Контакт

Македонија

Бројот на заразени од коронавирус во Македонија надмина 10.000 случаи

Објавено пред

Бројот на заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Македонија изнесува 10.086 лица.

Бројката на оздравени пациенти е 5.427, а на починати е 460. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 4.199, од кои најмногу – 1.935 се од Скопје.

Во Штип има 380 заразени пациенти, Тетово е со 283 и Куманово со 282 активни случаи. Во Струга во моментов 206 лица се заразени со коронавирус, а во Гостивар активни се 223.

Над 100 заразени има во Дебар, Охрид и Свети Николе.

Досега во земјата се направени вкупно 95.169 тестирања за Ковид-19.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен.  Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Карпош, Сарај и Гази Баба

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Сарај и Гази Баба.

Во периодот од 6 до 9.30 часот корисниците од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броевите 70, 75, 77, 79, ресторанот „Интермецо“, „Карате клубот Работнички“, а и сервисите за миење возила на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов (општина Карпош), од 8.55 до 11 часот корисниците од с. Долно и Горно Свиларе, Рашче, Копаница, Бојане, дел од с. Кондово, Дворце, Радуша, Ораше, с. Грачани, Кучково, Вик. населбата Веле Поле, геолошки „Силекс“, караулата „Чашка“, „Техногас 2“ (општина Сарај и дел во соседните општини) и во периодот од 8 до 14.30 часот корисниците од улиците 6, 8 и 10, дел од улицата Антон Велковски (општина Гази Баба).

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски се сретна со градоначалникот на Боговиње и со претставници од селата Синичане и Урвич

Објавено пред

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, придружуван од министрите за внатрешни работи, Агим Нухиу, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, и за животна средина, Насер Нуредини, попладнево се сретна со градоначалникот на општината Боговиње, Албон Џемаили, и со претставници на месните заедници на селата Синичане и Урвич.

На состанокот е изразена заедничка согласност и определба за изнаоѓање ефикасни правни механизми за надминување на актуелната ситуација со водоснабдувањето на селото Синичане и за поддршка од Владата за трајно решавање на прашањето со водоснабдувањето во општината.

Констатирано е дека постигнатото разбирање меѓу претставниците на локалната самоуправа на Боговиње и на селата Синичане и Урвич отвора можност за решение коешто ќе биде во интерес на сите страни.

„Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика. Владата е определена да најде решение и за актуелниот проблем со пристапноста до питка вода на жителите од село Синичане и за изнаоѓање трајно решение за снабдувањето со вода на селата во општината Боговиње. Ќе ги разгледаме правните и законски можности за ефикасно дејствување и во отворен дијалог со засегнатите жители, каков што е денешниот состанок“, рече премиерот Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Северна Кореја – тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет20 минути

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по страотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет35 минути

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет14 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет14 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет15 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион15 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет17 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија20 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија20 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ20 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет21 час

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија22 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет23 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет1 ден

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија1 ден

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет1 ден

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија1 ден

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет1 ден

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Досие