Македонија
Битолскиот суд ја поништи гаранцијата од 30.000 евра, Усеини и брат му остануваат во притвор

Советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат остануваат притвор откако Апелациониот суд во Битола го поништил решението на охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра за да се бранат од слобода.
„Решението со кое му беше прифатена гаранцијата е укинато и предметот повторно е вратен на одлучување во Охрид“, кусо велат извори од битолскиот Апелационен суд каде Обвинителството се жалеше откако судот во Охрид му ја прифати гаранцијата.
Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува в четврток. Тие шест дена беа недостапни за полицијата, а беа притворени на 26 август откако сами се пријавија.
Против нив се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.
Македонија
Змија во центарот на Скопје:„Ништо не е искосено, права џунгла“

Змии шират паника кај скопјани. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.
„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.
Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но луѓето треба да бидат внимателни во овој период кога температурите се повисоки и змиите излегуваат.
Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.