Македонија
Бугарскиот парламент ја усвои декларацијата за Македонија и Албанија за ЕУ

Бугарскиот парламент денеска ја усвои декларацијата за поддршка на Северна Македонија и Албанија за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.
„За“ деклрацијата гласаа 129 пратеници, 4 беа против, а еден воздржан, јави „БГНЕС“.
Во текстот на декларацијата во која поставени се бројни услови, се нагласува дека Бугарија е посветена на проширувањето на ЕУ и Процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Република Албанија.
Започнувањето на преговорите не треба да се толкува како гаранција за членство во ЕУ, туку како поттик за забрзување на реформите, зајакнување на владеењето на правото и одржување на добрососедски односи, се вели во декларацијата.
Во документот е наведено дека бугарскиот парламент е против препишувањето и присвојувањето на историјата по 1944 година, што е меѓу столбовите на антибугарската идеолошка конструкција на југословенскиот тоталитаризам.
До властите во Македонија во декларацијата се посочени неколку точки, како услови на бугарската страна. Меѓу нив е спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година кое треба да се случи ефикасно, без одлагање и со добра волја. Понатаму, властите во земјава да се придржуваат до, како што е наведено во декларацијата, објективните, автентичните и историските извори засновани на докази за научно толкување на историските настани. Од македонските власти се бара „да се воздржат од дејствија што се однесуваат на обиди за поддршка и поттикнување на тврдења за признавање на т.н. ‘македонско малцинство’ во Бугарија, вклучително и во меѓународни организации како што е Советот на Европа и мултилатерални формати“.
„Строго да се придржуваат до клаузулата утврдена и ратификувана од страна на парламентите на двете земји во врска со официјалниот јазик на Република Северна Македонија; Целосно спроведување на договорите постигнати во рамките на Заедничкиот мултидисциплинарен експертски комитет за историски и образовни работи, рефлектирајќи ги во наставните планови и материјали што е можно поскоро; Запрете ги сите форми на „говор на омраза“ против Бугарија и граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, вклучително и во медиумите, натписите на спомениците, плакетите и многу повеќе. Да се помогне во потрагата, реставрацијата и зачувувањето на бугарските воени споменици и гробишта на територијата на Република Северна Македонија во духот на европските вредности“, е наведено во декларацијата што ја усвоија бугарските пратеници.
Од друга страна, од Албанија се бара навремено за го спроведе законот за малцинства. Понатаму, „да се гарантира во целост правото на бугарското национално малцинство да го изучува литературниот бугарски јазик како мајчин јазик во регионите што ги населуваат традиционално, како што се Голо Бардо, Гора, Преспа, Корча, Кукус, Елбасан, Поградец и на други места на територијата на Република Албанија, каде што живеат во моментот; Спроведување на попис на населението во согласност со највисоките европски стандарди“, се наведува во декларацијата.
Национално собрание на Република Бугарија ја повикува сегашната и секоја наредна влада и сите бугарски институции внимателно да го следат спроведувањето на условите на оваа декларација за време на преговорите со Република Северна Македонија и Република Албанија.
„Врз основа на ова и под овие услови, четириесет и четвртото Национално собрание на Република Бугарија го поддржува започнувањето на претпристапните преговори на ЕУ со Република Северна Македонија и Република Албанија“, се додава во декларацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во вторник повик за субвенции за чистење оџаци – аплицирајте онлајн

Градот Скопје во вторник (20.04.2021 година) ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицират онлајн.
Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.
Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2021 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2021 година или до реализирање на средствата во износ од 1 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година.
„ Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона. Познато е дека опасноста од запуштени и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена“ велат од градот.
Македонија
Утре без струја делови на Карпош, Сарај и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија информираат дека утре се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје и без електрична енергија ќе останат:
-од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Панче Пешев. (општина Карпош);
-од 09:45 до 14:00 часот, корисниците на дел од с.Семениште и с.Чајлане (општина Сарај).
-од 09:30 до 14:30 часот, корисниците на дел од ул.Ѓорче Петров згр.бр.48 и згр.бр.50, зградата на мебел Кристина ,поранешен објект на АРМ . (општина Ѓ.Петров)
Македонија
Оштетени штедачи: По чиј налог Билјана Ивановска се заканува на уставен судија?

