Контакт

Македонија

Вебинар за влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем

Објавено пред

Денеска, во 12 часот, со одржување на првиот вебинар, ќе почне со реализација проектот на тема „Регионалните безбедносни предизвици и новите државни актери за време и по кризата од пандемијата“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, а во заедничка соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ од СР Германија како долгогодишни партнери во низа регионални проекти од сферата на безбедноста.

На првиот денешен вебинар на тема „Влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба“ ќе говорат министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Бекман, проф. д-р Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Татјана Дронзина, професор на Софискиот универзитет, и Стефан Сурлиќ од Факултетот за политички науки од Белград.

Проектот што почнува да се реализира има цел да понуди компаративна анализа на меките и тврдите мерки и други механизми, политиките и воопшто начинот на справување на овие земји од регионот со глобалната пандемија, да укаже на можностите и неопходноста од регионална соработка на полето на безбедноста и управувањето со кризи, како и да понуди анализа на геополитичките аспекти и дејствување во услови на глобална пандемија, информира проф. д-р Марјан Ѓуровски, кој е носител на регионалниот проект на Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденуаер“ од СР Германија. Покрај тоа, Ѓуровски нагласува дека предмет на анализа ќе биде заканата од хибридни закани, односно лажни вести во обид да се секуритизира прашањето, кое во моментот е само здравствено, со потенцијал да прерасне во безбедносната закана, која ќе има последици и врз економската безбедноста на секоја земја. Реализацијата на активностите од проектот се во насока на сензибилизирање на експертската јавност, како и носителите на одлуки од областа на безбедноста, при што ќе бидат опфатени искуства и препораки од три земји во регионот, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија.

Денес, почнува проектот кој предвидува онлајн-експертски сесии, по две во мај и јуни, ќе се заокружи со издавање публикација со препораки и заклучоци, изработена од страна на тројца експерти по безбедност од Северна Македонија, Србија и од Бугарија.

Македонија

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање на свадби и родендени

Објавено пред

Со одлука на Владата од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти, со задолжително почитување на Протоколите утврдени од страна на Комисијата за заразни болести.

Работното време е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки, односно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

Протоколот наведува дека е задолжително менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице.

На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци, а на една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна од страна на одговорно лице.

Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Протоколот утврдува дека е задолжително редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства.

Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза протоколот забранува организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки)

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите, се враќа слободното движење, а наскоро ќе се отворат и границите.

„Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот. Сега сме исправени пред два избора. Да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки“, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека анализите на епидемиолозите потврдија дека состојбата е стабилна, а досегашната стратегија даде резултат.

„Го заштитивме здравствениот систем и ја одржавме епидемијата под контрола. Ова беше предуслов да ги олабавиме рестриктивните мерки. Но, мерките за лична заштита остануваат да важат и мора целосно да се почитуваат. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот, одржување физичка дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете се мерки кои остануваат дел од нашето секојдневие. Со овие мерки ние продолжуваме понатаму и со нив ќе се заштитиме“, истакна министерот Филипче.

Филипче истакна дека вирусот нема да замине и со него ќе мора да научиме да живееме и тоа подолг временски период. Ова значи дека одговорноста на граѓаните е сега уште поголема.

„Недозволиво е оние кои ги почитуваат мерките да бидат во ризик од оние коишто тоа не го прават. Апелирам и до надлежните институции, сите прекршувања кои го загрозуваат јавното здравје мора да се санкционираат. Сакам на сите да им биде јасно, со заштита на сопственото здравје ги штитите сите околу вас, спасувате животи на вашите блиски, на вашите сограѓани и им помагате на здравствените работници. Ова е наша заедничка борба. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, посочи Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Враќањето на работа од 1. јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Објавено пред

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од 1. јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст.

Според одлуката на Владата, од 1. јуни годинава престануваат да важат заклучоците со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки. Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и слично.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање на свадби и родендени

Со одлука на Владата од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија16 минути

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија19 минути

Парична помош за оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до...

Регион48 минути

Кипар ќе ги плати трошоците за одмор на сите туристи кои ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе остане позитивен на коронавирус...

Македонија15 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа16 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа19 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион19 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија20 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија20 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија21 час

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија21 час

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија21 час

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија23 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет24 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет24 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Досие