Контакт

Македонија

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Објавено пред

Владо Бучковски

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, дали по потпишувањето на контроверзниот протокол за соработка меѓу македонската Влада и „Македонски телеком“ контактирал со тогашниот премиер Владо Бучковски, Мицковиќ рече дека не разговарале за истрагата со Бучковски. Но, поранешниот премиер Бучковски му рекол на Мицковиќ, кој тогаш бил претседател на Управниот одбор на „Македонски телеком“, дека случајот е политички монтиран.

„Тој ми кажа дека се работело за политички монтиран случај“, рече Мицковиќ и дополни дека од американските органи му било предочено дека за случајот не треба да разговара со никого освен со официјалните државни органи, но обвинителството во Македонија не го повикало како сведок.

Случајот доби нова димензија по сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоески пред Окружниот суд во Њујорк, кое беше објавено јавно и за првпат во јавноста беа посочени конкретни имиња. Богоески во сведочењето тврдеше дека мито од „Маѓар телеком“ зеле поранешниот премиер Владо Бучковски, како и функционерите од ДУИ – Али Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. Ахмети и Џафери, го тужеа Богоески за клевета и навреда и го добија случајот на суд, но Апелацискиот суд ја укина пресудата и судењето почна од почеток.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Пендаровски: Првпат во историјата на Советот за безбедност ќе се зборува за животната средина

Објавено пред

Стратегијата за одбрана ќе биде дополнета со посебен дел за мерки и активности за еколошка безбедност, а првпат во историјата на дневен ред на Советот за безбедност ќе биде заштитата на животната средина, изјави претседателот, Стево Пендаровски, на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“.

„Иако беше во завршна фаза, пред да ја потпишам ја вратив во процедура Стратегијата за одбрана за да ја дополниме со посебен дел за мерки и активности за еколошка безбедност. Исто така, на идната седница на Советот за безбедност којашто ќе се одржи во средината на декември, заштитата на животната средина ќе биде ставена, за првпат во историјата, како точка на дневниот ред, а на таа седница ќе бидат поканети да присуствуваат претставници на граѓанските организации кои ќе имаат можност директно со членовите на Советот да разговараат за оваа важна тема и да предложат мерки за поголема заштита на животната средина и справување со загадувањето“, рече Пендаровски.

Тој кажа дека ја поддржува заложбата на граѓанскиот сектор да имаме поголем државен буџет за заштита на животната средина со цел да се приближиме кон просекот на земјите-членки на ЕУ, како и дека го поддржува предлогот за создавање на национален фонд за заштита на животната средина.

„Минатата седмица се сретнав со претставници на десетина граѓански организации и иницијативи кои ми се обратија за преземање мерки за заштита на животната средина. Она што им го ветив ним, ќе го повторам и денес. Како претседател ќе сторам сè што е во моја надлежност, но и јавно ќе повикам на поголем ангажман на повеќе надележни сектори во нашето општество заради ублажување на негативните ефекти кои сите ние ги чувствуваме“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Објавено пред

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“.

„Франција ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО!“, напиша Шекеринска.

Откако сите земји членки на алијансата ќе го ратификуваат протоколот, тој ќе треба да се најде на ратификација пред Собранието, со што земјата ќе стане членка на НАТО.

Пред неколку денови генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека не очекува процесот на ратификација да заврши до почетокот на декември, но очекува процесот да биде завршен во почетокот на следната година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривична за тројца вработени во „Водостопанство“ поради злоупотреби со тендер

Објавено пред

СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица за злоупотреба на службената положба и фалсификување на службена исправа, тројцата вработени во „Водостопанството“.

„Ф.Ф., поранешен ВД директор на АД ‘Водостопанство’ Скопје, подружница Водостопанство ‘Кумановско-липковско Поле’, С.Ѓ., поранешна раководителка на одржување и С.Л., раководител на сектор за финансии и администрација во истото друштво,  во текот на 2015 година, без претходно донесена одлука од Одборот на корисници на вода, спровеле постапка за јавна набавка на резервни делови неопходни за одржување на Хидромелиоративен систем во вредност од 20.000 евра, за што Ф.Ф. донел одлука за јавна набавка за која обезбедиле средства во висина од 900.000 денари. Постапката за јавна набавка ја спровела С.Ѓ., како претседател на Комисијата за јавни набавки, иако немала сертификат за водење јавни набавки. Притоа, од избраниот најповолен понудувач во два наврати набавиле резервни делови во вкупен износ од 309.377 денари, кои со испратница биле доставени до Водостопанство ‘Кумановско-липковско Поле’, а кои воопшто не влегле во магацинот. С.Ѓ., како раководител на одржување на ХМС изготвила две приемници со невистинита содржина дека наводно резервните делови се примени во магацинот, а С.Л. ги прокнижил приемниците и изготвил две испратници со невистинита содржина. Иако немале вработено магационер, С.Ѓ. во графата внела лажен потпис, односно фалсификувала потпис на  еден вработен  во двете испратници, дека наводно ги задолжил овие резервни делови. На тој начин го оштетиле Водостопанство ‘Кумановско-липковско Поле’ во вкупен износ од 309.377 денари“, соопштија од полицијата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија2 часа

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија2 часа

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија2 часа

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет3 часа

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет3 часа

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија3 часа

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија16 часа

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски на самитот на ЕПП: Македонија припаѓа во ЕУ, барам од вас да ја ширите оваа порака

Македонија припаѓа во Европската Унија и затоа барам од вас да ја извршите својата улога во ширењето на оваа порака....

Македонија19 часа

Даул: Неотворањето на преговорите со Скопје и Тирана ја отвора вратата на други големи светски сили

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата...

Европа21 час

Путин: Moжеби уште некои земји размислуваат за излез од ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не е исклучено оти некои источноевропски земји можеби размислуваат да ја напуштат Европската...

Македонија23 часа

Судот не им додели времени пасоши на Камчев и Панделески

Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во предметот „Империја”,...

Македонија23 часа

Русковска со порака до судија од Апелација: „Од гаќи ќе ве истресам, ако вие сте ја пуштиле Катица“

По најавата на обвинителката Вилма Русковска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите од Апелација кои вчера донесоа одлука за...

Македонија24 часа

Горан Грујевски осуден на 1,5 година затвор

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ го осуди на казна затвор во траење од една и пол година ексначалникот на петтата управа, Горан...

Македонија1 ден

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија1 ден

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија1 ден

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука1 ден

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија1 ден

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа1 ден

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Досие