Македонија
(Видео) Бубевски нема да се жали на казните за Мијлаков и Тачи за да не застари делото

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој ги гонеше Сашо Мијалков и Мендух Тачи во „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, посочи дека за да ја не одолжува постапката пред Апелација, што би донело застарување на делото за Мијалков, нема да поднесе жалба на пресудата. Тој е задоволен од казните што се изречени во Кривичниот суд, и тоа вторпат.
„Со оглед дека секоја жалбена постапка, кога има жалба од двете страни, веќе го обременува предметот. Од страна на Обвинителството во овој случај, јас не би поднел никаква жалба во однос на казната и мислам дека е во рамките на она што е предвидено со законот, а токму и тоа да се спречи одолжување на постапката за да може Апелација да одлучи во законски предвидениот рок“, рече Бубевски.
Обвинителството смета дека со чинот да не поднесе жалба, ќе го скрати рокот за одлучување во Апелација, а предметот би бил завршен до април – кога делото за Мијалков застарува.
„Ако тие поднесат, ќе има жалбена постапка, но кога едниот се жали, другата страна има одговор на жалбата, веќе се зголемуваат роковите, јас како оној што постапува по предметот и што учествуваше во постапката, сметам дека овие казни во ваква ситуација се доволни. Оптимално е тоа, Обвинителство нема да има никаков процесен акт за да може времето да го скрати“, додаде Бубевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.
Македонија
(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа.
„Штотуку излеговме од полициската станица во Кисела Вода, со советничката Ирена Витина каде што бевме повеќе од два часа. По првиот час нагло се промени расположението во полициската станица по што почнаа да се обидуваат да го прикријат овој настан со цел да го заштитат лицето кое што физички ме нападна“, рече Арсовска.
„Трагедијата е што добив прашања од нивна страна, што сум барала јас таму, зошто одам и шетам на терен. Ако ви е целта да не изглегувам на терен, веднаш ви кажувам нема да ме спречите. Лицата кои ми се закануваа пред шест дена јавно, таканаречените команданти на ОВК на коишто главна цел во животот е да шетаат по улици и да тепаат жени. Ова лице смислено ме нападна, прво физички, понатаму со закани од тоа дека ќе ми ликвидира семејство, дете, еден по еден. Се јавуваше по телефон, си разговараа со него лицата од МВР и му дозволија да сврти 20 телефонски повици. По цел час вербални напади врз луѓето кои беа таму, вклучително и останатите жени, инспекторките, советничката Витина, ги нарекуваше кучки и со какви не зборови, по три часа во болница да завршиме во полициската станица каде што сега се обидуваат да го заташкаат случајот со тоа што ми велат да не сум излегувала на терен и што воопшто сум барала таму.
Ќе пријавувате насилници сто пати, никој нема да реагира и на крај ќе ве утепаат. Затоа не сме држава. Затоа МВР функционира во одбрана на криминалци, МВР функционира да ги брани оние кои тепаат по улици, можеби се плашат од нив, ако се плашите, Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка, оди си, дај некој што е храбар, што има срце, душа нека оди таму да се справува со овие луѓе. Криминалци ли ќе ни ја водат државата. Треба ли да се плашиме да излеземе од дома. Не се срамите од ова што го правите?“, праша Арсовска.