Борбата за правда е испреплетена со многу опструкции, закани и притисоци. Но, тоа е разбирливо кога се работи за крупен криминал во којшто се вклучени разни страни, како од бизнисот, банкарството па се до високи државни структури. Заедничко за сите нив е што тие не бираат средства да дојдат до туѓи пари, велат од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.
Здружението на оштетени штедачи тоа најдобро го гледа со секој следен чекор, со секоја нова институционална битка за правда. Овојпат, на патот на правдата пред нас е уште една препрека. Имено, повторно, по втор пат, Уставниот Суд не донесе одлука по иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со којшто се дава предимство на Фондот за осигурување на депозити за целосна наплата на побарувањата пред сите други доверители. Ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да одлучува дали уставниот судија Дарко Костадиновски имал судир на интереси затоа што има релации со Коста Костовски, синот на Трифун Костовски, кој е главен акционер во Еуростандард банка. Иако се работи за апстрактен спор којшто се однесува за општи акти Устав и закон, а не за конкретни физички или правни лица, Уставниот суд побара од ДКСК да се произнесе иако ДКСК нема надлежност да одлучува по ова прашање. Одредбата во Законот за банки по којашто треба да се одлучува се однесува на сите граѓани. Ниту се однесува за Коста Костовски, ниту за Еуростандард банка, бидејќи тие не се предмет на постапката, ниту барале заштита на некое свое право како физичко или правно лице, ниту се подносители на иницијативата, ниту Законот за банки се однесува на нив. Тука нема никаков судир на интереси. Се работи за апстрактен спор меѓу Устав и закон, и во ваквиот спор може единствено и само да одлучува Уставниот Суд. Тој е единствен орган во државата којшто ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Но, и покрај ваквата поставеност на Уставниот Суд наспроти ДКСК, на телевизиско гостување на 16 април, претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, на ТВ АЛСАТ даде изјава дека постои судир на интереси во постапувањето на судијата кој бил во непосредна релација со Коста Костовски. Според нејзината јавна изјава, ДКСК сеуште не добила барање од Уставен Суд, но во врска со предметната иницијатива, судијата требало да побара изземање од постапување по истата.
Се прашуваме, по чиј налог Билјана Ивановска се заканува на уставен судија? Бидејќи, во услови кога нема официјално поднесено барање ниту од Уставниот суд, ниту од судијата, прво е недозволиво да се даваат изјави во јавност и второ, недопустливо е да се цени судир на интереси врз основа на новинарски текстови или мислења изнесени во јавните гласила. Тоа е сериозен престап преку којшто се прави однапред обид за прејудицирање на решението на ДКСК, без да се има во предвид барањето од Уставен Суд, како и доказите и аргументите во насока на произнесување по тоа барање. Без да знае за каков предмет и иницијатива се работи, претседателката Ивановска наложува на уставен судија како да постапува. Со кое право и врз основа на која надлежност!? Ова е класична злоупотреба на службена должност и овластување на претседателката Ивановска. Поради сето ова, Здружението ќе излезе на протест пред просториите на ДКСК во понеделник, 19 април, во 10 часот, на којшто ќе даде и детално образложение за случајот.
Меѓутоа, зошто сето ова се случува и кој всушност врши притисок врз уставниот судија? Дали е тоа само г-ѓа Билјана Ивановска или таа работи по нечиј налог? Нашиот сомнеж е насочен кон една уставна судијка која ја девалвира работата на Уставниот Суд како целина и ја прави предмет на потсмев институцијата која треба да биде врв на правната држава. Убедени сме дека пролонгирањето и одложувањето на одлучување на Уставниот Суд со измислување на судир на интереси и правење на опструкции за да не се гласа за предметната иницијатива е поради исходот од изјаснувањето на уставните судии на последната одржана јавна седница по оваа точка од дневниот ред. Сметаме дека тоа се причините поради коишто уставната судијка прави опструкции и притисоци преку измислици и смислено пролонгирање на изнесувањето на Уставниот Суд, овојпат користејќи го ДКСК како изговор.
Да бидеме јасни, се работи за уставна судијка која доскоро беше судија во Кривичниот Суд Скопје на која многу добро и е познато дека судската власт има изградено поинакви механизми за заштита од судир на интереси кои се содржани во сите процесни закони по кои постапуваат судовите. За тоа е предвиден институтот „изземање”. Но, изземањето во судовите не се спроведува преку постапка пред ДКСК“ се навевува во соопштението на оштетените штедачи.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш