Контакт

Македонија

Вартоломеј повика на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство

Објавено пред

Вселенскиот патријарх Вартоломеј на литургија по повод чествувањето на празникот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава порачал дека постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ.

„Кога еден од нашите браќа се квалификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок“, порачал Вартоломеј.

Како што пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА, според Вартоломеј, Вселенската патријаршија никогаш не останувала настрана во ситуации што го нарушуваат нормалното функционирање на православната црква. Вселенскиот патријарх повикал на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство цитирајќи дел од посланието на апосотолот Павле до Коринтјаните: „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се радува еден орган, се радуваат сите“.

Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамките на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки со име Охридска архиепископија. На ова му претходеа писма упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква-Охридска архиепископија како рамноправна црква во православниот свет.

Македонија

Во Тетово фатени над 100 возила со непрописно затемнети стакла

Објавено пред

Вчера полицијата во Тетово спроведе локална сообраќајно-контролна акција, пришто биле откриени 114 возила со непрописно затемнети стакла, од кои на 106 возила возачите сами ги отстраниле фолиите.

„При контролата, исто така, откриени се пет возила со истечена регистрација, пет лица ги управувале возилата без положен возачки испит, двајца возачи користеле мобилен телефон додека управувале возило, шест возила биле непрописно паркирани и други видови прекршоци“, велат од МВР.

Сите прекршители законски сe санкционирани. во зависност од видот на констатираните прекршоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривична против ексдиректор на Државниот инспекторат за земјоделство

Објавено пред

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р. С. (55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Од МВР информираат дека пријавениот како директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во 2014, на узурпирани земјоделски катастарски парцели на подрачјето на селото Пепелиште, Неготинско, го потпишал известувањето жетвениот процес да биде извршен во три дена – 25, 26 и 27 јуни 2014 година, на површина од речиси 35 хектари.

По тоа, во ДОО „Агроинвест“ – Прилеп биле складирани вкупно 29.510 кг јачмен по што при проверките е констатирано дека жетвата не е спроведена во согласност со законските регулативи, односно во евиденциите на Инспекторатот не постоеле договори за жетва, договор за транспорт, договор за складирање и чување јачмен, податоци за ожнеана површина и количина на ожнеаната жетва.

„Пријавениот, не вршејќи должен надзор, не ги евидентирал количините јачмен и овозможил стекнување противправна имотна корист за други во износ од 700.000 денари, со што го оштетил Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Државен инспекторат за земјоделство Скопје“, информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата: Работата на функционерите е под лупа како никогаш досега

Објавено пред

Владата останува посветена на реформите во полето на борбата против корупција, a работата на функционерите e под лупа како никогаш досега, велат од Владата преку соопштение како одговор за индексот на перцепција на корупцијата.

„За бескомпромисна борба против корупцијата ги подигнавме отчетноста и транспарентноста на институциите на извршната власт, која треба да биде зајакната и со независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија.

Владата на Република Северна Македонија останува да се раководи од ставот дека отворените податоци се силен поттик и дополнително ги јакнат доброто управување, транспарентноста, интегритетот и со јавното учество на граѓаните и другите засегнати страни во креирањето на политиките.

Сите реформи што беа преземени и што се спроведуваат се во насока на создавање силни и независни институции и механизми за борба против корупцијата сѐ со цел да се врати довербата на граѓаните во институциите на системот.

Во таа насока имаме сериозни остварувања и резултати. Според последното истражување на Action SEE за транспарентност, отвореност и отчетност на извршната власт во регионот на Западен Балкан објавено минатата година, Владата на Република Северна Македонија, заедно со Црна Гора, се издвојува во регионот според индексот на отвореност, кој изнесува 78 отсто во однос на исполнување на индикаторите.

Трендот е растечки во последните две години и донесе пресврт во рангирањето на нашата земја ако се знае дека во 2016 година бевме на последното место со 52 отсто исполнети индикатори.

Донесовме законска регулатива, која на Државната комисија за спречување на корупцијата – од почнувањето со функционирање во новиот состав минатиот февруари, ѝ создаде солидно досие на поведени случаи, вклучително и поведени иницијативи за утврдување кривична одговорност за актуелни носители на јавни функции, како и поништени решенија за вработување.

На 17 јануари ДКСК ја донесе петгодишната национална стратегија за спречување корупција, чии цели се зголемување на нивото на политичка одговорност, спречување на политичкото влијание, јакнење на интегритетот и транспарентноста при вработување во јавниот сектор, кое треба да се базира на квалитет, јакнење на надзорните и контролните механизми и намалување на корупцијата во јавните набавки и доделувањето грантови.

Минатата година усвоена е стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2019-2021 година, со акциски план, за унапредување на амбиентот за транспарентност и доверба во работата на институциите.

Со порталот „Отворени финансии“ оваа Влада го отвора државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на јавноста ѝ ги става сите минати, сегашни и идни финансиски трансакции, на буџетските корисници од буџетот на Република Северна Македонија. Сите идни ќе се прикажуваат на секои 15 дена.

Првпат во политичката пракса во нашата земја Владата е таа што самоиницијативно го стави своето финансиско работење на најотворен и најтранспарентен начин.

Многу малку земји може да се пофалат дека имаат воведено ваква алатка, која им овозможува на граѓаните да имаат увид во приходната и расходната страна на буџетот во секое време.

Поттикнати од начелото за транспарентно и отчетно трошење на државните средства, односно на парите на граѓаните, порталот „Отворени финансии“ го отвора патот на граѓаните, експертските и граѓанските организации за транспарентен увид во трошењето на народните пари и отвора широка можност за сугестии и предлози за учество на граѓаните и за креирање подобри политики во менаџирањето на буџетот на граѓаните.

Отворањето на трезорот и сите податоци во него е една од најголемите мерки во насока на намалување на корупцијата и неправилностите во работењето на државните институции, како и штедење на парите на граѓаните.

Преку порталот „Отворени податоци“ го овозможивме максимално учеството на граѓаните при креирањето политики и при анализа на испорачаните резултати. Кусо кажано, преку порталот за отворени податоци ги качивме транспарентноста и отвореноста на институциите на едно повисоко ниво.

Пред две години првпат во политичката историја на Република Северна Македонија, Владата, самоиницијативно, на увид на граѓаните ја стави можноста да го следат и анализираат трошењето на средствата на граѓаните од страна на владините функционери.

Владата на Северна Македонија креира и спроведува политики што нѐ приближуваат кон отворени и транспарентни општества и на отворени ресурси достапни за сите. Бројките на отворени и затворени случаи, како и бројот на високи функционери чии имоти и начин на работа беа и се предмет на истражување на институциите (пред сѐ, на ДКСК), покажува дека правецот во кој се движи државата кога во прашање е борбата против корупцијата, е добар и среднорочно и долгорочно вродува со плод. Работата исто како и имотот на функционерите е под лупа како никогаш досега.

Владата на Северна Македонија останува посветена на реформите во полето на борбата против корупцијата и ќе продолжи со имплементација на механизмите кои овозможуваат правично функционирање на системот“, се наведува во владиното соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ2 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет3 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет5 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија5 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет5 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија5 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион6 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет6 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија18 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија23 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија23 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ24 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 ден

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија1 ден

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет1 ден

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Досие