Македонија
Бошкоски: Ревизорот откри 400.000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ
Државниот ревизор откри 400.000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори чиј кандидат беше Гордана Сиљановска-Давкова, изјави денеска лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
Тој истакна дека очекува процесот „Тортура“ да заврши со осудителна пресуда.
„Денес зад мене се актерите на ‘Тортура’, моите прогонители и сите тие луѓе кои во еден монтиран полициско-политички процес ‘Кампања’ за кои целата домашна и меѓународна јавност го осуди како монтиран политички процес, денес се води постапката за моето мачење, за ова што беше како последица на ‘Кампања’“, истакна Бошкоски.
„Но денес, сакам исто така да истакнам дека сме сведоци на еден парадокс. Пред некој ден истиот државен ревизор кој во 2011 година оцени дека политичката партија Обединети за Македонија кампањата ја водела согласно Законот за избори, истиот тој државен ревизор најде пред некој ден во кампањата за претседателските избори во 2019 годината за Гордана Силјановска-Давкова дека 400.000 евра се непокриени. На тој начин е извршено кривично дело за кое се надевам дека против актерите, пред сè, против потписникот на извештаите, на кампањата, господинот Јанушев и другите, во една транспарентна судска постапка ќе се докаже дека извршиле дело спротивно на изборниот законик.
Во мојот случај во 2011 година, ниту форезничарите од Гордана Јанкулоска, која ја гледам зад мене, ниту докажаа, дека јас на ниту кој било начин сум имал допир со парите, ниту докажаа дека тие пари се употребени во ‘Кампања’ и ме апсат за монтирано дело по завршувањето на кампањата и ме осудуваат на 5 години затвор.Очекувам дека органите на прогонот, но во една транспарентна судска постапка, ќе спроведат истрага и доколку ја докажат вината, виновниците ги изнесат пред судот за овие 400.000 евра кое е скандалозно и тешко кривично дело или ако се докаже нивната невиност, да не се постапува вака повеќе и да не се повторува историјата“, изјави Бошкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трипуновски: Струмичани пијат неисправна вода, општината недоволно се справува со хаваријата, владата се нуди за помош
Оваа денешна прес-конференција не е за да креваме паника помеѓу граѓаните, туку како Министерство и како Влада сакаме да ставиме акцент и да понудиме помош и поддршка итно да се реши проблемот во делот на снабдување со вода за пиење во општина Струмица. Деновиве ова што се случува во општина Струмица е сериозен проблем и претставува еден вид на еколошка катастрофа. Жителите на општина Струмица се оставени повеќе дена без пивка вода за пиење, со што здравјето на граѓаните е сериозно загрозено. Во Струмица не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода која што ја поседува општина Струмица да ја прочисти до фаза да биде вода за пиење, истакна министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
„Истата вода која што се снабдува од браната Турија во тој регион. Водата може едноставно да се користи како техничка вода. Ова што деновиве се случува е резултат на долгогодишното лошо менаџирање од страна на општината Струмица. Лошото менаџирање во последните неколку години во делот на водоснабдувањето е директна причина за ова што денес се случува. Градоначалникот со неговиот тим требаше многу порано да превенира за да не дојде до оваа ситуација во која што се соочуваат денеска граѓаните на општина Струмица. Костадинов треба да одговори на своите сограѓани зошто до денес не е воопшто инвестирано во нов и подобрување на систем за филтрација на водата, без ниту еден проект или било каква инвестиција со цел ставање во целост на функција на водоводната мрежа во општина Струмица. Ако Костадинов ги имал сите информации, зошто досега не свикал Совет или да имал било каква координација, да формира било какво кризно тело, и да побара помош од другите општини или од Владата“, рече тој.
Според него, додека градоначалникот смогне сили да одговори искрено на струмичани каде отидоа парите и зошто денес се соочуваат со немање на пивка вода, Владата, како што рече го прашува што треба да се направи за да се излезе во пресрет на граѓаните и да се реши ситуацијата во која што се наоѓаат струмичани.
