Контакт

Македонија

Бочварски – Радуловиќ: Размената на искуства е многу значајна за побрза интеграција на регионот

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари билатерална средба со Филип Радуловиќ, министер за сообраќај и пловидба на Црна Гора.

Двајцата министри ја потврдија добрата соработка помеѓу Северна Македонија и Црна Гора и ја потенцираа важноста на заедничките заложби за побрза европска интеграција на регионот.

Исто така, двајцата разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат на европските коридори и за можноста за поврзување со авионска линија.

„Разменивме искуства за процесите на подобрување на транспортот во регионот, а особено за продлабочување на меѓусебната соработка, поконкретно во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворивме темата за можно поврзување на двете земји. Исто така разговаравме и за инфраструктурните проекти во делот на патната мрежа, бидејќи и Северна Македонија и Црна Гора во овој период сме исклучително посветени на модернизација на патната инфраструктура и подобрување на условите за патување на нашите граѓани“, изјави Бочварски.

Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и министерот Радуловиќ е во рамките на министерскиот совет, кој овие денови се одржува во Скопје.

Најново

Македонија28 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како...

Свет31 минута

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во...

Свет34 минути

Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и...

Спорт47 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија52 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија55 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт1 час

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија1 час

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет1 час

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...