Контакт

Македонија

Варошлија: Одморот беше планиран од пролетта и секој сам си го плати

Објавено пред

Ексвработениот во „1ТВ“, Сергеј Варошлија, кој беше присутен и при апсењето на Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, на денешното рочиште раскажа дека ги видел осудениот Зоран Милески-Кичеец во придружба на Ана Камчева во седиштето на поранешната „1 ТВ“. Вторпат Камчева и Кичеец ги видел во домот на Јовановски кога се разминале додека тој заминувал, а тие доаѓале во Орман.

„Не носеа ништо“, рече Варошлија одговарајќи на прашање од адвокатот на Сашо Дуковски дали со нив имале ташна или несесер.

Тој во сведочењето напомена дека никогаш не ја видел поранешната специјална јавна обвинителка, а сега второобвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, во домот на Јовановски.

За денот на апсењето, Варошлија рече дека тој, новинарката Анета Кочишки и водителката Лила Филиповска требало да одат на одмор. Според него, одморот бил планиран од пролетта, што значи дека Јовановски не планирал да бега. Утрото, тие отишле во домот на Јовановски. Кога стигнале на границата, на пасошката контрола, Јовановски го тргнале настрана, нам ни кажаа дека можеме да си одиме, а тој да остане таму.

„Правеа претрес. Беа одземени мои работи, чевли, чанти. Мислеа дека сè што е брендирано е на Бојан. Одморот секој сам си го плати“, раскажа Варошлија.

Според сведочењето на Варошлија, осудениот Зоран Милески-Кичеец во кафуле ги честел за еден од своите родендени бидејќи требало да го слави во домот на бизнисменот Орце Камчев, кој го пријави случајот „Рекет“. Честењето било во кафуле бидејќи првоосомничениот Јовановски не сакал да оди таму.

Прва сведочеше Марија Јанковска, која е сопственичка на оптика и имала соработка, односно се познавала и патувала со обвинетиот. Таа рече дека се познавала со него и тоа многу ѝ помогнало бидејќи познанствата на Јовановски ѝ носеле нови клиенти. Таа пред судот рече дека со Јованвоски била и пет дена на одмор во Грција, но сè сама си платила.

„Сама си ги плаќав патувањата, освен кога сме патувале со автомобил“, рече Јанковска.

На прашањето од адвокатот Сашо Дуковски дали Јовановски добивал нешто при патувањата и средбите во странство, сведокот Јанковска рече дека се случувало модните брендови да им подарат на инфуленсерите нешто што треба да излезе следната сезона.

Македонија

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Објавено пред

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната расправа којашто требаше да се одржи денеска се одлага со оглед дека еден од обвинетите сè уште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат.

Согласно претходно утврдениот распоред, главната расправа ќе продолжи на 7.10.2020 година во 10:00 часот, информира Основен кривичен суд Скопје.

За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“, основана од Бојан Јовановски – Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица,
обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

Објавено пред

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата.

Башким Хасани е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, Назим Буши за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи, Димитар Ковачевски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии, Агим Нухиу за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда, а Илхан Рахман за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Фатмире Исаки е заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи, Зоран Маневски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија, Трајан Димковски e заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Илир Хасани – заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство, a Арафат Шабани заменик на министерката која раководи со Министерството за образование и наука.

Енвер Хусејин е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа, Седат Сулејмани за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура, Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и Христина Оџаклиеска за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На именувањето на заменик-министрите во Владата му претходеше обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев, во кое тој образложувајќи ја предлог-листата со 16 заменици-министри, изрази уверување дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на Република Северна Македонија, како и интересите на сите нејзини граѓани.

„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме успешни страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“, истакна премиерот Заев на собраниската седница, на која ја претстави листата на заменик-министри во Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со температура до 30 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 26 степени.

В петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а тогаш ќе почне да дува и умерен до засилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови. Под влијание на влажен бран в сабота ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали. В недела и понеделник ќе биде променливо облачно и ветровито со појава на локални врнежи од дожд.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа32 минути

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Европа1 час

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија2 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа3 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет3 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет13 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет14 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет17 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет17 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија17 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија19 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија19 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион19 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија20 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија20 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет21 час

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија21 час

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија22 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Досие