„Затоа што едно од основните човекови права е да се има пристап до пивка вода до секој еден граѓанин во Република Македонија.
Иако Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е надлежно за оваа ситуација, како обврска имаме сите како Влада да помогнеме во оваа ситуација и стоиме на целосно располагање да се реши овој проблем.
Но, по ова Костадинов треба да одговори пред граѓаните и пред законот зошто дозволил да се случи цела оваа ситуација и околу 50.000 жители да останат без пивка вода за пиење.
На крајот од денот надлежните институции треба да покренат и една истрага затоа што првичните информации говорат дека и во минатото пред да се донесе забраната од Агенцијата за храна и ветеринарство за пуштање на вода во системот за пиење во општина Струмица имало зголемено количество на манган и присуство на одредени бактерии во овој систем.
Тоа оставаме институциите да го проверат, ние овојпат се нудиме како Влада да помогнеме се со цел да ги спасиме овие жители кои што ја живеат голготата заради неспособноста на локалната самоуправа, Директорот на Јавното комунално претпријатие и сите оние надлежни локални институции во делот на водоснабдувањето“, истакна Трипуновски.
Македонија
Тошковски: Побрз премин преку One Stop Shop концептот на Ќафасан-Ќафтане и одлична соработка во борбата со криминалот со Албанија
Тошковски: Побрз премин преку One Stop Shop концептот на Ќафасан-Ќафтане и одлична соработка во борбата со криминалот со Албанија
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.10.2024) е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка.
„Со министерот Хоџа разговаравме на теми коишто се од заеднички интерес за нашите граѓани. Прва тема беше воспоставување на „One Stop Shop“ систем којшто ќе овозможи побрз трансфер на патници во рамки на граничните премини коишто ги имаме со Република Албанија. Тој систем веќе е во напредна фаза на имплементација со Република Србија, така и со Република Косово се со цел да го забрзаме протокот на патници на овие гранични премини, со максимално намалување на времето на трансферирање на патниците од овие држави. Разговаравме и за можноста нашите полициски служби да продолжат со континуирани посети коишто ги имаме во рамки на летната сезона и албански полициски службеници патролираат во рамки на туристичките зони коишто ги имаме во Македонија, а македонски полициски службеници патролираат во туристичките зони во Албанија, со цел подобрување на условите за нашите граѓани. Секако, фокус на средбата ставивме и на оперативните аспекти на двете министерства во борбата против транснационалниот организиран криминал, илегална миграција и криумчарењето на лица“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа го потенцираше заедничкиот проект за рехабилитација и реконструкција на граничниот премин Блато-Спас и управување на границите на двете земји со финализирање на веќе дискутираниот и изготвен договор за одржување на граничните ознаки со нашата земја.
Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за продлабочување на билатералната и оперативна соработка помеѓу двете министерства, како и заложбите за унапредување на традиционално добрите добрососедски односи и регионалната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа и заедничкото учество во регионалните иницијативи.
Македонија
Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците
Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“ да ја напуштат Владата, повикувајќи ги заедно да стават крај на понижувањето на Албанците и другите етнички заедници.
„Почитувани граѓани, дозволете ми уште еднаш да повторам дека нашите приоритети вклучуваат: Евроинтеграци без никакво одлагање и без никакви двоумења како единствена алтернатива за нашата земја.
Ветинг за сите политичари, судии, обвинители и носители на јавни функции, со меѓународен мониторинг.
Верификација и контрола на имотот за сите носители на јавна функција во последните 33 години.
Истрага за процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес.
Почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со вољата на гласачите и заедниците.
П.С. За да го отстранат срамот од непочитување на волјата на Албанците на изборите, Влен нека се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет на гласачите, додека ние, повторувам, нема да станеме дел од Владата, туку заедно да го прекинеме ова понижување што им се наметнува на Албанците и на другите заедници“, напиша Ахмети.