Македонија
Британската амбасада го одбележа платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, „Алкалоид“ дел од иницијативата „Засади дрво“

Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие „Национални шуми“ и бизнис-заедницата ќе помогне во засадувањето 13.000 садници за пошумување 5 хектари земјиште со внимателно избрани видови автохтони дрвја од овој регион, информира Амбасадата на Велика Британија преку соопштение.
„На почетокот на оваа година британската амбасада во Скопје поведе иницијатива ‘Засади дрво за јубилејот’ за да се одбележи 70. платинест јубилеј на нејзиното величество, кралицата Елизабета Втора. Беа поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании, да дадат свој придонес во збогатувањето на животната средина со засадување дрво и британската амбасада во Скопје ја почна иницијативата за засадување дрвја во Северна Македонија. Засадивме повеќе од 70 дрвја во дворот на Кабинетот на претседателот, во дворовите на училишта, градинките и во општините. Локалните бизнис-компании што ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување“, се вели во соопштението.
Амбасадорот Метју Лосон изјави: „Бизнис-заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП „Национални шуми“, како и на бизнис-заедницата од Северна Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Северна Македонија во кои најмногу е потребно. Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степен и приспособување на климатските влијанија. Би сакал да им се заблагодарам на „Алкалоид“, Kuehne Nagel, Шпаркасе банка, НЛБ банка, „Универзал груп“, Британската детска академија, „Квенбергер логистик“ и „Дени интернационал“ за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се што ми напрaви мене, сега ти го прават тебе“: му порачува Георгиевски на Груевски

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски во објава на социјалните мрежи му упати порака на неговиот поранешен сопартиец Никола Груевски, дека се што тој му правел нему, сега му се враќа.
„Порака до Груевски: Се што ми напрви мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни“, пишува Георгиевски.
Упатува пирака и до како што вели ВМРО-Шумадија.
„Порака до ВМРО-Шумадија: Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер, што единаесет години ви даваше власт“, вели Георгиевски .
„Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартијци кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27. Да и помогнете на Македонија на патот до Европа“, порачува поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Средба силна колку Горде“ – Мицкоски објави фотографија со Гордана Јанкулоска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“, напиша Мицкоски во описот на фотографијата.
Јанулоска издржува затворска казна во „Идризово“ за предметот „Тенк“, а во моментот го користи вториот дел од годишниот одмор.
Средбата се случува во момент кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, влезе во фејсбук-војна со експремиерот, Никола Груевски, кој своевремено важеше за близок со Јанкулоска.
Македонија
Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат 15 отсто, соопшти МОН

Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта продолжуваат да се зголемуваат. Како резултат на заложбата за создавање квалитетно образование, кое се темели на мотивирани наставници, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков, потпишаа спогодба која предвидува зголемување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15 % почнувајќи од овој септември.
„Чест ми е што токму во време на мојот мандат како министер за образование и наука во 2022 и 2023, практично во период од само една година, платите на наставниците се зголемени во три наврати, односно кумулативно над 35 %. Ова е само потврда дека навистина имаме намера да ги вратиме дигнитетот и достоинството на наставниците што го заслужуваат во општеството затоа што се најважната алка во воспитно-образовниот процес, од што зависи квалитетот на генерациите што се создаваат и без која ниту една реформа не може да успее“, рече Шаќири.
Задоволство изрази и претседателот на СОНК, Неделков, кој посочи дека само со мотивирани наставници може да градиме добра иднина за државата. Истакна дека како синдикат, ќе продолжат да се заложуваат за подобрување на правата и можностите на просветните работници и во иднина, а очекува набргу да се постигне согласност за измени во колективниот договор, со што уште повеќе ќе се стимулира работата на оние што директно ги пренесуваат знаењата на учениците.
Освен покачувањето на платите, во меѓувреме продолжуваат и континуираните обуки на наставниците како единствен начин постојано да јакнат нивните професионални компетенции отворајќи им можности за кариерен развој во звања ментор и советник. Во период од 3 години во звање ментор напредуваа 250 наставници од основните училишта, кои се носители на промените што се случуваат за поквалитетна настава, информираат од МОН.
Владата и Министерството за образование и наука потенцираат од ресорното министерство обезбедуваат системска поддршка за наставниците.
„Работиме на достоинствено вреднување на нивниот труд и посветеност. Тие се ценети и почитувани за важната работа што ја работат – вложувањето во воспитувањето и образованието на децата, кои се иднината на оваа држава“, истакнуваат од Министерството.