Контакт

Македонија

(Видео) Била уништена застарена опрема за прислушување, вели адвокатот на Тони Јакимовски

Објавено пред

Воопшто не држат наводите на Обвинителството дека опремата за прислушување е намерно уништена, рече денеска во изјава за медиумите Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Тони Јакимовски во случајот „Тврдина-Таргет“.

Тој ова го образложи велејќи дека кога ќе се набави нова опрема, во согласност со правилата и со договорот со снабдувачот е одредено старата задолжително да се уништи.

„Застарената опрема која не можела да ги следи технолошките текови била заменета со нова, а претходната уништена“, истакна Јакимовски, кој додаде дека ова ќе биде еден од клучните аргументи на одбраната во случајот „Тврдина-Таргет“.

Македонија

Приведен маж од Крушево, во неговото комбе полицијата пронашла 45 лица од Пакистан, Сирија и Авганистан

Објавено пред

Триесет и шестгодишен маж од Крушево бил приведен вчера поради „криумчарење на мигранти“.

Како што соопшти МВР, на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе  со скопски регистарски таблички во кое имало мигранти и бегалци, од кои 42 од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан, а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Објавено пред

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на општината Ѓорче Петров.

Од ЈСП информираат дека при инцидентот нема повредени патници и причинета е само материјална штета.

Автобусот сообраќал на редовна линија во правец кон Центар и бил изгаснат во брзо време, благодарение на брзата интервенција на екипата на Противпожарната бригада.

Возачот на автобусот изјави дека за време на возењето забележал чад од горниот кат на возилото, застанал и со противпожарни апарати се обидел да го изгасне. Во меѓувреме забележал и искрење и повикал на помош екипа на Противпожарната бригада.

Причините за пожарот се  утврдуваат, информираат од ЈСП кои додаваат дека веднаш излегле на терен. Во моментов, на терен врши увид и екипа на МВР.

,,Најбитно е што немаме ниту еден повреден патник. Возачот Ивица Петрушевски навремено ги евакуирал сите патници и започнал да го гаси пожарот со ПП апаратите. Пожарната пристигна за помалку од 5 минути. Пожарот е изгаснат.Почит за возачот и пожарникарите, напиша на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој објави видео од интервенцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Реконструиран дел од улицата Ѓорче Петров

Објавено пред

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на дел од улицата Ѓорче Петров, на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“, а градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, се до бензинската пумпа на Макпетрол.

На реконструираниот дел изминатиов период беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Во наредните денови, градежни работи ќе се одвиваат на делот до бензинската пумпа на Макпетрол. Целосната реконструкција на улицата Ѓорче Петров се очекува да заврши пред крајот на летото.

Градот Скопје со овој градежен зафат ќе ја реконструира улицата Ѓорче Петров на должина од околу 1.500 метри, на потегот од општинската зграда до бензинската на Макпетрол. Целта е да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се намали метежот.
Додека траат градежните работи, апелираме до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација на улицата и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа33 минути

(Видео) Во пожар во болница во Франција едно лице загина, осум се повредени

Најмалку едно лице загина, а осум се повредени во пожар што избувна вчера во болничкиот комплекс во париското предградие, објави...

Македонија36 минути

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Свет1 час

(Видео) Иран откри дека има нов ракетен систем – „Бавар-373“

Иран откри дека го развил својот нов мобилен ракетен систем, сличен на рускиот систем С-300. https://media.mehrnews.com/d/2019/08/22/0/3214164.mp4 Станува збор за систем...

Свет1 час

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија2 часа

„Ла верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето,...

Европа2 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија13 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија14 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион15 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија17 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија17 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија18 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија18 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија20 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија21 час

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ24 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет1 ден

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија1 ден

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион1 ден

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Досие