Контакт

Македонија

Без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 4:30 до 5:00 часот, поголем дел од централното градско подрачје, односно дел од населба Пролет, јавните институции и другите објекти лоцирани на кејот на реката Вардар, плоштад Карпошово востание, „Веро џамбо“, дел од корисниците лоцирани кај Зелен пазар, како и дел од корисниците од населба Кисела Вода од зграда Пегла до објектот на технички преглед (општина Центар и Кисела Вода)
– во периодот од 7:30 до 15:30 часот, продавниците лоцирани на пластичарската улица на пресек со ул. Исмаил Кадаре, корисниците од улиците Исмаил Кадаре и Кумбара, како и дел од корисниците од улиците Кримска и 138 (општина Чаир)
– во периодот од 7:50 до 15:30 часот, корисниците од село Кучково (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 8:30 до 11:30 часот, каменоломите на Титан Беровиќ и Гама Градба, корисниците од селата Осинчани, Елово, Црн Врв, Малчиште и Маркова Сушица, (општина Студеничани) Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Држилово, Ракотинци и Добри Дол, како и објектите на ловиштето Јасен (општина Сопиште)
– во периодот од 8:30 до 13:30 часот, корисниците од село Добри Дол, лоцирани на потегот од црквата кон град Скопје (општина Сопиште)
– во периодот од 8:30 до 18:00 часот, корисниците од селата Горно и Долно Соње, Света Петка, Чифлик и Говрлево, како и сите стопански и нестопански објекти на тој потег (општина Сопиште )
– во периодот од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Бернард Расел (општина Ѓорче Петров).

Македонија

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во базата на позитивни случаи на ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои што според финските власти по доброволното тестирање, 24 биле позитивни на коронавирус.

Од Министерството потврдуваат дека ниту еден од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Претходно Министерството за здравство информираше дека по проверка на информациите со службите од Скопскиот аеродром и граничната полиција било утврдено дека се работи за патници, иселеници, коишто доаѓаат во Македонија, или транзирираат преку Македонија од различни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа, за коишто со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата.

Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отпечатен Прирачник за аутизам

Објавено пред

Неодамна од печат излезе Прирачникот за родители на деца со состојби од аутистичен спектар и професионалци од нивниот круг на поддршка.

Прирачникот е публикуван на три јазици: македонски, англиски и албански јазик, а финански е поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија и Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

Тој нуди различни пристапи, практики и сугестии базирани на докази за родителски вештини за деца и млади со аутизам.  Истовремено, овој прирачник е вредна алатка што ќе им користи на различни профили професионалци вклучени во поддршката на децата во нивната секојдневна работа.

Прирачникот „Поддршка на социјалниот развој и позитивното родителство“ претставува прво вакво четиво. Во него се обработени 7 поглавја, со кои целосно се опфатени курикулумот за едукација на професионалци и родители и обуките реализирани во неколку јавни установи од социјалната заштита и преку серија виртуелни работилници и вебинари во периодот од јануари до јуни 2020 година.

Воведниот дел, во кој се дадени основните карактеристики на ова первазивна состојба, е подготвен врз основа на материјалот изработен од проф. д-р Владимир Трајковски, користен за потребите на обуките. Второто поглавје ги опишува развојните аспекти на социјалните вештини и социјалната комуникација и најчестите предизвици со кои се соочуваат децата со аутизам. Во третото поглавје се дадени насоки за процена на социокомуникациските вештини и рамка за планирање на интервенцијата. Четвртото поглавје ги објаснува практиките базирани на докази и видовите пристапи во подучувањето на оваа ранлива категорија деца.

Овие три поглавја се подготвени врз основа на материјалот користен за потребите на обуките, а изработен од м-р Ивана Василевска Петровска. Во петтото поглавје, големо внимание е посветено на начините и алатките за поддршка на детето, и тоа: организациска поддршка, социјалната поддршка, поддршката на комуникацијата и бихејвиоралната поддршка. Петтото поглавје е подготвено врз основа на материјали изработени од м-р Ивана Василевска Петровска и проф. д-р Владимир Трајковски, кои беа користени за потребите на обуките.

Во поново време се зголемува и разбирањето за огромното влијание на сензорната чувствителност кај состојбите од спектарот, па на оваа тема е пристапено од практичен аспект во шестото поглавје, кое е подготвено од проф. д-р Владимир Трајковски. Последниот дел, но не и најмалку важен, е сексуалниот развој и сексуалната едукација, неизоставно врзани со социјалното однесување на децата. Седмото поглавје е подготвено врз основа на материјалите искористени за потребите на обуките, а изработени од м-р Тања Станкова.

Прирачникот изобилува со голем број илустрации и примери од практиката што ќе бидат од голема помош за професионалците и родителите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Над 8.000 лица досега оздравеле во Македонија од коронавирус

Објавено пред

Вкупно 8.087 лица се водат како оздравени од коронавирус во земјава, од почетокот на пандемијата.

Според податоците, само вчера беа регистрирани 422 оздравени пациенти, од кои 173 од Скопје.

Вкупната бројка на заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата изнесува 11.942, а досега починале 528 лица.

Во моментов како активно заразени се водат 3.327 лица.

Од Министерството за здравство информираат дека досега се направени вкупно 115.590 тестирања на ковид -19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Над 8.000 лица досега оздравеле во Македонија од коронавирус

Вкупно 8.087 лица се водат како оздравени од коронавирус во земјава, од почетокот на пандемијата. Според податоците, само вчера беа регистрирани...

Свет1 час

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија1 час

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ2 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет3 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет3 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет4 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет4 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет4 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа4 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет15 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет16 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија18 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет18 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија19 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет20 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет20 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет21 час

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија22 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија23 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Досие