Македонија
Без струја делови на Кисела Вода и Сарај

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на општина Кисела Вода и Сарај.
Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Стрмашево и дел од ул. Кавалска (општина Кисела Вода), а во периодот од 9 до 14 часот корисниците од селата Радуша, Орашје и Дворце и караулата Радуша (општина Сарај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Aлфите го пронајдоа детето што се изгуби на кејот на Вардар

Единицата Алфа го пронајде 12 годишниот Мартин кој денеска се загуби во близина на кејот на реката Вардар.
Од МВР информираа дека момчето било пронајдено во близина на хотелот Хилтон и потоа предадено на мајката.
Мајката на Мартин претходно пријави во полицијата дека околу 14 часот кај маркет во близина на кејот на реката Вардар го изгубила својот син, кој боледува од аутизам. Од полицијата соопштија дека веднаш презеле мерки и активности за пронаоѓање на детето.
Македонија
Шекеринска до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања

„По принципот ‘држете го крадецот’ оние кои што беа прогласени за шампиони во партизацијата на сите нивоа, вклучително и на Армијата, денес се сликаат пред Министерството за одбрана и изнесуваат апсурдни наводи, па уште нарекувајќи ги изјави или прес-конференции. А зошто? Затоа што можеби го нарушивме принципот од нивно време едни исти луѓе да одат во Авганистан преземајќи ги на тој начин ризиците но и убавата заработка? Некој ваш не отишол?“, ваква е реакцијата на Министерството за одбрана и министерката Радмила Шекеринска, по прес-конференцијата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се вели дека е воспоставен фер и праведен принцип за селектирање на учесници во мисиите со почитување на процедурите.
„ВМРО-ДПМНЕ најдете си друга тема. На пример, ако толку сте загрижени за одбраната, гласајте го новиот закон. Ете шанса да го покажете вашиот патриотизам. Овој закон не е за министерката Шекеринска, туку е за Армијата, за нашата одбрана, за хармонизација со НАТО. Или како и за НАТО, ќе чекате ние да ја завршиме работата, па потоа ќе се приклучите кон славењето.
Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања. Бидете доследни барем сега кога ги поправаме вашите бесмислени и коруптивни политики“, се вели во реакцијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: За власта има мед, а за народот леб и сол

Зоран Заев ја опустоши и ограби државата за овие три години колку што е на власт. Нема бизнисмен кој не е изрекетиран, нема институција каде немало сомнителни милионски тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на денешното обраќање на Заев.
„Три години имаше заборавено на генералниот реизбор на судии и другите ветувања кои ги имаше давано од опозиција, затоа што го притискаше судот да не му пресуди за поткупот од 200.000 евра. Судиите му требаа додека вршеше разни притисоци за предмети како да бидат или да не бидат пресудени и кој да излезе од притвор или затвор.
Ги пушти осудените за убиството на 5 – те деца кај Смилковско, па еден избега, а во затвор има невини луѓе кои лежат за патриотско чувство.
Три години владее вистински режим. Режимот на Зоран Заев диктаторот од Муртино. Во чие време е сторен најтешкиот криминал, со рекетарско бандитска изнуда на над 20 милиони евра, а ниту една институција не реагирала да го заштити бизнис секторот.
Три години владее режимот на Зоран Заев во кој за нив има мед, а за народот леб и сол.
Три години ја задолжуваат државата и направија нов долг од над 900 милиони евра, пари кои ќе ги враќаат нашите деца.
Три години државата тоне, а тие ги билдаат банкарските сметки.
Ова црнило мора да заврши. Зоран Заев на 12 април си заминува од власт. По 12 април следува обнова на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија6 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде