Контакт

Македонија

Велковски обвинува за оркестриран напад: Се вршат притисоци врз вработени да не даваат податоци за откриените злоупотреби

Објавено пред

Оркестриран напад на вчерашните објави за сторен криминал од страна на раководни лица во центрите за социјална работа нема да нѐ поколеба јавноста да ја дознае вистината за тоа како се исплаќале социјална помош и социјални пензии, велат од кабинетот на техничкиот министер за труд и социјала, Ѓоко Велковски. Од него попладнево неколкумина директори на центри за социјална работа побараа извинување преку дописи до медиумите оти бил нарушен интегритетот на вработените.

„На прес-конференцијата во ниеден момент не се потенцира кои одговорни лица биле вмешани во овие злоупотреби, туку се посочуваа дека се вклучени повеќе лица за кои понатамошните постапки ќе ја утврдат одговорноста. Почитувани директори на центрите за социјална работа, доколку се докаже дека по откривањето на овој скандал направите макар еден прекин на социјална помош по основот што го наведовме, дали ќе ја преземете комплетната одговорност за злоупотреба на исплата на средства на лица што не исполнувале законски услови со месеци или години?“, велат од кабинетот на техничкиот министер за труд, Велковски.

Од таму нагласуваат со ваквата атака врз техничкиот министер на површина излегла грубата партизација во  Министерството од досегашните министри.

„Од вчера сме сведоци и на притисоци кон вработени и инспектори да не се доставуваат податоци за откриените злоупотреби. Директорите на центрите за социјална работа, кои се поставени од претходните министри на СДСМ, откривањето на противправни исплати на социјална помош го преставуваат како навреда кон вработените“, велат од кабинетот на техничкиот министер.

Неколкумина директори на центри за социјална работа попладнево испратија идентична реакција на изјавите на техничкиот министер.

„Навредите на еден министер кон сите вработени и повредата на достоинството на директорите е неприфатливо однесување за предводник што треба да влева доверба и сигурност кај граѓаните! Како директори јавно го искажуваме своето незадоволство од непромислените изјави на техничкиот министер Велковски на вчерашната прес-конференција. За еден професионалец да работи во социјална заштита, потребни се посветеност, толеранција и емпатија, чиста професионалност и информираност, а пред сѐ – знаење. Министер што не ги проверува информациите пред да ги каже во јавност, а притоа ги навредува сите вработени во институцијата во која моментно тој е на чело, е целосно неприфатливо. Бараме извинување за нарушување на интегритетот на нашите вработени, како директори го цениме трудот на вработените и никакви политички игри не смее да ја навредат нивната професионалност! Човек што не ги почитува вработените не можи да води едно од најголемите министерства во државата!“, стои во реакцијата што ја испраќаат директорите на центрите.

Ваква реакција во „Макфакс“ попладнево стигна од директорите на центрите во Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Пробиштип и Кавадарци. Содржината кај сите е иста.

Техничкиот министер Велковски вчера обвини за скандал со исплата на милионски суми социјална помош и социјална пензија на лица што не ги исполнувале условите за тоа.

Најново

Свет12 минути

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион23 минути

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека станува...

Македонија38 минути

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет41 минута

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет47 минути

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија55 минути

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија1 час

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...

Спорт2 часа

Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар. На еден од најдобрите...

Свет2 часа

(Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел во текот на...