Контакт

Македонија

Бистри и матни случаи за октомври 2023 година според „Транспаренси интернешнл – Македонија“

Објавено пред

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење случаи и дејства поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата наречена бистро-матно.

dobivaj vesti na viber

Матни настани за октомври 2023 година 

Измените на Кривичниот законик од 6 септември обезбедуваат застарување на голем број предмети на функционери и службени лица обвинети за коруптивни дејства

„Таргет  -Тврдина“ се урна, Мијалков неповреден – по пет години и девет месеци правосудно натегање, од кои 9 месеци чување на предметот во фиока во скопска Апелација, последните клинци за запечатување на предметот „Таргет – Тврдина“ дојдоа директно од политиката.

На Антонио Милошоски му застаре делото злоупотреба на службената положба, ќе му се суди само за измама – на пратеникот Антонио Милошоски и уште 9 обвинети во предметот „Moќник“ им застаре гонењето за делото злоупотреба на службената положба, но тој ќе остане во судница затоа што одговара и за делото измама.

Кривичниот законик ги спаси Димовски и Талевска во случајот „Продуцент“ – судот донесе решение со кое ја запре постапката за кривично гонење за случајот „Продуцент“ против поранешниот министер за земјоделство од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, и новинарката Ивона Талевска.

Измените на Кривичниот законик го урнаа „Топлик“: предметот застарува за сите обвинети – три дена пред да се заокружат точно седум години откако беше отворена истрагата за предметот „Топлик“, Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата, со што дозволи предметот за „Сончев град“ да добие апсолутна застареност.

По 16 години судење, застаре предметот „Змиско око“, обвинетите ќе бараат обесштетување по сите основи – застаре преметот „Змиско око“ од 2007 година, во кој 46 вработени во „Македонијапат“ беа обвинети за злоупотреба на положбата и за злосторничко здружување, односно дека на патарините не им издавале фискални сметки на возачите, а парите си ги ставале во џебот, па си ги делеле, при што заработиле неколку милиони евра.

Измените во Кривичниот законик му донесоа олеснителни околности и на Мухамед Зеќири – на судењето одржано на 24.10.2023 година Обвинителството направи промени во предметот според донесените измени, па наместо претходно законски утврдената казна од најмалку пет години затвор, сега Зекири може да биде осуден на затвор од една до пет години.

Застарува и делото за злоупотреба за Јанакиески во предметот „Талир – застарување ќе има и во предметот „Талир“, кој е поврзан со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Обвинителката Ленче Ристовска денеска предложи, а судијата ќе донесе одлука на наредното рочиште за застарување на делото за злоупотреба на службената положба за ексминистерот Миле Јанакиески.

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Како и во другите два претходни случаја на прислушување, и во овој, за жал, нема да имаме кривично правна разрешница и повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, вели јавната обвинителка Ленче Ристовска за случајот „Таргет – Тврдина“.

Џолев: Да престане да се вперува прстот во судството, измените на КЗ беа упад во судскиот систем

Според Иван Џолев, претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, токму измените на Кривичниот законик се главен проблем за застарувањето на предметите, а она што најмногу недостигало, според него, е да се анализира тајмингот кога тие измени требало да се случат, односно дали требаше да се случат во период кога ќе застарат голем дел од предметите што беа во финална фаза. 

Нема одговорност за функционери што не ги доставуваат потребните информации до Државната комисија за спречување на корупцијата

Антикорупциска ја запре постапката за дивоградбите во Чаир, градоначалникот Ганиу со години не им ги дава информациите

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, со години не постапува по иницијативите на Државната комисија за спречување на корупцијата, која постапува по пријава што се однесува на дивоградби подигнати од несовесни граѓани во 2011, 2016 и 2018 година за кои не се постапува соодветно од ниту една институција.

Антикорупциската ќе поднесе кривична и бара разрешување на директорот на Инспекторатот за градежништво

Државната комисија за спречување корупција на седница донесе одлука да поднесе иницијатива за кривично гонење до Основното јавно обвинителство и иницијатива до Владата за разрешување на директорот на Државниот инспекторат за градежништво, Фатмир Арифи, бидејќи констатираа дека тој пред Комисијата не го оправдал начинот на кој се стекнал со имот во изминатиот период.

ГРЕКО не е задоволен од усогласеноста со препораките

ГРЕКО: Македонија не е доволно усогласена со препораките за борба против корупцијата – групата на држави против корупција заклучи дека Македонија е во недоволна усогласеност со препораките содржани во извештајот од петтиот круг на евалуација во борбата против корупцијата.

Медиуми од држави членки на ЕУ реагираат по злоупотребата на знамето на ЕУ за измените на Кривичниот законик

ФАЦ за Македонија: Корупција од името на ЕУ – по скандалот на Клиниката за онкологија и измените на Кривичниот закон, германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ констатира дека владината корупција се прикрива зад знамето на ЕУ.

