Контакт

Македонија

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Објавено пред

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи преку социјалните мрежи.

Таа напиша дека нејзиниот сопруг побарал да биде отповикан од унапредувањето, а брат ѝ се откажал од ангажманот на определено во РЕК „Битола“. Стојчевска не кажува за вработувањето на својот син во ЕЛЕМ.

„Сепак, сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумската полиција – сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик-командир работи од 1998 година, уште на 14 февруари побара да биде отповикано привременото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево. Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на Шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство, одлучи да се врати на старата позиција, заменик-командир во Шумската полиција – сектор Делчево“, истакна Стојчевска.

Во однос на нејзиниот брат, Целе Велевски, таа вели дека тој преку Агенцијата за привремени вработувања бил ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК „Битола“, но се откажал од ангажманот.

„Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на своето семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан со одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно“, нагласува пратеничката.

 

Македонија

Попладнево дожд и грмежи, стабилизирање во среда

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од од 6 до 13 степени, а максималната од 18 до 26 степени.

Во Скопје, времето ќе биде умерено облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утре ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, а преодно стабилизирање ќе настапи во среда.

Потоа во четврток и во петок во попладневните часови повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев-Фишер: Европа да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици

Објавено пред

Европа треба да ја награди Северна Македонија за храброста да се издигне и над најтешките предизвици. Ваков бил заклучокот од средбата што денеска во Виена ја оствариле претседателот на Владата, Зоран Заев и поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата, премиерот Заев го информирал поранешниот претседател на Република Австрија, Фишер за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

Истовремено, на средбата била потврдена поддршката којашто Република Австрија во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка, како што било посочено на средбата, нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ.

„Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја“, истакнал премиерот Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на Зоолошката до дијаспората: „Никад да не се вратите“

Објавено пред

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, на својот профил на „Фејсбук“ се осврна на синоќешното гласање на Евровизија, упатувајќи навреда кон иселениците кои не ја поддржале со гласови македонската претставничка Тамара Тодевска.

„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало, за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

Тамара Тодевска на Евровија го освои осмото место.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа16 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија17 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија18 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ20 часа

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија21 час

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа1 ден

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа1 ден

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Усвоени законите за првосудството и за прекин на бременоста што ги кочеше Иванов

Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста кои се во интерес на државата и...

Македонија3 дена

Џафери: Нема правен основ за наркотест на пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би...

Македонија3 дена

(Видео) Рауфи: Учесниците во Диво Насеље не се терористи туку борци за права

Адвокатот Насер Рауфи, бранител на дел од осудениците од Диво Насеље, по денешното излагање на јавната седница на Апелацискиот суд...

Естрада3 дена

Мадона пристигна во Израел со 30 тони опрема

Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна во израелскиот град Тел Авив,...

Македонија3 дена

Три месеци условна казна затвор за Тони Михајловски за заканата кон Тричковски

Актерот Тони Михајловски, против кого скопското обвинителство поднесе обвинение за закани кон новинарот Бранко Тричковски, на денешното рочиште призна вина...

Македонија3 дена

Адвокатка на обвинети во „Диво Насеље“: Обвинителството нема цврсти докази

На денешната јавна седница за настаните од Диво Насеље каде одбраната ги изведува жалбените наводи пред петчлениот судечки совет на...

Македонија3 дена

Независната пратеничка група бара лекари во понеделник да ги тестираат пратениците за дрога

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест...

Досие