Македонија
Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиено известување од ЕВН, информира дека паради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија на ден 17.5.2022 година (вторник) ќе останат следните корисници:
· Од 8:00 до 12:00 ч. ул. Ѓорѓи Крапчев од бр. 2 до бр. 30
· Од 8:30 до 11:00 ч. Катланово, општина Петровец: улица 1 во С. Тотоинци (дел од село Тотинци)
· Од 12:00 до 16:00 ч. општина Кисела Вода: ул. Христо Татарчев 22
· Од 8:30 до 10:00 ч. Мралино општина Илинден: улица Петровец – позади бензинската Макпетрол; општина Петровец: Викенд-населба Наово, дел од ул. 1, Монопласт, Млекарница Битола, Жито Алтан, Вајомаг, Идризово: Идризово ул. 5, ул. 8, Фарма Блир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дејвид Гир: Чисто е, одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања

Дејвид Гир – амбасадорот на Европската Унија во земјава со поддршка за Северна Македонија за побрзо отпочнување на пристапните преговори.
Тој во објава на Твитер“ вечерва напиша дека македонскиот јазик во преговарачката рамка е без фуснота.
„Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, дека ќе се зацрта патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања“ – напиша Гир.
Welcoming the continuing consultations of the revised proposals presented by @Europe2022FR. Today at the NSC. 1/2
— EU Ambassador David Geer (@AmbassadorEU) July 3, 2022
Македонија
(Видео) Протестот против францускиот предлог и денеска пред Владата

Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.
Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.
Протестот што почна вчеравечер официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.
Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да се приклучат, за, како што кажа, да се одбрани тоа што се нарекува европска вредност и да се спаси процесот на преговори со Европската Унија.
И вечерва учесниците упатуваат пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува.
Се интонира националната химна, а преку разглас се пуштаат патриотски песни.
Македонија
Ковачевски: Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту некогаш ќе се случи да го асимилира

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту го асимилирал, ниту некогаш ќе се случи некој да го асимилира.
„Ние сме горди на својата историја, горди сме на својот јазик, горди сме на својот идентитет со сите негови аспекти. Така било, така е и така ќе биде. Имавме средба на која што јас го претставив предлогот, на која што претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ги истакна своите размислувања и позиции и како и секогаш апелирав дека ова е голема одлука за која што треба државничко однесување и ни треба ладна глава која пред се ќе значи мир, стабилност во државата за да можеме да ја донесеме вистинската одлука”, рече Ковачевски.
Ковачевски истакна дека апсолутно се согласува со претседателот Стево Пендаровски дека од преговарачите треба да се побара придржување на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во овој процес.
„Претседателот имаше едно исклучително државничко обраќање до сите граѓани на државата и нормално дека го поддржувам во тоа дека ние ќе ги побараме како Влада од нашите преговарачи до нашите институции сите гаранции дека тие ќе се придржуваат до резолуцијата која сме ја донеле во Собранието, а во која се отсликани нашите позиции”, рече Ковачевски.