Контакт

Македонија

Без струја ќе останат делови на Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека на без електрична енергија ќе останат делови на Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош.

Од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Петар Ацев, Анастас Митрев, Иван Горан Ковачиќ и улиците што се во нивна непосредна близина ( општина Аеродром), од 9:00 до 13:30 часот, корисниците од ул. Алекса Демниевски ул.23 и околните улички (општина Ѓорче Петров) и од 9:00 до 12:00 часот, потрошувачите од ул. 59 с. Волково (општина Ѓорче Петров).

Од 9:00 до 12:30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. Козле кај Макпетрол кај бр.93 (општина Карпош), од 11:00 до 15:30 часот, корисниците од булевар Видое Смилевски Бато, делот позади Боксер (општина Аеродром) и од 12:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од потрошувачите во с.Бардовци кај зградите на Машинац (општина Карпош).

Македонија

Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот

Објавено пред

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“  утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Кабинетот соопштија дека на деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии – воведени нови категории за техничките струки

Објавено пред

Министерството за образование и наука информира дека од вчера започна аплицирањето за стекнување на правото на ученичка стипендија во учебната 2020/2021 година. Конкурсите се објавени на интернет страницата на МОН, а крајниот рок за поднесување на документите е 9.11.2020 година.

Покрај вообичаените категории на стипендии кои беа достапи досега: стипендии за социјална поддршка на ученици, стипендии за талентирани ученици, за талентирани ученици спортисти, за деца без родители, за ученици со посебни потребни, за ученици запишани во ДСУ ”Спортска академија”, стипендии за ученици Роми и за ученици од угостителско – туристичката струка, за оваа учебна година Министерството за образование и наука обезбеди и неколку дополнителни категории на стипендии за учениците од средното стручно образование.

Имено, можност за аплицирање за стипендија имаат и учениците од машинска, земјоделско-ветеринарна, текстилно-кожарска, електро-техничка и градежно-геодетска струка. Изборот на овие струки е направен врз основа на истражување за потреба од вештини на пазарот на трудот во Република Северна Македонија за 2020 година, спроведено во соработка со Агенцијата за вработување. Резултатите покажаа исклучителен недостиг на одреден тип на кадар особено за потребите на приватниот сектор, како машински техничар, градежен техничар, електротехничар, келнер, готвач, ракувач со градежни машини, металостругар и заварувач, така што стипендиите се дополнителна стимулација на веќе запишаните ученици максимално да се заложат во градењето на сопствените капацитети и стручни компетенции, но и мотив за избор на средното стручно образование од страна на идните генерации средношколци.

Новина во процесот на доделување ученички стипендии оваа година е тоа што на сите кандидати им се дава можноста да одберат својата апликација заедно со сите потребни документи да ја достават или хартиено преку архивата на МОН, или пак, да аплицираат електронски преку интернет платформата www.konkursi.mon.gov.mk. Кандидатите кои ќе аплицираат електронски, немаат обврска да ги достават документите хартиено и обратно – учениците кои поради било каква причина немаат можност или нема да одберат да аплицираат електронски, ги доставуваат документите само хартиено во МОН, а апликацијата ќе се смета за валидна и ќе биде предмет на разгледување од надлежните комисии.

Дополнително, покрај конкурсите за доделување ученички стипендии, информираме и дека во тек е Конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната 2020/2021 година, со кој на 25 ученици, запишани во државните средни училишта во кои се реализираат планови и програми за музичка уметност, а кои ќе ги исполнат конкурсните услови, Министерството за образование и наука ќе им изврши поврат на дел од средствата за купен музички инструмент во висина од 75% од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент. Аплицирањето трае 60 дена од денот на објавата на конкурсот.

Документите за аплицирање по однос на конкурсите се достапни на следниот линк. За какви било прашања поврзани со аплицирањето за остварување на правото на стипендија, односно финансиска поддршка за купување музички инструмент, Министерството за образование и наука им стои на располагање на учениците. Контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН се објавени на овој линк, а официјалната електронска адреса на министерството е [email protected]

Прикажи повеќе...

Македонија

Државата ќе издвои 54 милиони денари како награда за здравствените работници

Објавено пред

Со ребаланост на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Како што додаваат од таму, парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид-центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.

„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на Јавните здравствени установи“, се наведува во соопштението.

Од ресорното министерство појаснуваат дека предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат и четвртиот сет мерки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Утре ќе се одржи седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“  утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот ќе се одржи...

Свет15 минути

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирус

Куба официјално регистрираше втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да започнат наскоро, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија1 час

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Регион2 часа

Во Хрватска рекорден број на починати и 2.378 новозаразени со Ковид-19

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.378 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2. Рекорден број на смртни...

Свет2 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Свет2 часа

Турција остро ја осуди карикатурата на Ердоган во „Шарли ебдо“

Водечките турски претставници ги осудија карикатурите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во денешното издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“....

Македонија3 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет3 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет4 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет4 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа4 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет14 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија15 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа17 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија18 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија18 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија19 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт21 час

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет21 час

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет23 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Досие