Контакт

Македонија

Ванхут за „Рекет“: Ако имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа треба да се осудат

Објавено пред

Белгискиот експерт Питер Ванхут, кој беше ангажиран во процесот на преговорите за договорот од Пржино, во врска со случајот на Јавното обвинителство, наречен „Рекет“, преку статус на „Фејсбук“ повикува дека доколку се утврди оти имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа треба да се осудат, но најпрвин да се запрат шпекулациите.

dobivaj vesti na viber

Според него, што и да се случило во канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, важно е да се запрат сите шпекулации и да им се дозволи на обвинителите да си ја вршат својата работа.

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: Зошто ова наеднаш излегува на површината? Кој стои зад тоа? Дали Катица Јанева допре до некои луѓе што веруваа дека се недопирливи и се над законот?

Како одговор на ова во чиј интерес е ова да се случува можев да обезбедам долга листа имиња, но тоа нема да ѝ помогне на земјата да тргне напред“, напиша Ванхут.

Тој оценува дека една работа е јасна, а тоа е дека политичарите повторно ја збркаа работата и наместо да гарантираат непристрасно и независно судство, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и заборавија, како што рече, на правилната имплентација на основните демократски принципи, како што е поделба на моќта и потребата од независно судство.

„Тоа докажува дека има уште многу пат да се изоди. Можам само да се надевам дека граѓанското општество повторно ќе се разбуди и ќе бара да бидат почитувани демократските вредности, дури и од страна на политичарите. И, најпосле, што и да се случи, истрагите со прислушуваните разговори мора да продолжат. Тоа е товар од минатото, но никој не треба да заборави што се случи и оние што беа вклучени во тоа, вклучувајќи го и Груевски, се соодветно судени и на крајот и осудени.

И ЕУ и Орбан треба да бидат свесни дека никој не може да ѝ даде азил на ваква личност и во исто време да бара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Затоа и ова треба да се исправи“!, вели Ванхут.

Македонија

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во Скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

dobivaj vesti na viber

„Имено, денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во Скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска од Кремс: Евроинтеграциите се движечка сила за Западниот Балкан

Објавено пред

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Кремс учествуваше на министерскиот состанок на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западен Балкан, на кој стана збор за европската перспектива на земјите од регионот, процес што е исклучително важен, особено во денешната безбедносна реалност на европскиот континент.

dobivaj vesti na viber

„Овие времиња на предизвици претставуваат и една уникатна можност за сите нас да ја засилиме безбедносната соработка и да го интензивираме меѓусебниот дијалог. Ова се времиња во кои мораме да бидеме посветени на брза и ефикасна евроинтеграција на целиот Западен Балкан“, рече министерката.

Регионот, потенцира министерката, припаѓа на Европа и на Европската Унија, а нашите земји, особено Северна Македонија, покажаа дека се посветени на европските принципи и вредности. Пристапниот процес мора да биде кредибилен зашто европската интеграција е најсилната мотивација за развој и е најдобрата идеја го поврзува регионот.

„Северна Македонија докажа дека активно придонесува кон развојот на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа особено имајќи ја предвид нашата култура на дијалог и нашата способност за изнаоѓање решенија и за тешки билатерални прашања. Одлуките што ги донесовме беа тешки, но тие дадоа надеж за целиот регион и поставија пример за тоа како може да се најдат решенија и за најсензитивните прашања на Балканот“, рече Петровска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

Објавено пред

Во недела на 25 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и мо-жат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет14 минути

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет30 минути

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...

Регион50 минути

Ескобар: Србија мора да ја почитува границата со Република Српска

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар даде целосна поддршка на евроатлантските интеграции на...

Економија3 часа

СДСМ: Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е...

Топ3 часа

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата. Во меѓувреме се појавија...

Македонија3 часа

Приватните превозници утрово на протест на „Илинденска“

Превозниците од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово повторно го блокираа сообраќајот во Скопје на десната лента на булеварот „Илинден“. Директорот...

Свет3 часа

Бајден и Макрон: Русија е одговорна за воените злосторства во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон ветија дека Русија ќе одговара за „широко документираните злосторства и воени...

Свет3 часа

Бајден: Не планирам да разговарам со Путин во скоро време

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека не планира наскоро да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но е подготвен да...

Свет3 часа

Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војната на Путин

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса нема да биде вовлечена во војната на Путин. “Руската...

Македонија20 часа

Дојави за бомби во осум училишта во Скопје

Попладнево, во полицијата било пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје им е упатена закана за поставена...

Македонија21 час

Град Скопје го раскина договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“

Договорот со здружението на приватните превозници „Слобода превоз“ денес е раскинат поради неисполнување на обврските што произлегуваат од договорот. „Во...

Економија21 час

Мицкоски: РЕК „Битола“ од вчера работи со еден блок на 75 отсто од инсталираниот капацитет

„Владата најавуваше дека ќе работат од 1 ноември до крајот на грејната сезона со трите блока во Битола, едниот блок...

Македонија21 час

Османи: Во фокусот на нашето претседавање ќе биде враќањето на мирот и стабилноста во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Лоѓ, денес оствари билатерална средба со...

Економија22 часа

Дизелот поевтинува, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа23 часа

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Брзината на интеграцијата во ЕУ зависи најмногу од нас

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, за жал, е дека некои од преземените реформи или не се одржливи на долг рок...

Свет1 ден

Лавров: Западот го осакати Советот на Европа не оставајќи му никакви шанси за закрепнување

Сергеј Лавров рече дека Западот го осакати Советот на Европа, без никакви шанси за закрепнување. „Западот го осакати Советот на...

Свет1 ден

Маск најави тестирање мозочен чип на луѓе, ќе почне за шест месеци

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип развиен од неговата компанија Neuralink да почнат...

Свет1 ден

Белата куќа објави нови пакет-санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нови пакет-санкции насочени кон Северна Кореја. Саливан изјави...