Контакт

Македонија

(Видеоинтервју) Ентон Џон: Судиите во САД секоја година пријавуваат имот

Објавено пред

Довербата на јавноста во правосудството е клучна за функционирањето на демократијата, а судиите мора да бидат речиси перфектни во однесувањето. Ова во интервју за „Макфакс“ го изјави американскиот судија сениор Џон Ентон, кој е во посета на земјава. Тој во интервјуто говори за постапката за избор на судија во САД и за спречувањето политички влијанија во правосудството.

Судијата Џон изјави дека во сите судови каде што тој суди, судиите имаат обврска еднаш годишно да пријавуваат имот и недвижности и дека тој документ е огромен со голем број описи. „Мислам дека имаме висока одговорност, можеби повисока од кој било друг службеник во Владата“, рече Џон во интервјуто за „Макфакс“ и дополни дека хипотетички, кога тој бил вмешан во каков било тип на истрага, тој би побарал да биде повлечен.

Македонија

Сончево време со температура до 29 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, во попладневните часови oблачноста ќе се намалива и ќе преовладува ведро време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец, соопшти УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 13, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во наредните денови, времето во земјава ќе биде стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Од петок се очекува промена на временската состојба кај нас.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Објавено пред

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев одговорајќи на прашање од граѓани на денешната трибина во Куманово.

„Советник бил на Груевски, работел про боно, па не работел про боно, работел за пари, па и паралелено правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за други енергетски ресурси и од тука доааѓаат парите, 7-8 % од толку хидроцентрали се огромни пари“, истакна Заев.

Тој рече дека за сите сомневања треба да следуваат истраги а оние кои незаконски работеле да понесат одговорност.

„Правда за сите мора да има. И за хидроцентралите и за финансирањето на изборите и за незаконско работење сето тоа низ истрага транспарентно треба да се открие, ако има вклучени и од сегашната власт и тоа ќе се открие“, порача првиот човек на владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Младите од БЕСА сечеа лента со маски на функционери од ДУИ

Објавено пред

Со маски на функционерите од ДУИ и сечејќи црвена лента, младинскиот форум на Движењето БЕСА се фотографираше упатувајќи порака дека илјадници пати функсионерите на ДУИ ветиле изградба и пуштање во употреба на автопатот Скопје – Блаце, но до денес такво нешто не е реализирано.

„ДУИ е позната и како ‘субјект на црвена лента’, затоа што многу проектни ленти се исечени, но за жал не се завршени“, изјави денеска Семир Пајазити, член на младинскиот форум на Движењето БЕСА.

Тој додаде дека високите функционери на ДУИ честопати го посетувале ова место, лажејќи дека овој пат наскоро ќе биде во функција и ќе ги поврзе Република Северна Македонија и Република Косово.

 

„Нивните празни ветувања сега завршуваат, затоа што дури и нивните чести лаги се трошат. Ние сме тука иронично да ја пренесеме пораката за неуспесите на функционерите на ДУИ, да ги пресечеме лентите на нивните неуспеси и симболично да го отвориме овој пат кој сè уште не започна да се гради, со цел да се им овозможи на граѓаните слободно да се движат меѓу двете држави. Знаејќи дека конкуренцијата е голема за сечење на лентата, ги повикувам мирно да ја пресечат црвената лента и да го решат овој повеќегодишен проблем“, рече Пајазити.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија17 часа

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија17 часа

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Спорт19 часа

Македонија подготвена за полската „стапица“ (галерија)

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа официјалниот тренинг на „ПГА Народови арената“ во Варшава, каде што утре од 20.45 часот не...

Македонија20 часа

Соботка: Блокирањето на преговорите штети на кредибилтетот на ЕУ

Претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка истакана денеска, во пресрет на состанокот на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Белград, дека секој...

Македонија21 час

Европската народна партија повика на започнување разговори за пристапување на Северна Македонија и Албанија

Следната недела, земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ќе се соочат со стратешки избор во врска со започнувањето на пристапните преговори...

Регион21 час

Словенија го менува законот – невработените со надомест од 402 евра

Владата на Словенија предложи измени и дополнувања на Законот за пазарот на трудот, со што би се зголемила минималната бруто...

Македонија22 часа

Меркел ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која според уверувањата на дипломатите, е...

Бизарно23 часа

(Видео) Тепачка за ,,Патики на Исус“ со мирис на темјан кои чинат 3 000 долари

MSCHF, компанија со седиште во Бруклин, на пазарот пушти во продажба патики кои ги нарече Jesus shoes (Патиките на Исус),...

Топ23 часа

Над 160 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот...

Свет23 часа

Американскиот секретар за внатрешна безбедност поднесе оставка

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека вршителот на должноста секретар за внатрешна безбедност, Кевин Мекалинен (48) поднел оставка, а...

Свет23 часа

САД и Кина пред договор, се ближи крајот на трговската војна

САД и Кина се многу блиску до крај на трговската војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со кинескиот...

Култура23 часа

„Медена земја“ репризно в недела на „Киненова“

Програмата на фестивалот „Киненова“ продолжува до недела кога во 18 часот, поради голем интерес на публиката репризно ќе биде прикажан...

Спорт2 дена

Македонските фудбалери тренираа во Полска, Адеми е неизвесен за в недела

Македонските фудбалски репрезентативци вечерва го одржаа својот прв тренинг во Варшава, во пресрет на гостувањето кај Полска во мечот од...

Свет2 дена

(Видео) Пожари во Лос Анџелес – евакуирани речиси 100 000 лица

Околу 100.000 луѓе се евакуирани од своите домови во Лос Анџелес поради пожарите кои избувнаа во долината Сан Фернандо, соопштија...

Свет2 дена

Почина рускиот космонаут кој го направи првиот чекор во вселената

Почина рускиот космонат Алексеј Леонов, првиот човек што прошета во вселената на 85- годишна возраст, јавуваат агенциите. Во 1965 година,...

Европа2 дена

Европол: Запленета дрога вредна 85 милиони евра

Помеѓу 16 и 20 септември, Европол координираше обемна операција против трговци со дрога низ цела Европа, трговци со луѓе, криумчарење...

Македонија2 дена

(Видео) Интервју со Мицкоски: Може поседуваме, може не, снимки за „Рекет 2“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Макфакс“ рече дека ги продал уделите од седум проценти во хидроцентралите за...

Македонија2 дена

Фросина Ременски времено суспендирана од сите позиции во СДСМ

Фросина Ременски е суспендирана на сите позиции во СДСМ, поради обвинението во продолжената истрага од случајот „Рекет“, изјави денеска премиерот, Зоран...

Досие