Македонија
Без струја делови од Скопје

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од село Крушопек како и корисниците од село Сарај лоцирани кај општината и рекреативниот центар Сарај. ( општина Сарај )
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 10, како и дел од корисниците од ул. 134 во населба Сопиште. ( општина Сопиште )
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улиците Иван Цанкар и Вангел Дину. ( општина Карпош )
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Ленинова лоцирани кај КФСМ, корисниците од бул. Партизански Одреди лоцирани кај Зегин и Академска Книга, корисниците од ул. Владимир Полежиновски, како и дел од корисниците од ул. Стефан Јакимов – Дедов. ( општина Центар )
– во периодот од 12.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани над полициската станица Водно кон Средно Водно, како и дел од корисниците од место викано Шербетница во општина Центар. ( општина Центар )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.