Амбасадорот на Кралството Холандија уште еднаш укажа на проблемот со корупцијата

Што правите вие, освен што трупате изговори?! Зошто не ги исполнивте реформите пред 15 години?! – холандскиот амбасадор за ЕУ членството на Македонија – изговори наместо реформи, корупција, непотизам. Европската Унија чека на Македонија, а не обратно. Ова е пораката што ја испрати холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Во Република Северна Македонија постои ниско ниво на владеење на правото

Македонија на 67. место на најновата листа на Индексот за владеење на правото – Северна Македонија е рангирана на 67 .место меѓу 142 држави на најновата глобална листа според Индексот за владеење на правото на светскиот проект за правда. Во однос на минатата година, иако има иста оценка, земјата е рангирана четири места подолу и сега е на ниво со Монголија, Казахстан, Индонезија и Молдавија.

Судството не почитува правила за етика и останува рак рана на нашето општество

Како се применуваат правилата за интегритет во судството!

Судијката за која реагира министерот за правда избрана за претседател на кумановскиот суд – Судскиот совет ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд Куманово, функција што ја извршуваше и досега, но како вршител на должност. И покрај извештаите изготвени од направените контроли, наодите и усвојувањето на извештаите, Судскиот совет не ја санкционира в.д. претседателката на овој суд, која, според јавниот извештај, направила злоупотреба на АКМИС-системот, поставувала судии по желба, ги нарушувала човечките односи во судот и ги навредувала и понижувала вработените Албанци.

Инаку, судијката Манев летово беше во фокусот на јавна преписка меѓу Судскиот совет и министерот за правда, Кренар Лога, која тој ја иницира реагирајќи на тоа што на судијката ѝ била дадена можност вторпат да полага психолошки тест.

Министерството за правда изненадено прашува од кои причини по јавно усвоен извештај од ваша страна на 13.3.2023 година, место да преземате соодветни мерки, Вие, по толку месеци, правите дополнителен извештај (23.6.2023), каде што самите се демантирате со првиот извештај воведувајќи нова пракса за во иднина носители на функции (претседател на суд) да постапуваат несоодветно и спротивно на законот и етичкиот кодекс и да имаат можност да поправат, стои во реакцијата од Министерството за правда во однос на Судскиот совет за кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово, Снежана Манев, тврдејќи дека судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет не може веднаш повторно да полага“.

Според Министерството за правда, со ова се остава простор за секаков влијание.

Бистри настани за октомври 2023 година

Откриено злосторничко здружување за даночно затајување

Приведени 20 осомничени за затајување данок и перење пари во злосторничко здружување од 26 сопственици и управители на 28 фирми, шестмина се во бегство – јавен обвинител од ОJO за гонење организиран криминал и корупција донел наредба за истрага против 26 сопственици и управители на 28 фирми за кои постои основано сомневање дека сториле кривични дела злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 од Кривичниот законик.

Зголемен број пријави за поткуп

Кривична пријава за полицаец од Арачиново поради злоупотреба на службента положба и овластувањето – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави кривична пријава против А. А., вработен во ПО Арачиново при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 ст.1  од  КЗ на РСМ.

До надлежните служби при МВР доставувал лажни списи со евидентирани работни часови за исплата на плата, без да приложи извештаи за привремена спреченост за работа за работникот И. Џ., кој не доаѓал на работа, со што му овозможил противправно да се стекне со горенаведениот паричен износ, а со тој износ го оштетил буџетот на МВР. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена и постапка за утврдување дисциплинска постапка и привремено отстранување на работникот од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Кривична пријава против лице од Неготино зазлоупотреба на службената положба и овластувањето – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Неготино поднесе кривична пријава против М. Д. (41) од Неготино поради постоење основи на сомневање дека извршил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, предвидено во член 353 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот, во периодот од 14.9.2023 до 21.9.2023, во својство на овластено лице вработено во Општина Неготино ја злоупотребил службената положба со пречекорување на своето службено овластување, при што на барателите за користење јавен простор за манифестацијата „Неготински панаѓур 2023“ им наплаќал во кеш и на тој начин за себе противправно присвоил парични средства во износ од 98.100 денари нанесувајќиму штета на буџетот на Општина Неготино.

Поднесена кривична пријава против жител на Сарај за давање поткуп – Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. С. (50) од с. Ласкарци, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело давање поткуп по член 358 од Кривичниот законик. Откога полициски службеници констатирале сообраќаен прекршок и го известиле дека ќе му биде изготвен прекршочен платен налог, пријавениот извадил и на совозачкото седиште од службеното возило фрлил 1.000 денари за да не го изготват налогот, велат од МВР.

