Македонија
Благодатниот оган од Ерусалим ќе пристигне до православите верници во Македонија

Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, денеска од Ерусалим преку Софија ќе пристигне и до православите верници во Македонија.
Ова е прв пат Македонската православна црква (ОА) за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган, со помош на Бугарската православна црква.
Со благослов на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, митрополитот брегаланички Иларион вечер на софискиот аеродром ќе го преземе Благодатниот оган од бугарскиот митрополит Антониј кој ќе го донесе од Ерусалим.
Потоа, брегалничкиот владика Иларион со хеликоптер ќе го донесе Благодатниот оган во Скопје од каде ќе биде разнесен до сите православни светлишта низ Македонија.
Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Тој се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти по палењето не предизвикува изгореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Облачно со дожд, на планините снег

Времето денеска и утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), особено во западните и југоисточните делови. Во текот на ноќта кон среда врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на повисоките места, информираат од УХМР.
Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната од 3 до 12 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 8 степени.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот, а во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, на планините од снег.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Се прави театар од случајот „Рекет“

Русковска обвинителството диригирано од аболицираниот Зоран Заев прави театар од случајот Рекет единствено за да ги покрие трагите кои водат до врвот на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од опозицијата коментираат дека секојдневно на површина излегуваат информации кои потврдуваат дека обвинителката Вилма Русковска наместо да води детална истрага, го развлекувала случајот.
„Уште на почеток на судењето се дозна дека Катица Јанева не земала 50.000 евра како што стои во обвинението, туку 350.000 евра. Русковска не ја интересираше ниту што имало на снимките од домот на обвинетиот Боки 13 кои може да доведат до одговорот каде завршила торбата Луј Витон, полна со евра.
Се дозна и дека владин министер присуствувал на средби помеѓу Боки 13 и жртвата, информација која обвинителството ја криеше од јавноста.
Јавноста треба да знае за што разговарале Венко Филипче, жртвата и Боки 13 во истиот период кога се случувал рекетот.
Зошто Русковска ја затвори истрагата без да побара одговори на клучните прашања?
Каде завршила Луј Витон торбата со 1,5 милиони евра, по која патека се движела и кај кои лица завршиле тие пари?
Кои други бизнисмени биле рекетирани од криминално рекетарската банда и колку пари од нив биле изнудени?
Дали со парите од Рекет била финансирана кампањата на Стево Пендаровски и СДСМ за претседателските избори?
Што толку големо поседува жртвата за Зоран Заев што е доволно за го сруши?
Зошто покрај сите индиции и информации , обвинението остана само на Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески Кичеец?
Целата македонска јавност знае и слушна дека Зоран Заев знае се. Никој не верува дека обвинетите рекетирале без да имаат поддршка од врвот на власта.
Катица, Боки и Милески се само пипците, а на сите им е јасно дека главата на тој октопод се вика Зоран Заев.
Дека цел случај ќе биде фарса се виде уште на самиот почеток кога Русковска им даде доволно време на обвинетите заедно со Заев да ги бришат доказите и да влијаат врз сведоците само за да не се дознае вистината.
Вистината и правдата ќе ги видиме кога оваа криминално рекетарска банда на чело со СДСМ и Зоран Заев ќе замине од власт.
Граѓаните на Република Македонија ќе ја дознаат вистината и ќе ја видат правдата после 12 април кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ и ќе започне обновата на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Македонија
Магла кај Шапка и Страцин – намалена е видливоста на патот до 100 метри

Намален видливост поради појава на магла, утрово има на патниот правец Попова Шапка село Гајре-Тетово до 30 метри и кај Страцин од 50-100 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци