Контакт

Македонија

Брисел планира укинување на безвизниот режим, на листата земји и Македонија

Објавено пред

Бриселската агенција ЕУ Обсервер објави внатрешен документ во кој се наведува дека Франција, Германија и Италија размислуваат за укинување на безвизниот режим за некои земји од регионот, но и за Молдавија, Грузија и Украина. Документот дојде еден ден пред турнејата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Западен Балкан.

Како причина се споменуваат нерегулираните барања за азил во овие земји. Според документот, Франција има најголем проблем со барањата за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека пак Германија се жали на барањата од Албанија и трите држави од Источното партнерство кои исто така бараат формално членство во Унијата.

Македонија во овој документ е спомената единствено од страна на Белгија, каде во текот на летото забележале зголем број на барања за азил.

На граѓаните на Македонија, Црна Гора и Србија им е дозволено да патуваат во ЕУ без виза до 90 дена од декември 2009 година, а на државјаните на Албанија и Босна и Херцеговина следната година.

Европската комисија смета дека патувањето без визи е значајно достигнување во односите ЕУ-Западен Балкан во рамките на својата политика „Источно партнерство“. Но, не се сите среќни. Според внатрешниот документ на ЕУ, Србија и Албанија се меѓу 10-те најпроблематични земји кога станува збор за почитување на безвизниот режим, поради што Германија смета дека Европската комисија треба да потсети дека започнувањето механизам за суспендирање на безвизниот режим е реална опција.

Според официјалните германски податоци за прекршување на законот за странци во 2020 година, Албанија е на второ место, Украина на петто, Србија на седмо, Молдавија на деветто и Грузија на десетто место. Повторното воведување визи бара повеќе од 50 проценти зголемување на нелегалниот престој или ниска стапка на прифаќање на барањата за азил. Холандија е првата и единствена членка на ЕУ која досега побара суспензија на безвизниот режим.

Нејзиното барање беше насочено против Албанија во 2019 година, но Европската комисија го одби.

Македонија

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

Објавено пред

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според информациите од Министерството за здравство, младата пациентка имала хронично заболување јувенилен Diabetes Melitus Tipe 1 и не била вакцинирана.

Тегобите кај пациентката биле девет дена пред да биде примена на Инфективната клиника во Скопје. Според лекарските извештаи, на 18.10, пациентката за првпат побарала лекарски преглед во болницата Битола, каде што била примена со ниска сатурација, отежнато дишење и болки во телото и мускулите.

Овие симптоми ги имала неколку дена пред да побара лекарска помош.

Поради сериозност на состојбата задржана е во болница и поставена на перманентна кислородна поддршка. За пациентката, поради тежината на состојбата, возраста и коморбидитетите, веднаш е организиран транспорт на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

На 19.10 пациентката со возило на итна помош е донесена на Клиниката во многу тешка состојба. Во тек на престојот дошло до прогресивно влошување на состојбата, а во текот на вчерашниот дена драматично се влошиле виталните параметри на пациентката, што довело до срцево белодробно попуштање.

„И покрај сите преземени дијагностички, тераписки и реанимациони мерки пациентката денеска во раните утрински часови почина“, велат од МЗ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Александар Ивановски-Теранова кажа дека нема докази за да потврди дека инвестирал во туѓи станови и плацови

Објавено пред

Обвинетиот Сашо Мијалков во случајот „Плацови на Водно“ го распрашуваше сведокот Александар Ивановски-Теранова околу деталите дадени во неговиот исказ. По речиси секое цитирање на исказот, Сашо Мијалков го интересираше дали сведокот има материјален доказ за контактите и средбите за кои тврди дека ги имал. Ивановски-Теранова негираше.

„Нели е нелогично преку тебе да се распрашувам за земјиште, туку за друг, како што кажуваш и ти, па не ја гледам причината зошто би прашувал, особено ако тој за кого ти кажуваш дека било наменето земјиштето имал секојдневен контакт со сите институции. Која е логиката?”, праша Мијалков, на што сведокот одговори: „А што ако тој што гледал ДУП-ови не сакал да се знае дека има плацови”, на што Мијалков му рече: „Ќе ја видиме таа логика понатаму затоа што не е така”. Судијата реагираше на коментарот, а Мијалков врати: „Ако, да се разбереме малку”.

