Македонија
Без струја делови на Центар, Студеничани, Сарај и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Студеничани, Сарај и Аеродром.
Во периодот од 8:30 до 15:30 часот, струја ќе немаат корисниците од ул. Димитар Пандилов, објектите со броевите: 1, 2, 3, 3а, 4, 4а, 5, 7, 9, улицата Питу Гули, Амбасадата на Полска и околните објекти на ул. Питу Гули (општина Центар), од 9 до 15 часот корисниците од улиците: 4, 6 и 7 во село Батинци (општина Студеничани), од 9 до 15 часот корисниците: Месна индустрија „Ука комерц“, кланицата „Вилан“ и дел од село Љубин (општина Сарај).
Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците во Долно и Горно Лисиче (општина Аеродром), од 9 до 15 часот корисниците: кафеана „Лезет“, улицата Страшо Пинџур броевите: 4, 6, 8, 10, 12, булеварот Кузман Јосифовски Питу броевите 4, 6, 8. (општина Аеродром ), како и корисниците на дел од селото Рашче (општина Сарај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Центар поставува заштитни нано филтри на сите прозорци во детските градинки

Здравјето и добросостојбата на нашите деца е еден од врвните приоритети во работата на Општина Центар и на градоначалникот Горан Герасимовски. Во таа насока, Општина Центар неделава започна со поставување на заштитни нано филтри на прозорците на сите 11 детски градинки под надлежност на општината.
Досега филтри се поставени на матичниот објект на детската градинка „Кочо Рацин“, на прозорците на објектот „Наум Наумовски Борче“ од истата градинка, а во текот на наредните денови исти такви филтри ќе се постават и на останатите 9 објејкти на општинските детски градинки.
Филтрите имаат за цел да делуваат против ПМ честичките и штетните надворешни влијанија, кои се особено изразени во зимскиот период. Со поставувањето на филтрите во голема мера се намалува изложеноста на децата на ПМ 10, ПМ 5 и ПМ 2,5 честичките, воедно спречувајќи го загадувањето на амбиенталниот воздух и просториите во градинките.
Нано филтрите се изработени од еколошки и биоразградливи материјали, не нанесуваат штета на здравјето на децата и вработените и не ја загадуваат животната средина.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Срамна епизода „Стево и Плочата“ до вчера се фалеше, денес вели дека била спомен плоча од времен карактер

Според опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски води политика од денес за утре.
„Се е сведено само на гол пиар и зад неговите ставови и потези нема никакна стратегија, туку се води според народната купи ден помини. Пред само една недела Пендаровски бомбастично ја промовираше својата посета на манастирот Свети Прохор Пчински кај што се одржало првото заседание на АСНОМ“, велат од партијата на Мицкоски.
„Поминаа само фалбите на Пендаровски, помина пиарот и по принципот на потемкино село, работите ги снема.Она на кое што Пендаровски посвети најмногу фалење, а тоа е спомен плочата во манастирот, веќе е тргната. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако не си ги порекне своите зборови. Тој секој пораз знае да го преставува како победа, ама сосема друго прашање е колку му веруваат граѓаните. Па така и во овој случај неговиот кабинет се брукаше па објаснува дека спомен плочата била од “времен карактер“ (!?) Веројатно во светот ова е единствен случај на времена стави-вади спомен плоча која како потемкино село се става и вади само за очите на јавноста“, се додава во писмената реакција од опозициската партија.
Оваа срамна епизода „Стево и плочата“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е продолжение на безличната политика на Пендаровски, која во последните неколку месеци ја збогати, како што велат, со зачестени пишман изјави во стилот на неговиот соработник Заев.
„Пендаровски треба да знае дека и тој како и целата оваа екипа на СДСМ ќе завршат на историското и политичкото буниште заради сите лаги, понижувања и порази кои му ги приредија на народо“, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, во ЕУ со заштитен македонски идентитет и јазик

СДСМ со одговорен, државнички пристап за само пет години ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата, поставени при осамостојувањето пред повеќе од 30 години, потенцираат од оваа партија.
„Република Северна Македонија е полноправна членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус ги започнавме и преговорите за членство во Европската унија и тоа со заштитен македонски идентитет и чиста формулација за македонскиот јазик. Лагите на ВМРО-ДПМНЕ потонаа, нема асимилација, ни бугаризација. Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини за некакви нови договори и да измислуваат конструкции“, се истакнува во соопштението од СДСМ.
Додека ВМРО-ДПМНЕ лаже и го плаши народот, СДСМ, додаваат од таму, продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.