Контакт

Македонија

Без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре планирани се следните технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје поради што без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот дел од корисниците на ул. Сливовска, ул. Пресека, ул. Був, ул. Бабуна, ул. Владимир Каваев (опш. Карпош) како и дел од с. Долно Соње (кон Брзоец) (опш. Сопиште),

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од с .Ново село (околу спортската сала) (опш. Ѓорче Петров), дел од с. Долно Лисиче, делот кон с. Јурумлери, делот кај Расадникот (опш. Аеродром), како и Водовод Јурумлери, дел Драчево кон Јурумлери, Графо Хартија, Вип Драчево (опш. Гази Баба и Кисела Вода)

Македонија

(Видео) Боки 13 со лисици донесен во судот на распит

Објавено пред

Првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на БМЈ медиа груп, Бојан Јовановски познат како Боки 13 со лисици на рацете во придружба на полицијата беше донесен на распит во Кривичниот суд откако попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица.

Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание како и за перење пари.

Шефицата на Одделот за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, на прес- конференција најави дека за двајцата осомничени обцинителството ќе бара притвор.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски

Објавено пред

Полицијата вечерва врши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во скопската насела Тафталиџе.

Пред семејната куќа на Јовановски има полициско возило, а на влезот од дворот може да се забележи припадник на полицијата со уште две лица.

Бојан Јовановски – Боки 13 попладнево беше уапсен на еден од граничните премини во државата на барање на Обвинителството за организиран криминал. Приведен и е бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој попладнево беше спроведен во Кривичниот суд на распит.

Двајцата се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворен патниот правец Истибања – брана Калиманци

Објавено пред

„Македонијапат“ известува дека патниот правец с. Истибања – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница –Бигла – Делчево.За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Боки 13 со лисици донесен во судот на распит

Првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на БМЈ медиа груп, Бојан Јовановски познат како Боки 13 со лисици на...

Регион1 час

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија3 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија4 часа

(Видео) Зоран Милевски донесен во Кривичниот суд на распит

Бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, е приведен и донесен на распит во Кривичниот суд во Скопје. Според шпекулациите...

Македонија4 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија6 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија7 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија7 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија8 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија9 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија11 час

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава11 час

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет11 час

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет13 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион13 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт22 часа

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт1 ден

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Свет1 ден

(Видео) Авион успева да избегне катастрофален пад врз населено место

На видео снимка направена од автомобил овековечен е драматичен момент кога тајландски воен пилот го насочува својот авион далеку од...

Досие