Македонија
(Видео) Со колички ќе излеземе на протест ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост
Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“ на прес-конференција пред Министерството за труд и социјална политика порача дека лицата со попреченост ќе протестираат ако треба секој ден со колички доколку не се земат предвид нивните барања, пред сè подигање на висината на помошта што се издвојува од буџетот.
„Има пари за сите, само нема за лицата со хендикеп. Со 7.000 денари месечно, колку што предвидел предлагачот на законот, не може ниту половина од месечните трошоци да се покријат. Од друга страна, има спорен член во предлог-законот за социјална заштита, кој вели дека лице што користи надоместок за попреченост истовремено не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице. Сметаме дека овој закон е дискриминирачки иако Македонија е потписничка на конвенцијата на ОН за еднаков пристап на овие лица бидејќи не прави ништо за подобрување на условите за живеење“, рече Димитровска.
Димитровска рече дека власта нема слух за овие лица и дека инклузијата што ја предлага министерката Царовска е само на хартија.
„Во законот се предвидува инклузија, но притоа нема конкретни мерки со кои ќе спроведе таа и според нас, овој закон ни малку нема да ја подобри нашата ситуација. За каква инклузија зборуваме кога нема пристапност до институциите, односно инфраструктурата не е приспособена, па инвалидизираните лица, за да стигнат од една до друга релација, мора да одат со такси и со придружник. Не се ослободени од партиципација за здравствени услуги, не се ослободени од ДДВ, не се ослободени од ниту една комунална давачка. Затоа, бараме и апелираме да се чуе нашиот глас и да порачаме дека хендикепот не треба да се гледа кај поединецот, туку во општеството“, изјави Бранкица Димитровска од здружението „Хендикеп“.
Според податоците на здружението „Хендикеп“, има речиси 2.000 лица со попреченост што користат колички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука