Контакт

Македонија

Беса: Мнозинството е можност да се интервенира за зајакнување на правата на Албанците

Објавено пред

Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието е можност да се интервенира  и кај зајакнувањето на правата на Албанците во Македонија. Вака БЕСА на Биљал Касами го коментира вчерашното гласање за уставните измени во Собранието.

„Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти. Со измените уставот ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници“, наведува БЕСА во соопштението.

Сега е можноста, смета БЕСА на Касами, да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија.

Македонија

Милошоски: Власта го користи притворот за тепање и малтретирање

Објавено пред

Некој влијаел врз обвинителството да го смени мислењето и да покрене обвиненеие за Вељаноски за случувањата од 27 април 2017, рече Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на распрвата за имунитетот на поранешниот претседател на Собранието, во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Тој додаде дека власта е во спрега со обвинителството и притворот го претвора во казна наместо мерка за претпазливост, за тепање и малтретирање и понижување, алудирајќи на вчерашните случувања во затворот во Шуто Оризари.

Милошоски обвини дека се прави пресметка со политички противници, нарачки за одземање имунитети и притвори за тепање на поранешни министри.

„Ова е нарачан случај за власата да ги прикрие своите неспособности. Собранието да покаже дигнитет и да ги надмине нарачките на власата, односно да не се одземе имунитетот“, побара Милошоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Богоевски до Вељаноски: Не сме тука да го цениме обвинението, туку да расправаме за имунитетот

Објавено пред

Не сме тука да ги цениме околностите што ви се товарат за обвинението, туку да расправаме за барањето дали да ви се одземе имунитетот, му рече Павле Богоевски на пратеникот Трајко Вељаноски за време на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

„Убаво ја опишавте хронологијата на настаните за конститутивната седница, но не може да ме убедите дека од декември до април има само еден месец. Со траењето на седницата 4 месеци ризикуваме да се блокира цела држава. Според мене, треба да пстапиме како во сите други случаи кога суд барал одземање имунитет. Да се заврши постапката во суд, а не други институции да се користат во политички цели“, рече Богоевски.

Вељаноски возврати дека треба да има дискусија, а не собранието само како нотаријат да псотапува со удирање еден печат на барањето од судот.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Лага е дека биле вадени органи од лицата кои беа пронајдени мртви

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ги отфрла пишувањата по социјалните мрежи дека им биле вадени органите на лицата кои изминативе денови беа пријавени за исчезнати, а потоа пронајдени мртви. Според МВР, станува збор за лаги и измислици на неодговорни поединци кои ги споделуваат на социјалните мрежи за да предизвикаат паника кај граѓаните.

„Целосно ги демантираме лагите и измислиците што неодговорни поединци ги шират по социјалните мрежи со цел да предизвикаат паника кај граѓаните. МВР ја гарантира безбедноста на граѓаните. Апсолутна лага е дека имало некакво вадење органи или некакви слични дезинформации. Апелираме до медиумите и јавноста да се повикуваат на официјалните податоци на институциите и да се воздржат од шпекулации што можат да ја вознемират јавноста. Статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата, и дека во континуитет во последниве пет години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94% . Апелираме уште еднаш за воздржување од шпекулации кои неосновано ја вознемируваат јавноста“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека ќе преземат мерки против лицата кои ги шират ваквите вести со намера да ја вознемират јавноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Котевски: Ќе поднесам оставка, зборот на премиерот е последен

Директорот на истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, ќе го послуша премиерот кој од него побара оставка по вчерашниот...

Македонија33 минути

Емотивни говори и обвинувања на расправата за имунитетот на Вељаноски

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и...

Македонија50 минути

Мртва девојка пронајдена во скопско Волково

Утрово во скопско Волково е пронајдено безживотно тело на девојка чиј идентитет засега е непознат. Според неофицијални информации, на телото...

Македонија1 час

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 час

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија2 часа

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа3 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија3 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија3 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија13 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија15 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија16 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија18 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија18 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија19 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ21 час

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Досие