„Дали ти Алек имаш доказ дека сум ти се јавил?”, праша Мијалков, на што Ивановски-Теранова одговори: „Немам доказ, тоа беше телефонски”.

„Треба ли да ги снимам разговорите, ако барате доказ, немам”, одговори Александар Ивановски-Теранова на уште едно прашање за тоа дали за исказот и разговорите кои ги споменува има материјални докази.

„Ти немаш вакво искуство, ти посакувам и да немаш. Постапката е таква да одговараш само на  тоа што прашувам”, рече Сашо Мијалков.

На ова реагираше обвинителката Лиле Стефанова, поради што судијата Илија Трпков ја предупреди дека не смее да се обраќа директно до Сашо Мијалков.

„Немојте да преговарате директно. Мене ќе ми се обратите па јас ќе направам ред во судница”, рече судијата Илија Трпков до Лиле Стефанова.

Александар Ивановски-Теранова кажа дека нема доказ со кој може да потврди дека инвестирал во туѓи станови и плацови.

„Ваш плац, ваши пари, ваши комуналии. Како да веруваме дека тие станови и плацови не се ваши?”, праша адвокатот Давидовиќ, а сведокот кажа: „Мој плац, мои комуналии, моја градба, а беше правена за Телеком. Ако одиме по вашата логика”, а адвокатот врати: „Ама сте зеле пари за тоа”.

Прикажи повеќе...

Македонија

30 и 31 октомври се денови на изборен молк

Објавено пред

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги известува дека изборната кампања за вториот круг од локалните избори трае до 24 часот на 29 октомври. Од 30 октомври заклучно со 19 часот на 31 октомври важат правилата за изборен молк.

За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Седумнаесетгодишна пациентка почина од коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби утрово од коронавирус почина 17-годишна пациентка од село Сопотиница, Демир Хисар. Според...

Македонија3 часа

Борисов: Гарантирам дека нема да преговараме со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде во Уставот

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов истакна дека нема да има преговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено...

Македонија3 часа

Арсовска: Срамно е што моето семејство станува цел на црната кампања

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство, реагира независната кандидатка за градоначалничка...

Македонија3 часа

(Видео) Петровска: И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта

СДСМ објави дека и сопругот на кандидатката за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, има бугарска лична карта....

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот на Град Скопје, рече Митева

Парламентарната опозиција во македонското собрание согласно бројот на освоени гласови на претстојните локални избори има апсолутно мнозинство во Советот на...

Македонија4 часа

Судење за „Плацови на Водно“ – сведок кажуваше како се купувале плацовите и становите на Груевски

Александар Ивановски-Теранова, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно”, посочуваше како биле купувани плацовите, но и становите на...

Забава6 часа

Пиштолот на Алек Болдвин испукал оловен проектил, вели шерифот

Револверот „колт“ со калибар 45, користен на сетот на филмот „’Рѓа“, не бил темелно проверен пред да му го дадат...

Македонија6 часа

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од локалните избори, што ќе се одржи в недела, на 31 октомври 2021...

Свет7 часа

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока...

Регион7 часа

Во Србија сè поголем број деца заразени со Ковид-19, на респиратор приклучени и бебиња

Уште 64 лица починаа од инфекција со коронавирус во Србија вчера. Истиот ден шест деца биле приклучени на респиратор и...

Европа8 часа

(Видео) Ураганот продолжува да ја уништува Сицилија, драматични сцени од поплави

Југот на Италија се подготвува за уште два дена разорни дождови и поплави, додека реткиот медитерански ураган наречен Медикен го...

Свет19 часа

(Видео) Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин – пронајден смртоносниот куршум

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби...

Македонија23 часа

Регистрирани нови 444 случаи на Ковид-19, починале осум луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.210 тестирања,...

Свет1 ден

Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

На сите шпански државјани што беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска, освен бугарско државјанство, има и бугарска лична карта, издадена во 2017 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска....

Македонија1 ден

(Видео) „Името го добив по дедо ми Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негира обвинувањата дека поседува...

Македонија1 ден

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти Република Северна Македонија се преместува од листата Д во листата Е, со што не...

Свет1 ден

Два процента од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група исклучително богати поединци може да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од нивното...

Регион1 ден

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас, изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија1 ден

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Досие