Македонија
Вархеји: Вакцина за Западен Балкан кога ќе почне дистрибуцијата во ЕУ

Вицепремимерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, утрово учествуваше на состанокот со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на кој со колегите од регионот разменија информации за состојбата и подготвеноста за набавка на вакцините против Ковид-19, како и за плановите за реализација на вакцинација на приоритетните групи.
Еврокомесарот Вархеји информираше дека Европската комисија прави напори вакцините против Ковид-19 да пристигнат во земјите од Западниот Балкан паралелно со нивната дистрибуција во земјите членки на ЕУ. Тој укажа дека за специфичните потреби на секоја од земјите во регионот ќе биде обезбедена и соодветна финансиска поддршка од страна на Унијата.
„Во период кога набавувањето на вакцината претставува врвен приоритет, ваквата иницијатива на Европската Унија е од исклучителна важност. Фактот што овие вакцини ќе бидат првите кои Северна Македонија ќе ги има на располагање е јасен сигнал дека Западниот Балкан е неизоставен дел од политиките на солидарност на Унијата, во моментите кога тоа е најпотребно“, истакна Димитров.
Тој кажа дека активно се работи на Планот за вакцинација базиран на препораките на ЕУ којшто врз основа на повеќе критериуми ќе ги дефинира приоритетните групи.
„Се финализира анализата на приоритетните групи и се проценува бројот на пациенти кои ќе бидат првично вакцинирани. Овој план ќе биде споделен и со еврокомесарот Вархеји во наредните денови“, рече Димитров.
Вархеји на „Твитер“ објави дека се работи на тоа да се осигура дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат достапни за Западен Балкан на време, кога ќе започне дистрибуцијата во ЕУ.
Good coordination call with #WesternBalkans foreign&Europe ministers on latest in #COVID19 crisis. We are working to ensure that #COVID19 vaccines will be made available to the #WesternBalkans in a timely way, as they start to be deployed in the #EU. 1/2 pic.twitter.com/jpoVxLk3WE
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) December 18, 2020
Тој вели дека за таа цел се издвојуваат средства и се координираат активностите.
„Во пандемијата ние стоиме покрај Западен Балкан, чија иднина е во ЕУ“, рече Вархеји.
Тој додава дека ЕУ ќе им помогне на своите соседи, но и пошироко, заедно да ја победат пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот Кочани – Пониква утре ќе биде во прекин

Сообраќајот на регионалниот пат Кочани кон Спортско-рекреативниот центар „Пониква“ на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР утре ќе биде во прекин.
СВР Штип ги известува граѓаните дека сообраќајот ќе биде во периодот од 8 до 16 часот поради одржување вежба на припадниците на МВР.
СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
(Видео) Мицкоски по средбата со Орбан: Добивме недвосмислена поддршка од унгарските пријатели

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, е во Будимпешта на средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, и министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека добиле недвосмислена поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија.
„Утрото го почнавме со работен појадок кај министерот за надворешни работи, господинот Петер Сијарто, а денот го продолживме на еден работен состанок со претседателот на владата и големиот пријател на Македонија, господинот Виктор Орбан. Разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација во Македонија, ги пренесоа нивните искуства во справувањето со ковид-пандемијата, која иста така се чувствува и овде во Унгарија.
Истовремено, зборувавме за блокираниот пат на Македонија во рамките на Европската Унија и нашите домаќини го споделија своето искуство како течеа преговорите кога Унгарија практично стануваше членка на Европската Унија.
Од страна на домаќините уште еднаш беше реафирмирана недвосмислената поддршка за Македонија, за македонскиот народ, за граѓаните на Македонија и недвосмислената поддршка во евроинтегративниот процес да Македонија еден ден да биде членка на Европската Унија.
Да напоменам дека еврокомесарот за проширување, господинот Оливер Вархељи, потекнува токму од нашата сестринска партија Фидеш. Ги продолживме разговорите за внатрешните случувања во рамките на ЕНП (Европската народна партија), се согласивме и го поздравивме изборот на новиот претседател на нашата сестринска партија ЦДУ во Германија и очекуваме плодна заедничка работа помеѓу сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ – Фидеш и ЦДУ“, истакна Мицкоски.
Македонија
Пендаровски до Гир: Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е суштинска гаранција за стабилност на регионот

Претседателот Стево Пендаровски го прими шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата беа разменети мислења и информации за европските перспективи на Република Северна Македонија за можностите за почнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија и за текот на имплементацијата на реформите во насока на исполнување на европските стандарди.
„Целосната интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е суштинска гаранција за натамошен демократски развој, стабилност и просперитет на регионот. Ниедна земја членка на Унијата не смее преку поставување ирационални барања да ја доведува во прашање европската иднина на нашиот народ“, посочи на средбата претседателот Пендаровски додавајќи дека само преку дијалог и почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија и на меѓународното право може да се надминат билатерални разлики и предизвици.
Република Северна Македонија останува силно посветена на политиката на добрососедство и регионална соработка, истакна претседателот Пендаровски потенцирајќи дека почетокот на преговорите за членство ќе претставува дополнителен поттик за забрзување на реформите.
На средбата беа разменети мислења и за актуелните мерки и состојби во Европската Унија во насока на справување со пандемијата на Ковид-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност за солидарноста и поддршката од ЕУ за здравствениот сектор, како и за финансискиот пакет со цел справување со социо-економските последици од пандемијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира