„Естонија е наш докажан пријател и ја цениме силната поддршка што ни ја испраќате за нашата посветеност во остварувањето на европските стандарди во сите области. Очекуваме во претстојниот период да се завршат сите подготовки и усогласувања за да се одржи првата меѓувладина конференција, која ќе го означи почетокот на затворањето на поглавјата за нашето членство во ЕУ, како прв чекор за градење на нашата заедничка иднина“, потенцира Османи.

Министерот Реинсалу ја реафирмира определбата за натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји, ја поздрави реформската определба на министерот Османи во напорите за зачленување во ЕУ и укажа дека овој курс треба да продолжи да се имплементира во нашата држава.

На разговорот воедно беа разгледани можностите за интензивирање на високиот политички дијалог, соработката во доменот на безбедноста во рамките на НАТО, но и преку учество на наши експерти во НАТО-центарот за сајбер-безбедност во Талин, како и потенцијалите во трговијата, енергетиката, ИТ и дигиталните технологии.

Оваа средба е дел од дипломатската активност на министерот Османи во пресрет на претстојните европски самити на Европската Унија кога се очекуваат клучните одлуки за финализација на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција до крајот на годината како официјален почеток на преговорите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија2 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука4 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија4 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија5 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија6 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион6 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион6 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет7 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет7 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа7 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија16 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет19 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа20 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија21 час

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие