Македонија
(Видео) Камери го снимиле убиството во Грција: од четворица присутни, цел биле Оки и другарот, две жени сведочеле
Начинот на кој бил убиен македонскиот државјанин Орхан Бајрами-Оки покажува дека се работи за нарачано убиство, велат грчките медиуми. Сепак, останува истрагата да го докаже тоа. Според грчкиот портал „Ин.гр“, убиството е снимено. Тие објавија снимки од вилата во која биле сместени убиениот, неговиот другар и двете жени.
Како што се додава, во моментот на убиството Оки бил со своето друштво во дворот на апартманот на Халкидик, каде што се криел. Тој заедно со уште еден пријател и две женски лица седел во дворот кога се појавиле 2 лица на мотор и отвориле оган врз него. Со 19 куршуми било пукано во Оки, кој починал веднаш, неговиот пријател бил тешко ранет, а во женските лица не било пукано.
Во овој контекст се поврзува мафијашката егзекуција на 39-годишникот со уште едно убиство пред речиси три месеци во Скопје.
Според тврдењата, Оки бил познато име во подземјето и организираниот криминал на Македонија. Тој бил еден од водечките членови на подземната група во Скопје, наречена Дуканџик (Пазарџии).
Информациите говорат дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Оки е цел на ривалска мафијашка група. Како што тврдат, 39-годишникот, всушност, се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел.
Според информациите, се работи за бизнисмен, кој бил сопственик на казина во Македонија и фабрика за алкохол во Скопје.
Истрагата е во тек и треба да покаже дали навистина се работи за нарачано убиство и од кого.
Се претпоставува дека веднаш по нападот, осомничените ја преминале границата кон Македонија, каде што се информирани македонските власти, пишуваат грчките медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието: Со ова се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
„Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните.
Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.
Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи.
Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.
Ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа Резолуција со која се става крај на лагите и конструкциите на СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.

