Контакт

Македонија

Беса: Направивме вистинска одлука со тоа што застанавме на вистинската страна

Објавено пред

Движењето Беса им се заблагодари на сите избирачи кои, дури и во вакви услови на пандемија, излегоа и гласаа за Движењето Беса и коалицијата „Можеме“.

„Завршивме еден предизвикувачки изборен циклус, презедовме што никој не се осмели до денес и докажавме дека направивме вистинска одлука со тоа што застанавме на вистинската страна.
Понекогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна, но Движењето Беса на овие избори ги има и бројките и победата и е поставена таму каде што сакаат повеќето граѓани во земјата, во опцијата што гарантира пат за интеграција во ЕУ, економски развој и градење рамноправна држава за сите, врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други заедници етнички.

Успеавме да го удвоиме бројот на мандати, така што на овие избори во Собранието ќе имаме 4 пратеници на Движењето Беса. Исто така, изразуваме задоволство што нашето учество во коалицијата „Можеме“ ја направи разликата и ја обезбеди победата. Несомнено, мандатот на Коалицијата СДСМ и Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграцијата на земјата во Европската Унија и одржување на прозападната ориентација на земјата која се потпираше на нашите сојузници како САД и земјите од ЕУ“, порача генерален секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.

Македонија

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Објавено пред

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар.

Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во  втор круг ќе одат во Струга, Врапчиште, Боговиње, Теарце и Чаир. За Тетово, рече дека се чекаат официјалните резултати.

Села во своето обраќање обвини за уцени, притисоци и поткуп.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Објавено пред

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат на изборниот резултат, кој според неофицијални информации, им донесе победа во дваесетина општини во првиот круг. Тие си честитаат меѓусебно, додека ечи музика. Освен тапани, тие слават и со факели.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави обраќање од седиштето, каде се очекува да каже неофицијални информации добиени од аналитичкиот штаб на партијата.

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат водство во Битола и Охрид, каде кандидатите биле на граница да освојат мандат во прв круг од локалните избори.

Меѓу скопските општини, од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека водат во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Гази баба. Ова се информации од аналитичкиот штаб на партијата.

Државната изборна комисија и натаму ги собира информациите за гласањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Објавено пред

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница.

Ахмети рече дека партијата е во водство во Тетово, Струга, Чаир, Кичево, Арачиново, Боговиње, Теарце и Долнени.

За Гостивар, каде актуелниот градоначалник, Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива прогласи победа, Ахмети рече дека ДУИ сѐ уште ги нема конечните резултати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија57 минути

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија1 час

СДСМ очекува победа во Крушево, Ресен и Струмица

СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ брифираат дека на локалните избори предност пред ВМРО-ДПМНЕ имаат во Валандово, Дојран, Крива...

Македонија2 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија2 часа

Николовски: СДСМ и коалицијата ќе забележат уште една сигурна победа

Љупчо Николовски, генерален секретар и шеф на централниот изборен штаб на СДСМ изјави дека во нивниот аналитички компјутерски центар веќе...

Македонија3 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија3 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија4 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија5 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија5 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија7 часа

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија8 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет8 часа

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Македонија10 часа

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија10 часа

Проблеми со уредите за отпечаток на повеќе избирачки места, ДИК апелира гласачите да притиснат повеќе

На дел од избирачките места утрово гласањето било прекинато поради проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите. Портпаролката на...

Македонија11 час

Член на политичка партија пријавил дека осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите

Член на политичка партија пријавил во американската амбасада дека 83 осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите, соопшти Јавното...

Свет13 часа

Повеќе од 1.000 починати од коронавирус во Русија за 24 часа

Русија регистрираше повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, првпат од почетокот на пандемијата. Дневниот број на...

Свет14 часа

(Видео) Руските актерка и режисер кои снимаа филм во вселената се вратија на Земјата

Руските актерка и режисер кои поминаа 12 дена на Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да го снимат првиот филм во...

Македонија15 часа

Локални избори во Македонија, првпат се гласа со апарати за отпечаток од прст

Во Македонија се одржуваат седми локални избори од независноста на државата, а за првпат се користат апарати за отпечаток од...

Македонија1 ден

Од коронавирус почина 22-годишен пациент од Битола

Дваесет и двегодишен пациент од Битола е еден од починатите од коронавирус во изминатите 24 часа. Од Министерството за здравство...

Досие