Македонија
(Видео) Бојан Јовановски и неговиот татко на распит кај Русковска

Бојан Јовановски и неговиот татко, Миле Јовановски денеска треба да дадат исказ пред обвинителката Вилма Русковска, за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз. Миле Јовановски заедно со адвокатот Сашо Дуковски пристигна во обвинителството и не искоментира ништо пред да влезе внатре.
Прво ќе биде сослушан Миле Јовановски, а подоцна и неговиот син Бојан Јовановски, кој со полиција треба да биде спроведен од затворот Скопје во Шутка. На распит треба да се појави и асистенката Христина Блажевска.
Тие се обвинети за перење пари, за што го користеле Меѓународниот сојуз.
Во случајот осомничени се и пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ и асистентката во сојузот, Христина Блажевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби. Со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во нив нема ништо спорно, затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата по бугарски терк, како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ порачуваат од владејачката СДСМ.
Ставот на партијата е дека „усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада“.
„Ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија. За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност“ порачуваат од СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание, или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоците од власта на Ковачевски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштуваат „за да престанат притисоците од страна на власта кон пратениците, СДСМ и Ковачевски имаат избор и понуда од страна на претседателот Христијан Мицкоски. Доколку Ковачевски и СДСМ се сигурни дека имаат 80 пратеници, веднаш по враќање на пратениците во Собранието да ги стават уставните измени на дневен ред на првата собраниска седница“.
„Ако на таа седница не поминат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, наредниот ден, да се распушти Собранието и да се оди на предвремени парламентарни избори.
Ако од власта се сигурни дека она што го прават е исправно еве им избор, или слугување на Бугарија и промена на Уставот или предвремени избори. Ова е чесна и фер понуда. На потег е Ковачевски“ е партискиот став.
Македонија
На ГП „Богородица“ и на „Табановце“ за влез и излез од државата се чека до 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу 30-40 минути.
На ГП Табановце се чека околу 20-30 минути за влез во државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.