Контакт

Македонија

Без струја делови на село Батинци

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат од 9 до 15 часот корисниците од село Батинци ( Општина Студеничани).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Холандија ќе испрати тестови за коронавирус во земјата развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија

Објавено пред

Холандија ќе ѝ даде поддршка на земјава преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија, кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација. Се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена.

Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно-транскрипциска полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментот најсензитивната метода за детектирање на вирусот. МААЕ има опширно искуство во пренесувањето на знаењето и на материјалите. Технологијата користена за овие тестови е првично воспоставена за потребите на ветеринарниот сектор заедно со Организацијата за храна и земјоделство, а потоа доразвиена и искористена во рамките на справувањето со епидемиите на зика и ебола.

„Запирањето на пандемијата на коронавирусот е од општ интерес за човештвото. Треба да работиме заеднички на глобално ниво за да ја ставиме под контрола“, изјави холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок. Вкупната холандска поддршка за тестовите за коронавирус од МААЕ, кои ќе бидат дистрибуирани во Северна Македонија, Украина и Мароко, изнесува 500.000 евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Куманово повторно бара целосна изолација на градот

Објавено пред

Куманово повторно побара од властите да прогласат целосна изолација на градот.

„Бараме од Владата на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на градот Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезовите и излезите во градот“, соопшти Општината по состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Општината апелира до граѓаните да се придржуваат во согласност со препораките на Министерство за здравство и Владата да се однесуваат одговорно кон себе и кон другите околу нив.

Куманово е втор град по бројот на потврдени случаи на коронавирусот. Од вкупно дијагноситицирани 384 лица, од Куманово се 62.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јованоски: ПЗУ „Ортомедика“ е затворена по потврдувањето дека еден од вработените е позитивен на коронавирусот

Објавено пред

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, демантира дека имал контакт со еден од вработените во ПЗУ „Ортомедика“, кој е позитивен на коронавирусот.

„Како прв човек на градот чувствувам потреба и обврска да се обратам до вас, граѓаните на општина Прилеп, во однос на дезинформациите што вчера и денеска кружат на социјалните мрежи за наводен мој контакт со кој било од вработените во ПЗУ ‘Ортомедика’ во последните петнаесетина дена, каде што, за жал, на еден член на медицинскиот персонал му е констатиран позитивен наод на коронавирусот. Со најголема индигнација ги отфрлам ваквите дезинформации“, рече тој.

Јованоски рече дека веднаш по потврдувањето на случајот, во согласност со препораките на надлежните служби, амбулантата е привремено затворена, а другите членови од медицинскиот персонал се наоѓаат во самоизолација.

„Во услови кога борбата со коронавирусот е наш врвен приоритет, тенденциозното ширење дезинформации и лажни вести е чин на највисока неодговорност и е во правец на создавање паника и страв кај граѓаните“, рече градоначалникот.

Јованоски апелира граѓаните да се информираат исклучиво од претставници на официјалните институции.

„Да не ги стигматизираме заразените со коронавирусот, како и сите оние што се наоѓаат во самоизолација. Да им дадеме поддршка во справувањето со оваа болест затоа што тоа секому може да му се случи“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија1 час

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија1 час

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија2 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија2 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ4 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет5 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет5 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија6 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија6 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија6 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион6 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет7 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија8 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет8 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава8 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет9 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија20 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија21 час

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија24 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Досие