Приведен вработен во Шумската полиција во Демир Хисар поради примање поткуп – полициски службеници од ОВР Демир Хисар на патот меѓу с. Света и с. Единаковци, на подрачјето на Демир Хисар, го лишиле од слобода Д. Т. (58) од Демир Хисар, вработен во Шумската полиција во Демир Хисар, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 357 од КЗ примање поткуп. Д. Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи, односно да не санкционира незаконско работење.

Македонија

​ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа

Објавено пред

ЗЕЛС им донираше возила на општините Зрновци и Центар Жупа. Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, г-дин Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци г-дин Борчо Коцев-градоначалник на Општина Зрновци ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС.

dobivaj vesti na viber

-Станува збор за возила марка ,,Opel“, од кои едното е караван, што се произведени во 2008 година. Овие возила беа доделени низ транспарентен процес со донесена одлука од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница одржана во Кавадарци. На оваа одлука претходеше предлог донесен од формирана Комисија за распределба на двете користени возила на ЗЕЛС, во состав на градоначалниците на општините: Македонски Брод, Жарко Ристески на Студеничани, Азем Садики и на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. За изборот беа утврдени следните критериуми: 1. Општината да ја платила членарината кон ЗЕЛС заклучно со 2023 година; 2. Општината да има реална потреба од возило што ќе се утврди со бројот на возила кој во моментот го има во своја сопственост споредена и дополнително направена проверка на пријавениот број на возила на општините со оној утврден во Државна комисија за спречување со корупција.; 3. Општината да не биде поголема од 10.000 жители; 4. Општината да не припаѓа на скопскиот плански регион-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски на средба со Транспаренси Интернешнл: МВР ги насочува сите свои капацитети во борба со корупцијата

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (08.10.2024) оствари работна средба со претседателот на невладината организација „Транспаренси Интернешенл – Македонија“, Благоја Пандовски.

dobivaj vesti na viber

Средбата доаѓа во време кога Министерството за внатрешни работи се залага максимално и ги става на располагање сите свои капацитети за бескомпромисна борба против корупцијата на високо ниво и оттука и двете страни ја оценија како навистина потребна и продуктивна.

За време на средбата беше претставен извештајот насловен како Национален систем за интегритет, во кој детално се разгледува работењето и функционалноста на 15 државни институции во периодот од 2022-2023 година. Воедно разговарано беше и за зајакнување на интегритетот на полициските службеници, како и на сите останати вработени во Министерството за внатрешни работи, а предложени беа и модалитети за остварување на таа цел. Во таа насока, двете страни разговараа за потпишување на Меморандум за соработка преку кој би била олеснета натамошната соработка од заеднички интерес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Врховниот суд: Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, а непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

Објавено пред

Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот.

dobivaj vesti na viber

Во Начелниот став се утврдува дека државата согласно националната и меѓународната правна регулатива, е должна да обезбеди здрава животна средина и дека со непреземањето дејствија од страна на надлежните јавни органи се повредува уставно загарантираното право на здрава животна средина.

„Согласно националната и меѓународна правна регулатива, Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, меѓу кои и правото на чист воздух, како поединечно право на граѓаните, кои како странка во управна постапка, можат да бараат да се задолжат надлежните органи, да ги донесат Основните плански документи, од член 23 од Закон за квалитет на амбиенталниот воздух, како Општи акти“, се наведува во Начелниот став.
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, истакна дека правото на здрава животна средина е фундаментално граѓанско и човеково право и непосредно поврзано со унапредувањето на здравјето на граѓaните и со законски пропишаните обврски и должности за заштита на животната средина.

„Една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија е уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата. Пристапот до здрава животна средина е основно човеково право, на што упатува и Советот за човекови права на Обединетите нации“, истакна претседателката на Врховниот суд, додавајќи дека прашањето е важно и од аспект на Европската конвенција, Советот на Европа, Европскиот суд за човековите права и Европскиот суд на правдата.

Професорот д-р Борче Давитковски истакна дека судската власт е коректив на другите власти и дека преку својата отвореност кон јавноста, Врховниот суд дава исклучителен придонес за јакнење на јавната доверба, особено што Општата седница расправа за прашања кои се од интерес на граѓаните и човековите права.

Професорот Давитковски нагласи дека правото на здрава животна средина е уставно загарантирано право и дека секој има право на информации за здравата животна средина, односно за загадувањето на воздухот, согласно конвенциското право и домашното законодавство.

Во таа насока, професорот истакна дека согласно Уставот, секој може да бара заштита на своето право, посебно во ситуација кога јавните органи не ги презеле дејствијата кои согласно законот биле должни да ги преземат и дека од големо значење е што судската власт застанува во одбрана на правата и интересите на граѓаните.

