Македонија
Бектеши и Ковачевски во РЕК Битола: Големото значење на рударите се покажа во текот на енергетската криза

„Рударите се наш бесценет човечки ресурс. Рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој. Северна Македонија има непроценливо природно богатство и затоа треба со особено внимание да се грижиме за наоѓалиштата на минерални суровини кај нас“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на свеченоста по повод Денот на рударите во РЕК Битола.
Министерот потенцираше дека оваа година вниманието на Министерството за економија, како и на владата е насочено кон спречување и надминување на енергетската криза која ја зафати цел Европа па и светот.
„Сигурноста во снабдувањето со енергија денес претставува основен универзален услов за стопански развој на една земја или регион. Според степенот на користење на енергијата може да се согледа нивото на економска, технолошка и културна подготвеност на секоја средина“ кажа министерот Бектеши.
Министерот нотираше дека во изминатиов период се соочивме со сериозни предизвици во секторот рударство особено од аспект на заштита на животната средина, што резултираше со законски измени со кои значително се зајакнува контролата над работата на концесионерите, но од друга страна пак се олеснува патот за компаниите кои сакаат да вложат во оваа индустрија и истовремено да ги почитуваат и применуваат највисоките стандарди за работа, овозможувајќи безбедност при работа на рударите кои се изложени на највисок ризик при работењето.
„Министерството за економија со несмалено темпо ќе ги продолжи планираните активности во секторот рударство, обрнувајќи посебно внимание на овој економски сегмент во насока на одржлив раст и развој, остварувајќи партнерски однос со човечкиот потенцијал кој работи во овој значаен економски сектор“ кажа Бектеши.
Генералниот директор и претседател на УО на на АД Електрани на Северна Македонија-ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, во своето обраќање истакна дека една грејна сезона успешно е зад нас, но следува уште една, нова, потешка, по сите предвидувања можеби најтешка во последните 70 години во Европа.
„Изминатата грејна сезона покажа дека со силен ангажман на сите, почнувајќи од вработените, раководителите, директорите, менаџментот, сите заедно, можеме да ги пребродиме сите кризи. Јагленот е основата на производството на електрична енергија од АД ЕСМ и значењето на рударите за нашиот систем дојде до целосен израз во условите на енергетската криза, кога се води засилен процес што повеќе јаглен да се ископа и истиот да се донесе до термоелектраната, кадешто исто така вработените вложуваат максимални напори системот да работи со целосна снага и да се држи функционален. РЕК Битола останува основата на електро-енергетскиот систем на нашата држава. Наша цел како компанија е во иднина повеќе да вложуваме и тоа и го правиме: и во постоечките, но и во нови производни капацитети, кажа Ковачевски.
Директорот додаде дека вложуваат и ќе вложуваат и понатаму во обновливи извори на енергија, што е согласно со државната енергетска стратегија.
„Но вложуваме и во одржување на другите електрани, посебно во РЕК Битола, од причини што во овие услови без енергија од термоелектрани е невозможно да се одржи стабилен и сигурен енергетски систем“ кажа Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времето денеска сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Денеска е сабота, 9 декември 2023 година, 343-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 6:49, а ќе зајде во 16:03 часот. Денот ќе трае 554 минути.
Според информациите на УХМР, наутро ќе биде студено по котлините со ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува.
Во Скопје наутро студено со ниска облачност, а потоа сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, велат од УХМР.
Македонија
Ќе ја извршувам функцијата со должна почит и одговорност, рече Џафери кој ќе седне на премиерската фотелја 100 дена пред избори

Претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, Талат Џафери, се огласи во јавноста откако партијата му ја даде довербата да биде технички премиер во период од 100 дена пред изборите, односно од 28 јануари до 8 мај.
„Ми претставува особена чест за доделената доверба од партиските органи и секако можам да кажам дека и оваа функција со должна почит и одговорност ќе биде спроведена од моја страна, како одговор на поддршката од партиските органи и граѓаните“, рече Џафери.
Именувањето на технички премиер кој во предизборниот период ќе дојде од редовите на ДУИ , беше дел од коалицискиот договор меѓу екслидерот на СДСМ, Зоран Заев и на Интегративците, Али Ахмети, а по изборите во 2020 година. На тие избори ДУИ водеше предизборна кампања повикувајќи ги граѓаните да го изберат првиот премиер Албанец.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: По дезертерот Ковачевски, доаѓа дезертерот од АРМ и деспот од Форино Талат Џафери, срам за Македонија

СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на ДУИ, Џафери да биде премиер 100 дена пред избори.
„Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.
Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.
Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.