Контакт

Македонија

Без струја повеќе општини во Скопје

Објавено пред

„ЕВН Македонија“ АД информира дека во текот на денот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на повеќе општини во главниот град.

Во соопштението на ЕВН се наведува дека во период од 8:30 до 15:00 часот корисниците од улицата „Ленинградска“, како и улицата „Јосиф Јосифов Свештарот“, во општина Центар ќе останат без струја.

Без електрична енергија во период од 9:00 до 15:30 часот ќе бидат и корисниците од улицата „Франклин Рузвелт“ бр. 51, како и булевар „Партизански одреди“ бр. 48 во општина Карпош.

Без струја во период од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Лука Геров“, под улица 15 и под улица 17 во општина Ѓорче Петров, како и дел од корисниците од индустриската зона Ќојлија- фирмите Кондор и Беташпед во општина Петровец. Во општина Петровец електрична енергија ќе нема во периодот од 9:00 до 10:30 часот.

Струја денеска во период од 7:25 до 12:00 часот ќе немаат ниту корисниците од улицата „Јани Лукровски“, улицата „Ташко Караџа“, улицата „Лазар Поп Трајков“, улицата „Трифун Хаџијанев“, како и улицата „Христо Ботев“ во општина Гази Баба.

Во соопштението од „ЕВН Македонија“ се додава дека без струја ќе бидат и општина Сопиште, Чучер Сандево и Бутел, и тоа во време од 9:20 до 14:00 часот корисниците од Бел Камен, Кучевишка бара, како и Дрво метал, во општина Чучер Сандево, понатаму од 8:40 до 13:00 часот корисниците од влезот во населба Радишани – почеток на улицата „Скоевска“, кај Триаголникот на улицата „Скоевска“, улицата 1558, како и улицата „Ѓоре Ѓоревски“ во општина Бутел и корисниците од дел од селото Долно Соње во општина Сопиште во период од 10:30 до 15:30 часот.

 

Македонија

Заев се сретна со Хан и Столтенберг: Поддршка за интеграциите во ЕУ и НАТО

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и од министерот за економија, Крешник Бектеши, во рамките на агендата за време на неговото учество на владината делегација на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска оствари средби со комесарот за проширување на ЕУ и за соседска политика во Европската Комисија Јоханес Хан, и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На средбата со еврокомесарот Хан беше констатирано дека спроведувањето на историскиот договор од Преспа се одвива според планираното и дека сега е време сиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.

Во разговорот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, уште еднаш беа афирмирани пораките за поддршка и охрабрување што и понатаму стигаат од НАТО, да се финишира спроведувањето на договорот од Преспа, како и очекувањето на почетокот на ратификацијата на протоколот за членство.

Премиерот Зоран Заев потенцираше дека нашата земја е целосно подготвена за тој значаен чин, како еден од двата врвни приоритети на Република Македонија на меѓународен план во 2019 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовски: Градот Скопје ќе вработува 700 партиски војници во ЈСП и Комунална

Објавено пред

Мега скандал е што во изборна година Градот Скопје и Петре Шилегов носат планови за вработување на над 700 партиски војници во само две јавни претпријатија, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Од овие 700 вработувања, во ЈП ‘Комунална хигиена’ се вработуваат 300 нови работници, а во ЈСП се планира вработување на 403 лица. И двете претпријатија опстојуваат поради субвенции на градот Скопје и бележат загуби, а сега граѓаните ќе мора да ги плаќаат и овие нови партиски војници коишто ќе ги вработи СДСМ. Овие 700 вработувања на партиски војници не може никако да се толкуваат поинаку освен како корумпирање гласови пред изборите“, подвлече Арсовски.

Портпаролот истакна дека додека се вработуваат 400 лица ЈСП, во пензија одат само 30 луѓе во првата година, а во ЈП „Комунална хигиена“ се вработуваат 300 луѓе при што само 29 ќе одат во пензија, односно 10 пати повеќе се вработуваат од онолку колку што одат во пензија.

„Ова се вика натрупување на државната администрација со партиски војници. Се работи за раководни звања, раководители на сектори, на одделенија, заменик-раководители, советници“, рече Арсовски.

Тој праша дали Заев и Шилегов со планот за 700 нови партиски вработувања прават вовед во изборен фалсификат на следните претседателските избори, но и како ќе се има доверба во кредибилноста на изборниот процес кога се корумпираат гласови со планови за 700 нови вработувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром и „Нула отпад“ ќе го собираат е-отпадот од домаќинствата

Објавено пред

Општина Аеродром и „Нула отпад“ од денеска почнуваат нов начин на собирање електричен и електронски отпад од домаќинствата.

Жителите на општина Аеродром имаат можност да го користат бесплатниот сервис за собирање е-отпад директно од домовите. Сѐ што треба да направат е да пријават на телефонската еколинија 070/236-000 дека поседуваат електронски или електричен отпад, како што се стари телевизори, машини за перење, бојлери или мали уреди за домаќинство.

„Го поддржуваме овој нов начин на собирање електронски отпад бидејќи тој е еден од најопасните загадувачи. Со собирањето електронски отпад директно од домовите им помагаме на граѓаните на едноставен и бесплатен начин да се ослободат од опасниот отпад“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.
Тој посочи дека ваквите акции имаат големо значење како дел од мерките за заштита на животната средина.

Претставничката на „Нула отпад“, Александра Пановска-Илиевска, рече дека не само што им се овозможува на граѓаните да се ослободат од овој опасен и многу често канцероген отпад, туку на ваков начин и ќе ја избегнат казната од 60 евра предвидена за фрлање отпадна опрема од домаќинствата заедно со комуналниот отпад.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов – Ќосето обвинет за случувањата од крвавиот четврток, преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев...

Македонија41 минута

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија2 часа

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија3 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион3 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија3 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија4 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија5 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет6 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија6 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет6 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет7 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи22 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија23 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие