Контакт

Крвав четврток

Братот на Нинџа: На 27 април разговаравме за здравјето на нашата мајка

Објавено пред

Фото: Благоја Василевски-десно

„На 27 април 2017 година бев на службен пат во Виена. Се слушнав со Александар, разговорот беше семеен, разговаравме за здравјето на нашата мајка“, рече Благоја Василевски, брат на обвинетиот Александар Василевски – Нинџа.

„Кога сум на пат имам зголемен број на активности и внимавам на тоа да не правам разговори по телефон. Примив порака од 17 до 19 часот од мојот брат и вратив на пораката“, рече Василевски.

Братот на Нинџа, Благоја Василевски, во Виена бил во својство на обезбедување на експремиерот Никола Груевски. Во јавноста имаше шпекулации дека Груевски токму преку Благоја Василевски ја издал наредбата за упад во Собранието, но засега ниту еден доказ во постапката не наведе на такво нешто.

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Заев за „крвавиот четврток“: На денешен ден си ја спасивме земјата од алчноста за власт

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска даде изјава по повод насилниот упад во Собранието, којшто се случи на денешен ден пред две години.

„Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата“, рече Заев.

Тој истакна дека 27 април потсетува и на обврската, да не се дозволи никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи.

„27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред. Ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја. Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред“, рече Заев.

Првиот човек на Владата додаде дека народот секогаш носел исправни одлуки, а гласот на граѓаните е слушнат и е разбран.

„Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Демонстранти се обидуваат да влезат во парламентот на Грузија

Илјадници демонстранти се собраа пред парламентот во Тбилиси со намера да влезат во зградата на Законодавниот дом, за време на...

Македонија10 часа

„Ле Монд“: Франција, Холандија и Германија со црвено светло за Скопје и Тирана

Францускиот весник „Ле Монд“ пишува дека Франција, Германија и Холандија се трите земји што го блокирале почетокот на преговорите за...

Свет10 часа

Сајбер-напад врз Путин

Забележан е сајбер-напад на кол-центарот „Директна линија“ со Путин. Нападот беше одбиен. Затоа имаше проблеми со повиците. Ова го соопшти...

Македонија12 часа

Кривичниот суд: Сеад Кочан од 17 јули во затвор

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да постапува по предметот на СЈО – „Труст“, изготвил...

Македонија13 часа

(Видео) Камчев да биде донесен со полиција да сведочи, бара СЈО

Поради повреда на коленото на обвинетиот Метуш Шабани, која се случила на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното...

Македонија13 часа

Канада го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада е најновата во низата земји што го ратификуваа протоколот за членство на земјава во НАТО. „Денес, Канада со задоволство...

Македонија15 часа

Осумката од ВМРО-ДПМНЕ бара место во работните групи за Изборниот законик

Осумката од независната група од ВМРО ДПМНЕ бара место во работните групи за измени на Изборниот законик со цел демократизација...

Македонија15 часа

Културните работници со апел до Заев: Метлата нека го одмине МКЦ

Поголема група работници во културата испратија отворено писмо до премерот Зоран Заев во кое се противат на најавените промени во...

Регион15 часа

„Вечерњи лист“: И Мирослав Шкоро во трката за претседател на Хрватска

Хрватскиот „Вечерњи лист“ објави дека пејачот Мирослав Шкоро неделава официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска. Шкоро...

Македонија1 ден

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ1 ден

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ1 ден

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет1 ден

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет1 ден

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија1 ден

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија1 ден

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ1 ден

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет1 ден

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет2 дена

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет2 дена

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Досие