Судијата Џемали Саити истакна дека секој човек има право на здрава животна средина и дека во остварувањето на правото на здрава животна средина се применуваат и одредбите од Законот за управните спорови, кои обезбедуваат судска заштита од незаконити акти и дејствија. На тоа се надоврза судијата Анита Бошковска, која нагласи дека утврдувањето на начелниот став е од големо значење како за граѓаните и јавниот интерес, така и за судството.

Судијата Мирјана Лазарова Трајковска подвлече дека најзначајниот аспект е дека не секогаш со чинење се повредуваат правата, туку може многу поголеми повреди да бидат извршени со не чинење. Во оваа насока, судијата Лазарова Трајковска потенцираше дека правото на здрава животна средина, а во смисла на судската заштита подразбира и право на пристап до суд.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 часа

Скопјанка го пријавила роднината за полово вознемирување врз малолетната ќерка: ја соблекувал и допирал по телото и се самозадоволувал пред неа

Вчера во Полициската станица Карпош, жена од скопско пријавила дека во текот на 2020 година нивниот роднина Б.М.(24) полово ја...

Македонија13 часа

Спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови

На граничен премин Блаце царинските службеници спречија обид за нелегална трговија на опојна дрога, марихуана. Притоа, запленети се 36,4 килограми...

Топ14 часа

Уапсен маж од Косово, се сомничи дека подметнал пожар во Општина Тетово

Вчера, во 20.15 часот, на улицата Маршал Тито во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот...

Македонија14 часа

(Видео) Владата на СДС и ДУИ ја заглави „Национални шуми“, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци, вели Петрушевски

„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по...

Свет14 часа

(Видео) Метеоролог се расплака додека ја објаснуваше големината на ураганот Милтон: Ова, едноставно, е страшно

Ураганот Милтон бргу зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на Мексиканскиот Залив во САД, објави американскиот Национален...

Македонија15 часа

Очекувавме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе праша за одземеното оружје од југословенската армија на средбата со српскиот премиер, вели партијата на Љубчо Георгиевски

„ВМРО-Народна партија беше во очекување и голема надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ која демонстрира достоинствена политика на исправена кичма...

Македонија16 часа

Ниски цени и недоволна транспарентност при продажба на државно градежно земјиште, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива...

Регион17 часа

(Видео) Протест во Албанија, луѓето фрлаа „молотови коктели“, полицијата солзавец

Вчера илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Албанија, Тирана, за да протестираат против владата. Демонстрантите го повикаа...

Економија17 часа

Министерката Димитриеска-Кочоска во Унгарија, ќе го потпише договорот за заем од 500 милиони евра

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска престојува во работна посета на Република Унгарија, каде во име на Владата ќе потпише...

Свет18 часа

(Видео) Ловците на урагани направија снимка од смртоносната бура што ѝ се заканува на Флорида

Застрашувачката снимка е објавена на мрежите, а на неа се гледаат т.н. ловци на урагани, кои летаат веднаш до разорниот...

Свет19 часа

Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно...

Скопје1 ден

„Ако сакате да си правите маркетинг, да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР, треба да ви е срам“, порача Јакимовски и најави кривична за лажно пријавување

На денешната прес конференција, градоначалникот Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој Општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред...

Топ1 ден

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла...

Македонија1 ден

Арбен бегај, ослободи ги Албанците и сите други, не ги носи на душа, велат од ДУИ за смртта на 14-месечното дете

Од почетокот на работата на оваа Влада, ние како ДУИ ги искажавме нашите забелешки и загрижености во однос на планот...

Македонија1 ден

Курти примен како обичен гостин, а Вучевиќ со највисоки почести, братството со Србија го откри вистинското лице на оваа Влада, велат од Алијансата за Албанците

Според Алијанса за Албанците, моноетничката власт денеска ја запечати ориентацијата и односите на државата со соседните земји. „Обидот да се...

Македонија1 ден

„Мепсо“: Во голема паника ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Јавната набавка за хортикултурно уредување е постапка што ја распишало и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша...

Македонија2 дена

Најдоцна во јануари Јаневска ќе го распише тендерот од половина милијарда денари за учебници по странски јазици

По најавата дека учебници по странски јазици ќе има за сите ученицни, но од следната учебна година, министерката за образование...

Македонија2 дена

Вонредни инспекции на Детската клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија, формирана од министерот за здравство, од утрово прават увид во Универзитетската клиника...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски – Вучевиќ: Во овие турбулентни времиња неопходно е да бидеме заедно

„Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ, истакна македонскиот премиер...

Македонија2 дена

ДУИ: Бурим Латифи од МЕПСО потроши 15.000 евра за купување цвеќе

Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на Бурим Латифи кој како директор на МЕПСО реализирал тендери за...