Контакт

Македонија

Борче Јовчески ја презеде функцијата градоначалник на општина Прилеп

Објавено пред

Во општина Прилеп денес официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник меѓу новоизбраниот градоначалник Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и досегашниот Илија Јованоски.

Од страна на општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Јовчески му беше доделено уверението, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

По преземањето на функцијата, новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на општина Прилеп.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп, на која ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на Советот, а исто така ќе биде избран и новиот претседател на Советот.

Македонија

Димитров во Германија: Ако ЕУ, конечно, ја поддржи нашата приказна, ќе покаже дека е сила што влече за добро

Објавено пред

Првиот ден од работната посета на Германија, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, го започна со средба со Мартин Шулц, актуелен претседател на Фондацијата Фридрих Еберт, инаку поранешен претседател на Европскиот парламент.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Димитров соопштил за последните политички случувања во земјава, со акцент на европското портфолио, а се разговарало и за состојбите во регионот во контекст на евроинтеграциите.

„Северна Македонија докажа дека силно го застапува европскиот наратив на вредности и е стабилен партнер на европската сцена што придонесува за добросостојбата на регионот. Вложивме сериозен политички капитал врз основа на европското ветување, време е вниманието и енергијата да ги насочиме кон процесот на европеизација и исполнување на очекувањата на граѓаните.

Ако ЕУ конечно ја поддржи македонската приказна и огромниот влог на ова прашање што се пресликува во целиот регион, тогаш Унијата ќе покаже дека е сила што влече за добро“, посочил вицепремиерот.

Шулц ја нагласил важноста на Преспанскиот договор во контекст на одговорноста за обезбедување мир и стабилност на регионот и пошироко, заедно со, како што рекол, очигледниот демократски напредок што Северна Македонија го постигнала во последните години и приближувањето кон споделените вредности.

Според него, натамошното одложување на почетокот на пристапните преговори со ЕУ поради блокадата од Бугарија е непристојно и опасно за стабилноста на регионот и европската визија, при што посочил дека поддршката за ова прашање ќе биде и понатаму манифестирана преку активностите на Фондацијата и неговиот личен ангажман.

На овие теми се разговарало и во германското МНР на средбата со Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики и Сузане Шуц, директорка во министерството за надворешни работи за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, на кои вицепремиерот Димитров им ги пренел очекувањата Германија и понатаму да остане проактивна кон остварување на заеднички утврдената стратешка цел.

„Почетокот на пристапните преговори ќе претставува валидација на напредокот на Северна Македонија, постигнат со голема помош и поддршка од нашите германски пријатели кои принципиелно го застапуваат она што е вистински „европско“ во интегративниот процес.

Стартот на преговорите ќе го даде неопходниот поттик на реформскиот процес, а истовремено ќе го обнови импулсот за политиката на проширување на ЕУ“, нагласил вицепремиерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанакиески бара супервештачење за да докаже невиност во случајот „Топлик“

Објавено пред

Да се направи супервештачење на предметот „Топлик“, бара одбраната на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Ова е доставено до судот бидејќи, според обвинетиот, има противречности помеѓу вештиот наод на Обвинителството и стручното мислење предложено од одбраната.

За дополнување на доказната постапка, Јанакиески предложи и други докази, како и четворица нови сведоци.

Судечкиот судија Осман Шабани за предлозите ќе одлучи во наредните денови, а одлуката ќе ја соопшти на наредното рочиште закажано за единаесет дена.

Со овие докази Јанакиески и другите обвинети ја докажуваат својата невиност во случајот за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.

„Сметаме дека неопходно е да се изведе стручно мислење од технички советник, што е одговор на изведени материјални докази од Обвинителството. Но, исто така е и одговор на поднесоците од јавниот обвинител во однос на барањето за произнесување штета до Владата и Министерство за финансии и нивните одговори. Во ова мислење, споредено со претходните, земени се предвид и сите забелешки на јавниот обвинител, но има и нови аспекти. Првпат се пресметува колку е заштедено во однос на плаќањето камати, кои биле барани, во однос на шетата, кои не се исплатени“, образложи Јанакиески.

Предложено е и правно мислење од професорот Никола Тупанчевски од Правниот факултет „Јустнинијан Први“, кое е изработено за овој настан. Јанакиески побара и сослушување на поранешниот член на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, како и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски.

„На пример, потребата за сослушување на сведокот Сашо Срцев произлегува од исказот на сведокот Емилија Путилин. Сите обвинети во своите искази го посочија Срцев како учесник во дејствата на овој кривично-правен настан. Владимир Пешевски го предлагаме поради новите околности што се јавија во текот на постапката и тоа од исказ на сведок кој елаборира за активностите на Пешевски. Исто така, Пешевски беше дел од материјалниот доказ стенограмски белешки од седница на Владата. Шпреса Битаху сметаме дека е еден од клучните сведоци што треба да се сослушаат. Последниот сведок е Ацо Костадиновски, кој во критичниот период бил раководител на Секторот за финансии, а поврзано со материјалниот доказ доставен во листата на докази“, додаде Јанакиески.

Следното рочиште е закажано за 20 декември.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Објавено пред

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Косово во Македонија, при што запленета е марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани.

Како што соопштија од МВР, на автопатот „Пријателство“, при извршен полициски преглед на автомобил „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.П. (51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана.

Истовремено, при контрола на автомобил „БМВ туран“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р. (30) од Скопје биле пронајдени вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

Во близина на бензинска пумпа биле сопрени два автомобила – „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувани од О.А. (36) од Скопје, каде како сопатник бил косовскиот државјанин Џ.Љ., како и автомобил „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.А. (33) од Скопје, каде како совозач бил Б.Р. (24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.

Во консултација со Јавен обвинител, по добиена судска наредба извршен бил претрес во домот на Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и 11 куршуми, додека при извршен претрес во домот кај Е.А. пронајдени биле еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9 милиметри со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 милиметри со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор бил пронајден автомобил „БМВ“ донесен од Косово без соодветна документација, кој од страна на Царинската управа е одземен за понатамошна проверка.

Денеска до надлежното Јавно обвинителство против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога...

Македонија2 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет3 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон-сојот, па затоа...

Свет4 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа5 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет6 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија21 час

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија22 часа

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет1 ден

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа2 дена

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Досие